На кој начин го спремате млекото кога не сте дома? Дали имате видено некаде шише каде што долниот дел се полни со вода и е како термос а горниот дел со АД, нешто слично како Цедевита шишињата?
Јас носам термос со топла вода во ранецот, имам од оние пластичните дозерки (за три дози е кај мене има мислам и за повеќе) и одма се спрема, ја ставаш водата, па тоа од пластичното (измерено ми е на пример мене за 90мл три дозерки), само го истураш прашакот во шишето. Истото и за навечер за припрема на млекото го користам, оти моево бебе писнува одма кога му се јаде и сите ќе ги разбуди ако топлам вода тогаш, а и да не направам утка полузаспана со дозерките, оти дење некогаш правам и помали/поголеми шишиња, па да не ставам помалку или повеќе прашак, вака ми е полесно. И одма е спремно шишето, за неполна минута. Најпрактично вака ми се покажало досега. А за првото ко почна да јаде поретко и кога сакав да излезам на едно кафе на пример, прекинав да молкнам термос со мене, само шишенце вода превриена носев и ко ќе седневме в кафич им велев да ми ја стоплат водата. Ама тоа накај година некаде кога наполни.
Нормално е бебе на адаптирано да има темно зелена столица, биди без гајле кај мене првите денови само второво какаше жолто пошто повеќе беше на мајчино отколку на ад, а и тогаш откривме дека е неточерантно на лактоза, јадеше и какаше течно на секое, првите две недели јас памперс не сменив помочкан, само какан и не знам како ги преживеавме, со грчеви и триста маки од лактозата, ама среќа на време педијатарот откри, сега е цело време темно зелено. И првото исто. А пробиотик јас давам дополнително, по совет на педијатарот оти не во секоја формула ад има пробиотик. Кај нас диастоп направија запек, сега е на био гаја и конечно спијаме рајат сите и нема грчеви и секој ден си кака без мака Кај бебе за загрижување е само ако забележиш нешто бело, црвено ило црно во столицата. Се друго е нормално.
Пробиотик давам од старт што се вика и јас биогаја и давав за грчеви, сега не давам за грчеви неколку дена да видам дали се смирени бидејќи така ми изгледа веќе сме 4м. На почетокот и е темно зелена скроз после другото накај жолто преминува, скраја да е друга боја нрмам забележано. Фала ти
Iskustvo so Holle kravjo 3ka? Vcera go kupiv za cudo ispi 60 ml,jadese musli so ad,sabajleto biskviti so ad
Какво млеко давате кога бебето има пролив? Син ми пие хипп комбиотик 2, има девет месеци и му излегуваат горните заби па предпоставувам на тоа се должи, ама морам да го ставам на диета. Предходно за ќерка ми кога имала ваков проблем давав едно хумана млеко специјално за дијареа, ама веќе го нема во продажба во мк.
Јас го користам Hölle 3 ама козјото. И го обожава. И приметувам има разлика во бојата споредено со други АД. Делува природно. Столица, меше се е ок во тој поглед. Давам 2 - 3 пати во 24 часа и 2 пати мое млеко. За кравјо не знам јас козјо земав по препорака.
Po kolku ml ad mleko pijat vasite bebenca 5+ nie nikako da se obrocime sekogas seckano no kako sto gledam vo 24h okolu 800 ml dali se dovolni neznam Bebe e 6500 kg
Ние сме 3 месеци за 5 дена јас и давам 750 и имаме 6400.најдобро 3 консултација со педијатар, ама мислам малку е колку сте родени
Вака по книга да, треба повеќе, ама кога не сака! книга е едно, пракса друго. Ај кажете чаре како повеќе да пие. И мојата не сака
Така е, во право си, тоа и јас ја советувам членката, иако јас го имам спротивниот проблем, односно бебе само сака да јаде. Во принцип, ако нормално накачува килажа и полни пелени, значи таман си јаде, колку и да е.
Фала за споделеното. Дел имам пробано, ама и другите методи ќе ги пробам. Е видиме на следно мерење цуцка дали турила некој грам.