И со свински сапун ќе се бања Не еуцерини веледи и не знам ти што. У живот не сум си купила толку скапа козметика ко за него што купувам
Мајки погоре сте разговарале за бејби лове млекото. Нема никаде единица, не само во дм во Ск, нема ни во поблискиве градови. Од дм во Штип добив информација дека еден месец ке немало единица. Ке земам двојка. Бебе е 9 месеци. Имам уште една кутија 1, ке мешам оброци додека да ја потрошам, и ке се префрлам на двојка. Несакав, ама тоа е, ми кажаа зимале по 15,20 млека.... Така беше со клексанот, сега со млеково, се крева паника и тоа е Има ли голема разлика? Прочитав мајка погоре бебе не го прифатило, што да се дава во тој случај аман после во 17ч ке испаднам да со го земам ( настрана ми тргнаа) зошто и двојка малку залихи имало
Во тој случај пробај со друго млеко, или тетрапак, секако е големо веќе бебето. Јас од 8ипол месеци почнав со тетрапак.
Тоа е без осет зимај па после ние ќе се мислиме сега. Ноќеска и сабајле го испи ама без мерак и со лигавење.
Ние уште на 6 месеци се префрливме на 2ка и одма го прифати...директ, без мешање...па ајде после на 3ка, е неа ја мешав со 2ка...дадов и чиста 3ка ама видов дека ми се буди многу со кенкање, претпоставив дека можеби му смета на мешето, па почнав да мешам 2ка и 3ка и си пие супер немаме гајле...
И ние на 6 месеци сменивме од 1 на 2ка и одма го прифати, нити мешав ни ништо Штом нема залихи многу да одам за земам за 1 месец да си имам
Ако имаш финансиска сила земи си. Млеко ќе има за брзо време. Само ќе биде доста поскспено. Слушнав дека 500ка ќе биде новата цена на кецот.
Аууу па 2ката над 500 ќе биде тогаш Дај боже да најдам ќе си земам за 2 месеци оти 9 ипол сме веќе па после година ќе видам што како ќе пиеме Фала ти
Zdravo mamicki, Dali nekoja koristi AD mleko NAN , nie sme 9 meseci I koristime Bebelan, megutoa sakam posle godina da smenam so NAN. Ako Moze da spodelite iskustva.
Мајки, бебе ми е на хипп АД, ама во последно време има темнозелена столица. Таман ми е при крај хипп, да ве прашам за совет и искуство, со кое АД да го сменам, да пробам?
Цело време дури бевме на ХИП бевме со зелена столица, освен едно време кога пиеше Хип комфорт му се смени на жолта...а после од Хип се префрливме одма на Бејби Лав без никаков проблем и му се смени столицата одма во жолта
1ца baby love нема да има некое време. 2ка има на залихи и денес добиле роба, нема потреба дигање паника и купување по 20 млека бидејки така снемува а некој купува млеко за млеко. И цената нема да биде покачена и за тоа да не се крева паника.
Ние сме на 2ка и 3ка па така немаме проблем...Види консултирај педијатар иако мислам сите си форсираат млека со кои соработуваат
Земав бебелан, а имам уште од хип. Треба некако постепено да ги мешам, давам едното па другото или директно да и давам бебелан?