Дали може тоа што се префрливме на хип комбиотик 2ката да има проблеми со стомачето? Кака после секое јадење, мноогу повеќе од претходно, сигурно низ цел ден се окулу 6-7 какани пелени од кои се цврсти бидејќи сме почнати со каши, и се буни на стомаче кога ќе е преку ден на под...
Леле и сега? Да го вратам на 1 е подобро или да продолжиме? Таман се смири од скоковиве деновиве од ова си плаче...
Не е страшно, ќе помине не се секирај. Јас не менував на 2ка пошто сметав дека нема потреба ама за секој случај му направив крвна слика пред пола месец (7+++ е) и покажа ептен ниско железо и одма на 2ка сменив (2ката има железо во составот), така да мислам не е погрешно. Ќе видиш по бебе, ќе се нормализира за некој ден. Плус и чим сте почнати со каши и тоа си влијае.
Што е разликата помеѓу комфорт и обично ад? Моето бебе уште повраќа земав Нан, и пак исто, од мајчино не повраќа од ад млаз. Ми кажаа да продолжам да давам секој ден по 30мл за да се навикне.
Како го приготвувате ад млеко? Се раствора во потопла вода па после се оладува за пиење? Како да знам дека не е премногу топло/ладно за пиење?
Јас го проверувам на внатрешната страна од зглобот на раката, ако скоро и да не го осеќам капнатото, ни е потопло ни поладно тогаш е добро за пиење.
Мама, комфорт е за грчеви и опстипација, треба да се консултирате со педијатар. Ако имате проблем со повраќање пробувајте млекца, да најдете кое му одговара. Со лесно
Првото на 4.5 месеци, бидејќи 1л млеко му беше малку во текот на 24часа. Второто сега почнува на 7месеци/корегирани 4.5. Матичниот смета дека е спремно да почне со вкусови.
Може не е прашањево соодветно за тука ама може ќе добијам одговор Користиме ад хипп и толку амбалажата ми е непрактична зошто онака е во кеса па насекое треба одлепи залепи,а ако е отворена во кутијата како да ми се згрудува па да прашам дали има некој друг како мене,хаха и дали има некои кутии,лименки соодветни за чување на ад,па да си го претурам таму
Твистшејк производи има во еурофарм. Иначе ја вака имам направено, кутија од тинекс и цела ќеса ја ставам внатре.
Јас во метална кутија од маги, ставам кесе мало и го истурам млекото внатре До сега се нема навлажнето или нешто сл. Кога го потрошам менувам кесе и ново млеко ставам
Би ти препорачала да го користиш ќесето од самото ад, најбезбедно е, обично ќесе не е BPA free. Освен ако не збориш за обично, тогаш моја грешка.
Ако беше прашањето за мене, купено од Гостивар од Вижн центар. Има добар вакум и го чувам на темно место.