Ептен сме тука значи Мојата утре 4 месеци и точно 6.600 вчера мерена Лакома е и она само ми е страв да не претераме иначе јас би и давала нека си е сито детето ама.. .
Е и јас се плашам да не го направам гојазно, ама тоа е. Моето нема шанса да го излажам со 120 мл оброк. Пишав, околу 3 недели пие стриктно 150. Ти кога планираш да започнеш со воведување храна?
Нема да го направиш гојазно и да пие малку повеќе од препорачаното. Ставајте ги само повеќе на земја и на стомак и нека троши енергија, нека игра со играчките.
Вие сте супер со 150 мл мојот на 4 месеци пиеше по 180. Гладен беше му давав. Дохрана ма 5 месеци почнав на 4 месеци е премало и што ќе го најаде и така по 3 лажички ќе пробува. Мојот е крупен ама нее гојазен. Првиот беше покрупен ама затоа сега е шпагета. Давај му колку дака по табели не се води.
Рачунајте вода+прашок. 120 вода, е 135 цел оброк со прашок. Не ждригнувам и мојата веќе. 4 месеци за една недела ќе полни.
Затоа мојот на 3ч ми бара млеко. Малку му е изгледа 150че. Ама па ноќеска си спие по 8-9 часа. И коа да видиш исто пие и моето ко твојот батко на таа возраст.
Јас те разбрав дека ноќеска станувал на 4 или 6 часа. Јас па се мислев да не е многу оти ми спие по 9ч без јадење. Некогаш и 10 ч спие, ако сме шетале многу тој ден. Маж викаше сме го буделе. -Ќе го будам ако и ти станеш да јадеш у 3 ноќта А златно си имам натемпирано со мене да се буди. Околу 06 наутро, идеално
Леле блазе си Ви Мојот се буди на 2,5-3 часа и дење и ноќе за јадење. Максимум сврзал 4часа Пие по 120 и тие не ги допива и несака повеќе. Му правам и повеќе ама џабе. Ќе испие 100-110 и толку ја плука цуцлата. Иначе денес полни 3месеци П.С. Пред спиење навечер колку време Ви се будни бебињата? @monik55
И кај нас е така скоро сме 8м а пие едвај 120, обично надабајле го пија цело, навечер борба водиме за пиење плус сме салам настинати..
Моето е 6+++ и уште пие по 120 или 150мл, сум пробала повеќе ама повраќа многу отпосле. А мислам дека црево со ад ако закачам на шишето нема да му биде проблем да пие, ептен е лаком Се буди само еднаш ноќе (заспива во 9ипол, се буди накај 4 и му давам млеко за да презаспие) ама тоа последниве 2 месеца почна, од регресијата навака. Претходно по 100че или 120 пиеше и не се будеше воопшто до 8-9 саат. Поентата ми е дека не се будат толку од глад туку од навика и сепак се бебиња, не им е исто спиењето како кај возрасни. Ако испие поголема количина пред спиење, не гарантира небудење.
И моето пие 100ка навечер, после цицање, исто и околу 11 саат 100ка. Навечер легнува во 8, станува во 2 да цица, после пак станува кога како 5,6,7 да цица и некогаш презаспива, некогаш не. Вчера само спиеше подолго, ама јас го будев кога беше помал, сега го оставам он сам да се разбуди, цица и пак го заспивам. Моето откритие за заспивање е нова цуцла на Софи од каучук, со неа си заспива па му ја вадам после 15 мин. За сега е супер.
По колку ми се пијат вашите бебиња на месец и една недела? Ние сме 5 недели и 2 дена. Пиев по 90мл на 3h но некогаш бара и порано не знам да не му е малку 90мл
И колку време може да стои направено ад? Користам нан комфортис 1 никаде не пишува колку време може да стои