Кај мене во картонче од болница пишува д3 плус омега за тие на адаптирано. Така да давам,да . К1 не, има доволно во млекото, приметив дека кога давав на почетокот (пошто доев па прекинав и ги продолжив истите со к1) тромбоцитите му беа во плафон.
Да не ве цитирам, гледам повеќе давате Д3 + К1, а на АД ви се бебушките. Ако бебето е на АД, никако К1 не се дава, има во самото млеко.
Ние и омега и пробиотик даваме. Инаку сме на хип и за некој ден ќе полниме три месеци. Пиеме од 70-120 зависи кога како, не се јадачи ич мака мачам!
И патронажната и педијатарот истото ми го кажаа - ако е на комбинирано, односно ако пие повеќе од три АД во денот да не му се дава К1. Еве ја сум пример, благодарение на муабетов ми текна дека не му давам К1, зш преминавме од комбинирано на ексклузивно доење.
Не, се водам по самите бебиња. Имаме 7 на 24 оброци, пијат од 70-120 зависи кога како. Ќе си видиш по бебушот ако му е малку ќе зголемиш доза, не се води по кутијата. Треба да пие тежината помножена по 150, толку дневно мл.
Мхм, интересно. Ова не сум го знаела. Не ми кажал педијатар, мада ме има прашувано по колку шишиња ад пие додека бевме комбинирани. Веројатно заради оваа причина.
И мене не ми кажа, вчера бевме на контрола и потенцирав дека повеќе е на АД. Баш ми кажа да продолжам исто, па си купив нови вчера капсули. И сега? Прашалници колку сакаш...
И мене не ми спомна ништо педијатарот, а сум кажала колку пие... Баш ми напомена до 3 месеци обавезно со К1, ме ставивте во мисла сега
Мојата е 12+ месеци и уште пие АД. На испис од болница ни пишаа ако биде на АД само Д3 и омега, а ако ја дојам, тогаш + К1. На прва контрола на педијатар ми рекоа нема потреба К1 затоа што има во млекото што го пие и никогаш не сум и давала К1.
Има ли некој проблем со новото пакување Аптамил? Пронутра подобрена формула? Некако малото не ми го сака баш, а старото си го пиеше убаво
Беба е два месеци и наеднаш ми се одби од цицање, сега сме на АД и плус молзено по 2-3шишенца на ден(60/70мл кога како). На еден оброк не ми пие како што пишува на кутијата по 180 мл ,туку по 80/90/60 , и на 2часа или ако се успие на 3. И меѓу едно Ад и давам молзено,зависи колку имам. Сега и дадов 70 молзено, па одма 30Ад и после еден час уште 60мл АД. Дали е океј или можам да и наштетам некако. Беба е задоволна, полни пелени, спие,не и давам со сила кога не сака. Од доење наеднаш стасавме на АД па се ми е ново.
За Ад викаат дека 3ч се вари и пред 3ч да не се дава нова доза Ад на бебчето. Јас би давала цела доза Ад па цела доза молзено, на секој 2-3 часа, ништо измеѓу. За да се фати ред, ама ти си знаеш како ти е полесно..
Зависи кое млеко.. мене педијатар ми рече Хип е полесно сварливо и може да се дава било кога, другиве треба да се чека 2.5 до 3 саати измеѓу
Значи затоа бебуш ми е гладен на секој 2 саати инаку да ве прашам како сметате колку часа се поминати, од времето кога почнало со јадење или кога завршило?
Мене лактациски консултант ми рече од време на почеток на цицање (тогаш пробувавме да комбинираме цицање и молзено) вероватно истото се однесува и на ад
Почнавме со Аптамил Пре . Малку ми треба време додека го фатам редот со Ад, претходно ја доев кога бебе сакаше, сега постојано гледам на саат , фрлам млеко, не можеме да се наместиме целата ми е здрвена кога пие, по цела ден во кујна , кога спие тогаш измолзувам по нешто, немам време ни да ручам, се преокупирав со часовникот и милилитрите. Кога ке закенка мислам дека не јадела убаво ...Некако психички се мрднав оваа недела