Здраво, мајки. Син ми е 2 месеци и на почетокот кога се роди цицаше, но не можеше да фати убаво и плачеше, се нервираше градите ми ги направи со длабоки рани па продолживме со измолзување и плус 1 до 2 оброка АД. Е сега јас не знам дали е нормално тој да пие млеко по цел саат. Значи колку и да е гладен тој само првите 20-30 мл ги пие нормално потоа е со нишкање, со шетање по соба, со паузи. Ова ми се случува и со измолзеното млеко и со АД. Ако му го тргнам шишето плаче и веднаш бара пак а само што му го дадам се лигави и му тече млеко во врат. Да напоменам дека и кога го доев имавме сличен проблем. Користевме цуцла на нук сега сменив на Chicco, не гледам подобрување. Секој совет е добредојден.
Ние немаме таков проблем со пиење по саат време ама од шишето на томи типи и течеше така по врат. Сменивме на МАМ, веќе не и тече. Освен коа се лигави и не е многу гладна тогаш тече насекаде
Мојот цело време се лигави, колку и да е гладен, кажав на педијатарот само искоментира не треба така да е и толку не ми даде совет. А вака се мачиме и двајцата и јас и тој.
Здраво мајки, имам адаптирано млеко hipp organic combiotic 1 со рок 26.05.20230 го подарувам, доколку на некоја и треба нека ми пише порака. Го подарувам затоа што бебето си цица и немам потреба од него млекото не е отворено.
Да не му е голема цуцлата? Или да не му е многу млеко едноставно, а да сака да си шмука, мада со 20-30мл не верувам да се најаде. Пробај со лажливка. Пример мојава додека цицаше и ќе си седеше така на града, не оти цицаше, повеќе спиеше и и давав цуцла за да ја префрлам во креветче за спиење. Не знам колку млеко пие твоето, мојата пие многу малку, 4 месеци е а пие околу 100мл на оброк. После тие 100мл и на глава да застанам ќе плука, едноставно не сака.
Искрена да бидам бара лажливка за заспивање а ја шмука само ако му ја држам Ако не му ја држам му паѓа веднаш се буди со плачење. Циркус сме.
Мајки ве молам кажете ми дали е истото млеко Го користевме тоа со пробиотик а денес на маж ми од аптека му го дале ова другото Дали е сменета амбалажата или е различно млекото
Да, само амбалажата е сменета и ние го користиме истото. Споредете ги баркодите би требало да се исти.
Мајкички пробавѓе со сите млека и цуцли и флашички и шприцови и се не бива, последно ми е ова пре дали пошто сме 5 месеца може или да не го ми давам воопшто педијатарката не ми враќа?
Јас и давам пошто нема пре, ова ми има малку појак вкус ама мојава го прифати, иначе пиеме по едно шише за пред спиење ние сме 5++
Девојки дали во хипп комбиотик 1 од 800 грама има две паковки од по 400 грама или е едно од 800? Беба е на доење + АД, па оваа информација ми е важна
Колку оброци (млеко) им давате на 6 месеци? Досега бевме на бебелан 1, имаше 4 оброци млеко и еден оброк каша.
Кое АД има најмало паковање? Да појаснам. Сакам да и го ставам во каши на ќерка ми, на цицање е ама слабичка е, а нејќе да го пие. Е сега знам дека мора да се искористи за 3 нед кога ќе се отвори, а за во каши не можам кило АД за 3 нед да искористам, па да не фрлам само, ми треба некое што има помало паковање.