Од страв да не се гладни ги будам 3+ се. Затоа што 100-150мл помалку пијат од тоа што треба и тоа секој ден е така, не еднаш па да речам не им е ден! Пијат од 60 -110. Секогаш повеќе правам и од секое пиење фрлам, од една кутија јас една третина ипол фрлам! Неможам со сила да им давам кога плукаат или уста затвараат, се пробав џабе такви се инаку да супер напредуваат по килце месечно @unearthlysarah
Ти си знаеш. Ама штом напредуваат , полнат пелени , па и си спијат ноќе , нема потреба да им се секираш и да ги будиш ноќта . Пробај 2-3 ноќи да не ги будиш воопшто , можда денски ќе почнат да ти пијат поголема количина. Јас едно знам. Гладно бебе не може да спие мирно , поготово па Не тримесечно бебче
Со ист проблем сме и ние. Бебе бара на 2 часа, а пие само 70 наместо предвидените 100мл. Ме искара докторката да не и давам на 2, туку на 3 до 3ипол и така ќе се најадувала, ама не знам како ќе го изведам тоа... претпоставувам затоа и многу гасови има. Едно време се мислев да се вратам пак на Хип Ха зошто тоа млекце мислам повкусно и беше...
Бебе е 6 ++, пробуваме вкусови и пие Аптамил 1. Сакав да премине на 2, но на упатството на Аптамил 2 пишува 3 оброци во текот на 24 часа по 180мл, а бебе уште нема цврст оброк. Дали може да се дава повеќе од 3 пати во текот на 24 часа од Аптамил 2, или да си продолжи со Аптамил 1 се додека не почне со цврсти оброци?
Не се води по напишаното на кутијата Ќе си даваш млеко како и до сега со тоа што кога ќе има еден оброк ќе скратиш едно млеко
Е ајде де.... Како? Значи сите варијанти ги пробав абе кога ќе вредност оди па смири ги, ќе дадам млекце и штама, Али пак ќе речам не беа такви овие неколку дена така ми прават на 2 часа. А со пиењето, ах посебна прича, среќа што за се сум упорна па давам иако пак пијат по 60-100 мл, мм на 30 испиени вика ааа не сака веќе толку се засити, ќе напијам едно па зима друго да видам до кај е напиено Колку и да направам фрлам...
Да не се во некој скок па така ти прават овие денови? Јас скок не сум осетила кај моето, ама вакви ситуации со почесто барање на млеко сум имала. Ај ќе пројде и тоа и кај вас И мм кога му дава млекце на нашето на пола млеко вели - нејќе више . Од мене сака
Од следна недела ни почнува четврти скок Али кај нас сигурно порано почнал да делува Да бе, исто кај него не сакаат кај мене да па вика ете си ги разгалила
Дали бејби лав пре го отежнува какањето кај вашите бебиња.. коридтиме и диа стоп ама некако пак се мачи..
Воопшто не..од 6 месеци бевме на бејби лав до кај 18, никогаш немавме проблем со какање…исто користиме диа стоп…имаш сменато млеко во меѓувреме? Ако не, пробај смени пробиотик
Ние бевме на бејбилав од 2 месеци до 12,немавме проблем со какањето, едно време користев диастоп па се префрливме на нормиа
Здраво, ве молам за совет. Бебето ми е старо 2,5 недели, на адаптирано млеко Бебелан е од почеток (го растворам во претходно зовриена вода- Бебелан, според упатството на кутијата). Последнава недела има постојано запек, секој втор ден. Би помогнало ли да смениме флаширана со зовриена вода од чешма или друга флаширана вода? Дали правите некаква промена во соодносот на млеко и вода што се според упатството? Исто му давав и диастоп ама не помага. Кој пробиотик ви помогнал?
Мислам дека нема врска водата, и не ти препорачувам баш зовриена од чешма, ич не ми е сигурна. Да земеш пробиотик ако не даваш, јас давав Рекол Бимбо, а доста ги фалат и Ваја.
Мислам дека типот на вода нема никаква улога во честотата на столиците. Не верувам дека нешто ќе се смени ако почнеш да даваш зовриена од чешма. Пробај со Waya,. кај многу се покажал ефикасен. Инаку соодносот на вода млеко не смее да се менува, мора да го правиш според пропишаното 30мл вода + една дозерка. Ни повеќе вода, ни помалку, ни третинки дозерки.