Се извинувам што ви укажам во муабет, но каква е таа ванила, дали само во биокосмос ја има и дали во секое пиење се става? И од колку месеци може да им се става?
Јас од почеток користам Хип комбиотик тие немаат кутии во кеси се, ги затварам со овие од страна од базаро ги купив
Јас тогаш во паника не знаев од каде, па Биокосмос ми падна прво на памет и од таму зедов. Иначе сега видов дека во Бако продавниците има стапчиња ванила, па може и од нив, што е и многу поевтина опција. Мојата беше не се сеќавам точно колку, 4 или 5 мес кога дадов. Колкави се твоите?
Mamicki mlekoto Babylove1 za novorodence kako go koristite edna lazicka na kolku ml odi? Ne mi se cita ubavo na kutijata seuste ne sum porodena samo me interesira?
Женски ајде малку помош. Малата откако дојдовме дома си пие како дохрана Аптамил 1 плус ја дојам, но само од една града, поради апцес на другата. Е сега, дали дохраната и беше мала, слабо напредуваше, па зголемивме на 60 мл, меѓутоа, на последната контрола повторно слабо напреднала. За едномесечно бебе колку дохрана давате? Можно е Аптамилот да не и е погоден? Се мислам исто помеѓу Аптамил комфорт, бидејќи има доста грчеви и Бебелан. А од друга страна не знам колку е паметно да и' сменам, досега полнеше пелени, овие два дена има некој запек, но претпоставувам дека е од антибиотикот кој јас го пијам.
Мама, многу малку е 60мл, пробај 90мл дали ќе и биде доволно. Еве оваа табела ја има на Хипп позади од прилика да се ориентираш. За запек нас ни помогна пробиотик Провен, Ваја и Диастоп ни правеа запек.
И јас гледам според листата на Аптамилот, треба 90 мл, ама сепак, адаптираното го давам како дохрана, бидејќи и цица, отприлика по 40 мл мање-више, кога ми мереа подој. Сега вклучив и Бекутан антиколик, па ќе видам дали има подобрување. Мене ова со какањето ме збуни, досега си имаше по 5-6 златни столици во ден. Ретко некогаш беа со зелена нијанса.
Здраво, моите близначки имаат денес 17дена, 10 дена им давав Аптамил прематур, па бевме на педијатар, напреднаа двете по 230гр и педијатарот ни смени Аптамил 1. Веќе 4 дена им давам ама имаат многу грчеви, не какаат редовно, дури по еднаш на ден само какаат, се грчат многу… им давам биогаја пробиотик и капки за грчеви еспимисан Л, но нема нешто многу подобрување… инаку од ова млеко јадат од 60-90мл и се будат на 2-3часа. Мајчино немам, им давав по 60мл еден ден на едната другиот ден на другата ама веќе занемувам скроз…. Дали е нормално што какаат толку малку? И што да превземам во врска со млекото дали да го сменам и грчевите?
Не е лошо што какаат еднаш на ден, а за грчевите пробај смени ги капките со Колиеф или Колипрев, нас Еспумисан не ни делуваа воопшто. П.С. Има мислам Аптамил млеко Анти Колик можда можеш и со тоа да пробаш
Им треба време малку да се навикнат на новото млеко. Јас попрво би го сменила пробиотикот. Мојата со биогаја со плачење какаше на 4-5 дена, ваја се покажа како подобар пробиотик
Отприлика колку мл пијат вашите бебиња на окулу 9месеци? Си викам да не му е малце, имаме три оброци, и 3 млека од по 150мл. Вака ок си е, не ми се чини гладен ама си викам да не треба повеќе млеко да му давам..
Околу 650-700мл во 24ч исто со 3 оброци Ама ти рачунај 150 плус прав, тоа е 170мл, значи 510мл во 24ч
Мајки, моментално сме на Хип органик комбиотик, задоволни сме но крвната слика е многу слаба. Педијатар препорача да пробаме со Аптамил, кој да го земам за 2 месечно бебе ?