И ние почнавме со бејбилав. Бевме на хипп но многу ми повраќаше па дадов од ова и супер ми го прифати. Од кецот имам залиха за до 6ти месец, е сега не знам од кец дали директно се иде на 2ка или како? Ако знае некоја мајка нека ме упати какво да купам за после 6м. Не цица моето, само на адд е.
^Мене двете ми се со ад. Користевме Aptamil Pre. Педијатарот ми кажа дека треба да се смени едно ниво погоре тогаш кога моменталното не ја заситува,и почнува да бара многу често. Во спротивно немало потреба од менување. Моето е уште на Aptamil 1 и тука застанавме. Нормално со одобрување од матичната.
После 6м продолжив да давам 2ка, не мора веднаш штом наполни 6м, туку кога ќе ти се доторши залихата. Постепено воведував ново бројче, првиот ден еден оброк само давав 2ка, другите 1. Следниот ден 2 оброка 2ка, останатите 1 и се така заменував плус еден додека не ги заменам сите. Така правев промена од 1 на 2 и од 2 на 3.
И јас читав дека нема потреба ако му одговара не бара често нема потреба од менување. Само кај нас педијатрите незнаат ни да ти кажат ни да ти објаснат.
Да те прашам и нешто друго. Јас вообичаено давам вода Бебелан. Но кај нас се случува да ја нема понекогаш и тогаш давам или Јана бебешка или таа грчката од Зегин . Проблем е ако се менува водата чат пат? Не ми се трупат и пакети со вода дома
^ Јас не знам од кога излезе воа демек не мора да се менува млекото ако го заситува бебето, па тие не се направени за џабе 1,2,3, 2та е многу по хранлива и со плус витамини што му се потребни на бебето во тој период над 6 месеци. @Bubce38 како што ти објасни членката така се воведува новото млеко, по еден оброк плус секој ден, не мора да е точно на 6 месеци туку кога ќе ги потрошиш залихите. Еве и за водата ти го видов мислењето, не мораш и толку скапа вода да купуваш, обична флаширана вода врши работа, јас користев Јана или Роса, и немаше проблем што ја менував, вода си е вода.
Роса ние што пиеме, или има бебешка? Срце ме боли што за вода давам толку пари Скоро две иљадарки за вода
Нека не ти е криво ... се за беба Туку јас си преварував вода и ја чекав да излади, па во термос. И уште така правам, не дека неможам да си дозволам вода, ете така навика ми остана и немам проблем така да и спремам млеко
Обична. И јас од почеток фрлав пари за бебелан, па среќа ме просветлија на форумов дека може со обична флаширана вода. Некогаш кога ми снемувало и обична вода од чешма ја превривав и ја оставав да се лади па и така му имам правено.
Ама јас и бебеланот го топлам па у термос ставам. Да не е грешка ова? Лелееее бебево ми порасна а јас уште "основни" работи прашувам
Роса обична. И јас така за првото се Бебелан хип на почетокот. За второво знам некогаш и чешмовача да дадам
Не ти е грешка ни така да правиш. Мајката секогаш ќе има прашања за своето дете, не си единствена, без грижа
Јас никако не пијам вода,ама мм се дави во вода, строго Роса И ако случајно снема Роса си зема од на бебето водата. И се фали оти ногу му била питка Готово Ќе купувам Роса веќе па нека пијат и двајцата Фала ви