Дали случајно знаеш зошто не треба да се дава на пример една ипол дозерка млеко и 45 мл вода . Чисто онака ме интересира . Стално се прашувам ова. Ако една дозерка е 5гр ( така имам измерено) зошто не можам да му дадам 7.5 гр млеко и 45 мл вода . Само информативно прашувам , не дека ми треба ваква опција Ама мноооогууу сум љубопитна за ова
Хахаха се познава дека се дружиш со вагата. Ако сакаш до толку да се замараш, да можеш така да правиш, да цепкаш грамови и милилитри. Но најчесто не мерат другите до толку и ставаат од око, што е погрешно. Погрешно дозирање може да доведе до електролитен дисбаланс или проблеми со мешето од премногу или премалку вода.
Од премногу вода може електролитен дисбаланс да се направи, може да дојде до разни компликации. Да и така е најлесно, отколку секој пат да се дружиме со вагата, а некој не ни има вага.
Јасно ми е мене што може да се случи со погрешно дозирање. Дилемата ми е зошто да не можам да ставам една ипол дозерка ( 7.5 гр ) и 45 мл вода. Јас имам фармацевтска вага. Можам да извагам и 7.234 гр ако треба Кажете ми дека многу прашувам и да се маФнам од овде
Женски нешто не ми е јасно,моево бебе пие 60мл. Ама овие 2,3 дена плаче порано за јадење, некаде на 2ч, 2,5ч, Пробав еднаш да и дадам 90мл, испи се, по некое време поврати А на кутијата пишува од 2-8 недели 90мл 0-2 нрдели 60 мл. Како да знам кога треба да и зголемам доза?
Имам останато две неотворени кутии хип комбиотик 1 од 800г, би ги дала секое по 900 денари ако сака некоја мајка можам и по карго да ги пуштам
Бебе е 4 ипол месеци и е 9кг. За оваа килажа отприлика треба да пие 1300мл млеко во 24 часа така? Нели е многу млеко? Пие во 24 часа 800 до 1100 мл млеко, зависи од денот, и навечер се буди на 3 до 4 часа за млеко.. Од кога ќе почне да ја преспива ноќта за да не се буди за млеко?
Многу е 1300мл млеко. Максимален дневен внес би требало да биде 1л. Пробај ноќните дози да му ги намалиш или консултирај се со педијатар за почнување на немлечна исхрана. Моето во 4ти месец пиеше скоро максимум и полека после 4.5м почна со пробување вкусови.
Литар макс на 24 часа,повеќе од литар АД не е препорачливо да се надмине. Машала 9 кг бебе на 4.5 месеци, треба веќе со педијатар да се консултирате за цврста храна. Просек е дуплирање на родилна тежина на 6 месеци, додека * 3 на година, вие веќе сигурно сте дуплирале.