Мајки не можам да го најдам документот што беше прикачен како да се воведе ад, во колку саат и во кој дел од денот. Треба да почнам со дохрана ама не знам кога и како?ж. Секој совет е добредојден
Си ме спасила со ванилата. Не знам зошто не пробав одма, те имав прочитано од претходно, па и на лекар го носевме детето. Топ здраво, кс одлична, а уста за млеко не отвара, сабајлево во 08 ни капка не се напи. Гладна од 4 ноќеска до 12 попладне (до пред неколку дена пиеше како да не видела млеко). Се бори, писка до заоѓање, не сака. Со ванилата го испи до капка, ми дојде душата на место. Немаше ни борби, ни затната уста, лакомо се најаде како што си јадеше.
Колкави сте мама? Вчера баш за ова го прашав педијатарот, по препорака од тука, ни рече не сум јас за тоа, мала е.
3мес и 2 недели. Ванила во прав, не знам зошто не би можело. Без шеќер, без ништо. Немав друг избор, почна да намалува во мл колку пие, прво по 30 оставаше, па почна по 50,70 и последните 2 пати, голтка не се напи. Ме фати паника, бевме на лекар се во ред, од некни цуцли менував, шишиња, ништо не помогна.
Може ли да споделите тие што давате Аптамил каква столица имаат бебињата? Моето секогаш кака зелено. Некаде како да прочитав но не сум сигурна дека од Аптамилот каката е зелена. Купив Холе да пробам и го давав во комбинација со Аптамилот и гледам каката се смени мешана е жолта со зелена. Дали сите бебиња на Аптамил имаат зелена кака?
Да, Аптамил Комфорт е. Значи точно е дека е до млекото. Со Аптамил 1 си кака нормално жолто? Да го сменам во 1 тогаш
Предвреме е родено. Прво беше на Пре потоа педијатарот ми рече да сменам во Комфорт. Уште малку ќе полни 3 месеци. Но од кога е на Комфорт каката му е зелена и викам да прашам искуства. Дали е нормално зелена кака. Незнам и јас зошто Комфорт и дали е време да премине на Аптамил 1. Следен преглед ни е тек за месец дена. Инаку до сега супер напредува.
Женски дали преку ден нудите вода или чајче и колку ( го земав тоа на холе без шеќер ) посебно сега бидејќи е многу жешко гледам дека често е гладен веројатно е жеден штознам
А да пробаш бебелан нај сладок вкус има, мојава исто страствен цицач само бебелан ми го прифати од прва,другиве нејкеше ни да ги помириса.