Ја знам формулава , ама според неа моето треба да пие 1.2л. И да ги одземам двата оброка од по +-150 гр , иде да пие 900 мл или 6 пати ад по 150 мл. А тоа е многу нели? Со оглед дека спие по 10 часа ноќеска не ни има време толку да пие. Сакав да прочитам по колку ви пиајт бебињата после 6тиот месец
Моето во тој период пиело 700-800мл плус 2 оброка. Пиело млеко 5 пати во денот, од кои сеуште едно млеко во текот на ноќта од 100мл колку да се залаже.
Моето ваков распоред има 05:00 одвај 100 мл АД . 07:30 доручек. 10:30. 135 мл АД 13:30 ручек 16:30 175 мл ад 20-20:30 175 мл АД И кома е до сабајле Грешам негде веројатно
Баш ти е супер распоредот, само можеш да пробаш да му даваш повеќе еднаш или два пати, пример 180 + 6 дозерки (200мл) за да испие повеќе. Твоево ептен бај д бук е, ја не памтам на 3 часа кога сум му дала
Не грешиш никаде. Таман си е, моето пиеше многу млеко. Веќе следниот месец сум му дала плус оброк, значи едно млеко скратено и плус му го скратив ноќното. Паднал тогаш на 400*500мл. Ист распоред имаше и моето со тоа што првото млеко му беше 170.
Ние сме 6+ и пие 4*200 млеко и два оброка од 150гр и вода околу 150мл во текот на денот а ноќеска цица два пати и сме 7.5кг Јас се мислам дека му е многу на моето ама млекото го пие во еден здив а за кашата да не зборувам плаче за уште Ама моето не спие преку ден само 3*30 минути а сме будни од 9 до 21
Стално правам повеќе , ама не го испива. Пие колку што напишав . Наутро се буди во 05ч и веднаш му давам млеко . Преку сила може да испие 120 мл, ама ретко . Можам да го оставам да си лежи и да му дадам накај 06 ч ама ми се пореметува така распоредот. Така може ќе испие 175 ама ќе ми заспие. А не сакам тогаш да ми спие . Си правам ред некој оти за 2-3 недели ќе воведам и вечера. Се трудам бар пред спиење да ми испие 6 дозерки ама нејќе. Заспива точно на 175 ка и крај Ама си велам арен е на килажа, полни пелени па ќе видиме како ќе тераме Фала ви
Зошто толку брзаш со немлечни оброци? Детето има и повеќе од доволно килажа, два крути оброка на 7 мес, доволно е. Не го туткај со јадење, тоа е ок само кај деца кои не напредуваат. Во спротивно, е само непотребно брзање.
Нагло ми намали со млеко затоа малку пред 7 м му воведов ручек. На полни 8 фактички ќе му почнам со вечера. Од кога почнавме со дохрана млекото го пие со зорт што се вели. А каши лапа со сласт како возрасен. Можда згрешив што пред 5м почнавме со цврста храна , ама тоа е. Бидна веќе
Епа затоа не брзај со вечера. Мал е, а убаво напредува. И мојата си јаде каша убаво, ама јас на 8 допрва ручек ќе дадам.
Ќе бара повеќе млеко. Ќе пробаш, ќе видиш. Ако не бара млеко повеќе, ќе воведеш. Ама пробај. Си има килца детето, нема да заостане со килажа сигурно. Вака ќе скратиш уште еден оброк млеко на 8 месечно бебе, а 400-500мл млеко за таа возраст е малку. На годинка толку треба да пие.
Знам , све ова го знам Уфффф Ај ќе пробам што подолго да го држам со 2 оброка. Мош па ќе се распие. А да ставам од таа ванилата што ја кажуваше ти, или нема потреба ? Мош ќе му биде послатко па ќе ми пие појќе
Ванилата Остај го детето, следи, па за ванила ќе се консултираме накнадно Јас ставав неколку денови оти тогаш мојата неколку денови ич не пиеше, а немаше ни дохрана, 3.5мес беше. Па повеќе ми беше страв да не ми дехидрира, отколку да не напредува. Затоа ванилата
А чекај само да те прашам уште ова. Ним во сред ноќ да треба ванила да ставам . Ванилата што ја збориш е околу 900 ден и е во стаклено шишенце како за модерен црн бибер? Бурбон нешто ем пише на неа? Таа е? Чисто да си знам
Не грешиш никаде, мојава повеќе од 120мл млеко нема никогаш испиено, ни кога беше со оброци ни без оброци кога беше само на ад. И тоа баш програмирана на 3 саати дење, навечер пиеше во 8ипол 9 и до сабајлето 5-6 кома спиеше, дури тогаш си пиеше млеко Ама напредуваше, полнеше пелени, толку и било доволно ете, килажа имаше и дуплирано и тродуплирано правилно И јас бев загрижена и поради табела и поради други деца ко ќе видам 180мл/210мл пијат а помали од нејзе во тие периоди Ама сите се различни Бубе Супер ти е бебушко, следи килажата, следи пелени
Za hipp isto slusam od poveke lugje deka bebcinjata im se anemicni ,a i jas pocnav so hipp. Verojatno e poslab so zelezo, iako spored tabelata tuka e so drugite adaptirani. Aptamil 1 treba da zemes.