После отварање мора да се искористи во рок од 3 недели. Рок на употреба треба да има назначено на ќесата.
Фала ти. Пишува од 0-2 недели 60 мл,значи 2 дозерки? Софи ми беше само на доење.Сега ад ми е шпанско село
Води се по бебето. Пробај со 60, ќе видиш. Не терај по табелите на кутија. Нека има размак 2.5-3ч меѓу оброците. И мене ми беше, ама сега не ни бројам веќе, ти се пие, пиј
Не гледај тоа дозерките позади. Мојата никогаш не испи толку колку што пишуваше препорачано за неа.. напрај 60мл + 2 дозерки види колку ќе испие. Ако и е малку, ќе зголемиш П.с. имењачки ќерките
Женски, бебето ми 8 дена, повеќе е на ад,ептен малку цица. Прашањето ми е, тие бебиња што се на ад колку пати какаат во текот на денот, некако мислам дека вака на почеток бебињата почесто какаат или сум грешка? Ме фати паника ,вчера не се искака ич бебево.
Секое бебе различно Моето првите недели какаше по 3 пати дневно . После тоа имаше денови ич да не се искака. На цимерката ( си пишуваме ден денес ) на истото млеко беше девојчето ,првиот месец ептен слабо какало, на 3-4 дена еднаш. Ќе се искака , не паничи
Добро е, ме фати паника,ја прашувам патронажната, неа само и е муабетот дој го почесто, инсистирај да цица, дој го.. Што да му правам кога не цица.. Фала ти бубче. Мене со Софија останато ми е во памет дека какаше по неколку пати на ден, таа беше на доење само. Сега со ова дека помалечко, за се ме фаќа паника, па и дека не сака да цица , се мислам нешто му е зашто не цица
Еми нели секое бебе е прича за себе Како да прочитав дека му даваш ад без лактоза што е. Од два примери околу мене што ги знам, бебињата што се на вакво млеко баш поретко какаат. Јас со мајки а богами и со доктори , најмногу дискутирам околу какањето. Моето многу кака и ден денес. По 5 пати на ден , и тоа солидно обилно. Ама и мајка му е таква
Поим немам дали е без лактоза, сега баш ќе видам. Јас продолжив да му го давам тоа што му го даваа во болница. Сега видов, има лактоза Нутрибен натал про 1 Ама добро штом е нормално 3,4 дена да не паничам Е ако е и ова на мене со какањето, ќе кака на 2,3 дена
Мами, ние сме на хип органик комбиотик 1, бебињата веќе 4-5 дена огладнуваат на 2-2:30 часа, им давам бидејќи вриштат и никако не се смируваат. Ноќе си спијат по 4-5 часа понекогаш и ги будам за млекце од страв гладни да не ми останат да не се премногу блиску 2 часа?
A зошто ги будиш ? Ем ти пијат на 2- 2,5 часа ем па и ноќе ги будиш. Пробај со појќе мл да им даваш за да бидат сити бар 2,5- 3 часа. Многу е блиску на 2 часа да ги храниш. Нема време млекцето да се свари. И не ги буди ноќе. Ако сакаат и 8-10 часа нека спијат . Штом спијат Не се гледни. Гладно бебе не спие
Колкави се? Ако се веќе поголеми и пијат доволно млеко во 24ч и напредуваат, зошто да ги будиш. Ако се гладни сами ќе се разбудат.
Jas im davam da jadat na 3h preku den... pred poslesniot obrok gi izgladnuvam do 4h, ubavo izmoreni i izbanjati im zgolemuvam doza i navecer spijat od 6 do 9casa