Јас од веро џамбо земав претходна недела Пиши им на фб ќе ти кажат локации кај го има Мене пред 1 недела ми вратија ова Драга наша, моментално од ова млеко имаме во ГТЦ, Сити Мол, Веро Центар, Бит Пазар, Тафталиџе, Расадник, Куманово, Штип и Flatiron. Убав ден
Мајки , сакам де преминам од Hipp Combiotic на Aptamil како да постапам правилно при воведување на ново ад?
Некоја членка на форумот ја имаше прикачено оваа слика. Јас не се водев целосно по ова ама сменив од хип на бебелан без да примети, дури и бебеланот повеќе и се свиѓаше и затоа побрзо се привикна
И јас дирекно направив промена од бебелан на бејбилав. Одма го прифати без никакви проблеми. Дури и грчевите се изгубија..
Здраво мами... Значи малово ми е 5++, а 3 месеци се мислам дали да му сменам млеко, ама мислам дека морам да се решам. Од раѓање сме на Бебелан. Од прв ден ми кака на 3-4дена(зелена кака) и многу ми бљуцка. Некогаш и во млазови (ако тоа се смета за млаз). И после 2часа од пиење млекце знае да ми поврати како урда. Можеби се работи и за рефлукс. Морам да напоменам дека тоа се случува само преку ден кога е активен многу, кога се напнува. На спиење никогаш не се случило, а спиеме на рамно без перница. Одлично напредува. Роден 3520гр, на 5++ е околу 9кг (треба да се мериме деновиве). На сето ова последниов месец ипол ни е борба за пиење млеко, пие лакомо додека се засити и после толку, бута шише, станува... Инаку "пиеме" по 120мл на 3часа, ама не ги пиеме секогаш цели. Со вкусови почнавме пред 2 недели. Е сега сакам од вас да слушнам искуства дали да менувам млеко да пробам и од кое млеко сте задоволни? И дали да земам 1ца формула или да причекам после 6м да земам 2ка?
Со оглед на ова што си го напишала, дефинитивно мораш да смениш млеко, ама консултирај се и за килажата со педијатар 9 кг за таа возраст некако како многу, треба да се дуплира а не тродуплира и веројатно влуцкањето може да е од прејадување. Гледам по 120 пие, ама на 3 часа..... Да не е многу? Јас веќе на на таа возраст почнав да давам на 4 до 5 часа.
Да, те сваќам ама не ги пиеме цели 120мл, јас су правам и си фрлам. Претежно по 90мл пие. А за килажата не ме загрижува, не е дебелко бебе, гени се во прашање, сопругот е 2м и малово ми е на него. Иначе на почетокот брзо напредуваше и повеќе, сега малку стагнира. Ми рекоа дека е нормално, секое дете различно напредува
Здраво, не знам дали е соодветна темата за прашањево... Бебето ми е 9++, само на доење е во однос на примање млеко (веќе има и 3 оброка цврста храна), а сакам да почнам да го ,,спремам" за одвикнување, планирам до 1 година да го дојам, од септември да тргне во градинка... Е сега, ми советуваат да почнам да му давам и АД, да не е само на мајчино, за да се навикнува да пие (не знае баш од шише, вода пие од чаша). Прашањето ми е: кога да му давам АД, по колку милилитри и од кој вид АД да купам? Навистина сум неупатена во врска со овој вид дохрана, ве молам за совети.
Не повеќе од 800-850мл. Никогаш нема испиено повеќе од 120мл на оброк. Сум пробала и на 4 часа ама ретко издржува.
Сум пробала ама ретко издржува 4 часа. Инаку за бљуцкањето немало некоја разлика, ама повторно ќе пробам баш на тоа да обрнам внимание
Таман си е, и не е многу на 3ч по 120, јас пробував помалце и почесто па тоа упали да престане да бљуцка толку многу ама скроз не е исчезнато. Педијатаров ми викаше нормално е, кога ќе почнете со цели оброци ќе престане. И стварно еве сега скоро и да го нема. Пробувај различно па ако не бива, смени го млекото, нема зошто да се плашиш (само знај дека ќе му треба време да се навикне)
Кај мене првата ќерка исто не знаеше од шише да пие додека цицаше и не ни научи, директно почна од оние со клунче што се чаши/шишиња, цицаше до 15 месеци, и од кога појдов јас на работа, нејзини 9 месеци, издржуваше без млеко додека се вратев од работа, за тоа време имаше оброк и ужина. Сега малово од 5 месеци го оставив се вратив порано на работа. Пробав неколку видови ад ама сите ги плукаше, па на крај кога можев на пауза си доаѓав за да цица, кога не и даваа разредено кравјо и супер поминавме, сега веќе си издржува и таа без млеко додека се вратам од работа. Поентата ми е дека секое бебе е различно, џабе планираме предвреме, сами си се средуваат работите. Ако решиш може и преку ноќ да го одбиеш и ќе најдеш чаре, а може и вака да планираш до година да цица па да испадне до 2 години времето ќе си покаже, преку ноќ менуваат и се адаптираат бебињата. А ако го пуштиш во градинка ќе мора да фати шише или чаша со цефче наједноставно. Ќе протестира ден два и гарант ќе попушти, ќерка ми кога тргна во градинка беше најголем нејадач не појадуваше таму не било убаво јадењето, ама затоа за ручек по 2 чинии јадеше и сега "си легна на брашното" На годинка веќе ќе си јаде скоро се и ќе немате гајле