Ако не се буди за млеко не го буди да му даваш во сон. И мојата беше така. Па сега во 4 скок се буди на секој саат. И јас се чудев зашто не се буди. Сите ненанспани мајкиба јас си спиев. Е сега е друга приказна. Препорака од педијатар.
Мами да прашам дали е ок мешање на две различни формули на млеко по едно лажиче од едното и едно од другото ад, ние сме на хип комбиотик ама некако одма после јадење бебето кака обилно и се мислам дека не му одговара млекото, сакам да сменам и двајца ортопеди ми рекоа може да смениш, но на почеток пола пола мешај со новото ад. Мене ми е страв да мешам различни формули па ми треба ваше искуство?
Никако мешање во едно шише. Постепено менувај, прво едно шише од новото ад, следен ден две, се додека не ги замениш сите од старото ад со новото.
Ова е препорака од педијатар или од искуство? Се чудев и јас на препоракава во ремедика и затоа тука прашувам зошто така кажале
Како пресметувате колку милилитри му се потребни. Јас според тежина. Тежината поделена со 0.7 помножено по 100
Од кога не се будите? Ние сме 3++ и навечер ги лигави прстињата, ја ставам на цицка во кревет и си цица. Ама ми спие по 12 до 14 саати...
После месец ипол од раѓање педијатарот ми рече дека веќе нема потреба, не се буди и не го будам за млеко, си врзува по 10-12 саати. И мене ми беше пречудно и како е можно, ама уживам дури трае.
Моите се 8 месеци и се будат на секој 3 или 4 часа за млеко. Едното ќе побара, јас на двете им давам, за да не станувам пак по 1 час.
Некако многу ми е 1о саати да не му дадам, јас макс еве ја спие 4 саати и ка и да е ќе почне да цуцка прсти..... Само и ставам млеко не ја будам
Мајки бебето ми е старо 4 недели, само на ад е, и и давам по 90 мл на 2 ипол часа, ама пак е гладна и плаче и неможе да заспие, вчера и дадов 120 и спиеше убаво, што мислите дали да давам по 120 или сеуште е мала?
Шѕом е гладна и подобро спие со повеќе млеко, јас би и' го давала последното млекце 120, ништо не се 30 мл плус во денот, а останатите во текот на денот по 90.
Луѓе ова моево бебе се расипа Има 2 и пол месеци скоро, само на ад е веќе еден месец пред тоа комбинирано. Не можевме да се донахраниме еден период уште е таков ја јаде количината шо треба, арно ама ме пукна на еден сат бара да јади и пие по 30-60 мл насекое. Не се донајадува. Ако направам 90 мл некогаш го пие некогаш го остава ама поретко го пие цело. Ако направам 120 мл обавезно го остава. А не можам да го оставам подолго без млеко оти вришти. Не знам што да направам, дали некој имал вакво искуство и шо можи да му биди вака што ми прави? :/ Не може ни да спие раат од шо не е донајаден. А не заспива туку го плука млекото ко ќе испие одредена количина, го ждригнувам и пак му давам да го допие не сака секогаш. Која количина вашите на пијат на оваа возраст и на колку време ви бараат млеко?
По препорака на матичен ќе го сменам млекото со друга фирма затоа што многу малку пие количински. Да видиме дали е до вкусот. Ќе пробам сега друго млеко и пример и тоа да не го сака и нормално ќе се вратам на првичното млеко. Има ли шанси и првото млеко да не ми го сака? Ем сакам да сменам ем ми е страв.
Јас веќе три дена како му давам два оброци по 120мл. Останатите се по 90. На околу 3ч го хранам. Дневно пие над 600 мл. Ако може да му е многу ќе се сликаме. Две недели како не ми е мерен. Не е дошол педијатарот да го види, тек наредна недела ќе дојде. Ваљда не го прејадувам Ама па си бара Еден месец е бебе
Мојата така на почеток беше ненаситна но педијатарот упорно ми викаше да не и давам повеќе од 90мл. И тоа 90мл ама со постепено зголемување. И јас не и давав иако бараше. Еве сега веќе 2 месеци мака мачам да пие. Не сака.