Оти и на кутијата пишува од 5та недела да се дава по 120 мл. Јас планирам кај и да е да почнам по 120 нон стоп да давам, ама да не му давам на 2 ипол ч денски, ами на три ипол. Али прво да видам шо ќе каже чичко доктор.
Ако е 600 мл готов оброк таман е. Ама рачунај дека 90 мл тие е 100 мл готов оброк, 120 мл е 130/135 готов оброк.
Кое млеко планираш да го купиш? Дали си пробала со малку ванила во млекото да ставиш? Има во продавниците за здрава храна во прав.
Ќе види педијатарот по колку грама накачува неделно. Запишувај си по колку ти пие во 24 часа. Шише кое го користите?
И мојата е еден месец и и давав 2 дена 2 оброци по 120 и се прејадување, повраќаше, неможам ред никако да и фатам, цело време бара да јаде, никако не издржува 3 саати, и 120 да и дадам она на 2 саати веќе неможе да издржи плаче и никако несака чај само млеко ја смирува, и со спиењето ми е тешка не спие...
И едно најискрено прашање како ви издржуваат по 3 саати да не пијат млеко, мојата нема шанси да чека толку, се уплакува се вознемирува и после неможам да ја заспијам од толку плачење
Јас не чекам никогаш 3 саати, ако бара почесто помалце му давам. И сфатив дека не секогаш плаче од глад. Скоро 4 месеци е и 1 оброк е најчесто 120мл.
Ми текнува на тебе ме советуваше за млекцето по колку да пие, тогаш многу бараше. Сега сме обратна приказна. Бебелан.
Пишувам. Од коа е роден, ден Не сум испуштила да запишам точно во колку ч јаде и колку. Авент и томи тими шишиња користам . Имам едно и на чико, пробав и во него да давам, нормално си пиеше и од тоа. Ама си велам да не му се многу три врсти на шишиња. Или нема врска тоа?
Давај му од едно шише најдобро, протокот на сите е различен. Томи типи со вентил што е користи го, а од авент само тоа што е со дупло дно. Исправено храни го и да јаде негде околу 15 мин. Чаеви, вода даваш?
Да, подисправен го хранам. Околу 20 мин трае хранењето. Томито ми се со вентили, а авентот ваљда е со дупло дно, стаклено е. Вода Не пие Чај му дадов само 2 пати прошлата недела во очај од грчевите. Фала богу веќе не се појавија грчевите, веројатно вршат работа капките. Ќе го дадам максимумот од себе да не му давам чајче веќе. Фала ти на советите. А да те прашам, Ти беше членката со близначиња?! Кај Поповиќ што успеа? Или грешка сум?
4 врсти на шишиња имам и нема никаква врска си пие бебе за мерак. Мора повише шишенца не ќе пуштам стелизатор само за едно шише.
Јас да прашам до кога се пие 1ца од Baby love? Бебе за два дена е 6 месеци дали да земам 2ка или да продолжам со 1ца? Читав на една група на фб Хрватска мислам беше дека препорачуваат 1ца до година.