Не, не е правило. Следам една група на фб за адаптирано и таму советуваат да се тера со 1ца бидејќи е поблиску до мајчиното. Како растат бројките, се доближува до кравјото. Ептен ако веќе детето не го заситува, па да се премине на 2ка. Иначе, не.
Истото ќе го пишев. Најдобро е опција пре за тие што се на доење или 1, дабе најблиску по состав со мајчиното млеко. Не директ на 2.
Кога веќе го спомна ПРЕ, доколку префиксот е пред името на млекото на пр пре Нан, тоа е за предвремено родени бебиња, додека пак, ако е после името на млекото пр Нан пре, е за термински бебиња.
Дајте предлог која флаширана вода да ја купувам, до сега само бебелан или нера зимав ама сакам да почнам обична флаширана.
2 до 3 пати дохранувам со помала доза од препорачаната за нејзина возраст. Наутро, напладне (ретко) и пред спиење. Секако инсистирам на доење, прво празни гради па потоа АД доколку не и е доволно. Инаку бебе има месец и пол.
Дали го донесоа Baby Love млекото , број 1 , во ДМ ? Малата само тоа ми го прифаќа како дохрана , бидејќи и на доење сме исто , освен навечер .Од другите има доста грчеви и се буди ноќе повеќе . Да знаев дека така го снемува по цел месец, ќе си земев залихи ...
Женски колку отприлика му давате на бебе 6.5кг 4+++ на едно јадење формула? Ние до сега бевме на комбинирано и помалку пиеше (~60ml после подој) ама сега си преферира шишенце па доколку е скроз на формула колку би требало да пие И како ви е хранењето, на 3-4часа? што ако и измеѓу е гладен? И на собна температура од како ќе ја направам колку време можам да му ја давам? Фал ви ептен на одговорите
Тогаш давав 120мл на 2 или 2ипол саати. Не е важно на колку време, ако е гладно не треба да чекаш 3-4 саати, ќе.си видиш по бебето тоа. Или повеќе мл на поголем размак или помалку и почесто. Јас ако дадев повеќе од 120мл наеднаш ептен бљуцкаше и уште така му давам (6+ е). Така да битно во 24ч да си внесе колку што треба, друго не се замарај. На собна температура ако не е почнато со хранење може да стои 2ч, а ако е веќе пиено и се измешала плунката со млекото тогаш пола саат до саат макс и после фрлање. пиши ако те интересира уште нешто, моево е само на ад мислам докторирав околу ова
Јас би давала по 150 мл. на 4 час(или 900/950 мл. во 24 часа). Ако е гладен, тогаш би давала 120 на 3 часа. На собна температура може да стои 1 до 2 часа, ама да не е пиено од млекото.
Мојата е 5.5кг, пие 120мл. Некогаш и помалку. Јаде на 3-4 саати, ретко се дешава на 2.5 да побара. На собна температура направено а да не е пиено педијатарот ми кажа 1 саат максимум може да стои