На колку часа јаде, тоа не е малку ако си јаде редовно на 3 саати за неговата килажа. И Ако си е бебето весело и си напредува значи си е најадено и здраво. Моето има 6 кг и нешто на 2 месеци едвај го навасувам со 120 и верувај и тоа не чини, се роди 4 кг и тоа има улога ама пак е многу. Проблемот со гојазност кај децата почнува од најрани месеци, а ние мајките сме научени само да им бутаме шише во уста, најадени, нацицани...нека си јаде колку што му се јаде мајка чим си е задоволно детето
Kade na 3 h nnojke nejade retko koga po 30 edvaj si spie cela nok a koga e zaspan nepie ti blagodaram za odgovorot malku se smiriv
Ние од раѓање сме на АД и на д3+к1. До кога со д3+к1? Дека педијатар ни рече до три месеци. Имам уште за седум дена, а за девет на педијатар ќе идеме, ќе штети ли ако не дадам два дена или?
Јас колку што знам за АД не се препорачува К1 само Д3 зошто К имало доволно во млекото. Инаку мислам ништо не штети 2 дена ако се прекине, мене некогаш ми го плука па не давам ново
Те молам кажи ми како дозираш и прогресираш со мерата со АД? Малово е 90% на АД (хип органик комб.), веќе е 30 дена малото, како да дозираме количински? Засега пие 8 шишиња по 60мл. Се водиш по упатствата од самите АД, по инфо од педијатар?
Мислам упатствата укажуваат на повеќе количина млеко а помалку пати во денот. Води се според барањата ма детето. Ако со 60ml издржува 2ипол до 3 часа, доволно му е.
Јас сменив од аптамил 1 на аптамил конфорт, забелешав позеленикав измет само, ама го пишува дека е подобар за стомак. Едното бебе ми јаде 120мл на одброк или 90мл а другата60-90мл, близначки се имаат еден месец, дали да го сменам млекото заради бојата на изметот или да почекам уште некое шише да потрошам од конфортот?
Јас давам тоа од 8ми ден ( тогаш бевме на прв преглед кај педијатар), и плус пробиотик биокаја. Како што пишав генерално е на АД, но скоро една недела помалку ( еднаш дневно) кака топче а претходно по 5-6 пати убаво полнеше. Матичната ми вика недавај ништо плус (чај, капки и сл), сте имале вакво искуство зашто му се смени столицата, дали е од млекото?
Давас д3 и к1 или д3 и омега? Не до сега си беше во ред си какаа жолто златна боја а од кога сменив со конфорт сабајлето таква им беше столицата зеленикава… ќе видиме како ќе биде со млекото. Не знам дали да земам омега и д3 само бидејќи се само на ад?
Здраво, исто и јас само на ад и само д3 и к1 без омега… исто близначки. Од болница ти кажаа само д3 и к1 без омега? И какво АД користите и колку пијат на оброк? Моите се еден месец едната пие 60-90 а другата 90-120 на оброк
И јас кога сменив млеко се смени столицата, стана зеленкаста и тврда. После си се среди, треба 2 недели да се навикне телото на новото млеко. Иначе и моето е 90% на АД јас давам Омега, Д3 без К1 и пробиотик.
Не знам кое да го користиме млеко Аптамил 1 сме едното беше пронутра а сега земав конфорт инаку се еден месец, кое е подобро?
Ако немаат премногу проблеми со мешето продолжи со обичниот аптамил. Комфортот ем е со помала грамажа и скап е.
Не знам да ти кажам од тие 2. Јас го користев Хип Органик Комбиотик па сега сменив Новалак АнтиКолик.
Многу грчеви имаше, што се не пробав ништо не помагаше. И на крај ова млеко анти колик го земав со помалку лактоза и многу му е подобро.