Машала живо и здраво . Затоа и реков видете со педијатар да почнете со цврста храна, 4.5 месеци е таман за вкусови, додека стигнете за оброк ќе има 5.5 месеци најмалку. Ќе замениш една флашичка со оброк.
Незнам што да правам веќе.. имаме проблем со столицата (4 ипол месеци бебе). Има густа сенфасто зелена столица, а некогаш е и тврдо топчиња. Кака преку еден ден или преку два дена со многу мака. Бевме на хип комбиотик со биогаја, ја исфрлив биогајата зедов ваја. Сменив на Аптамил со флонивин, потоа омнибиотик панда со хип. Пробавме новалак ит и сега холе со флонивин и нормиа. Сето ова по препорака од педијатар и Нема подобрување... Бебе има гасови, ги витка нозете и кога прди плаче.. се буди од сон. Некој со слично искуство што како би помогнало? Не слушам више педијатар, многу формули сменивме во рок од 2 месеци...
Многу формули сте смениле, на организмот му треба 2 нед да се навикне на нова формула и стабилизира.. Пробај една не менувај 2 нед да видиш дали ке има подобрување и гледам дека е големко 4.5 месеци пробај со чај од анасон 2 пати по 50мл нас тоа ни помага ептен.
Ако слушаш доктори до година дена,но познавам мајки каде што кравјото млеко го имаат воведено и порано.Јас ке и го воведам во 6ти месец.
А зошто на 6 м ќе пие кравјо млеко? Тетрапак ?! Да не бидам погрешно разбрана, ниту осудувам ниту се мешам во одлуката, но сакам да знам зошто педијатар препорачува во 6ти месец да се замени адд со кравјо млеко
Зошто има секакви педијатри, а тргнувајќи од сопствен пример нели слушаме доктори пошто учеле за тоа и ќе си го изедев подебелиот крај со малото од еден таков "педијатар". Затоа па баш за воведувањето на цврста храна воопшто не ни помислив да прашам педијатар, туку се водев по информации од нет. Јбг
Погрешно си ја разбрала, самата си кажува дека доктори до една година препорачуваат Ад, она слушнала од други мајки. 6 месечно бебе достигнува максимум во пиење Ад. Има и поефтини ад млека. Финансиски исто ќе и се фати.
Да, од после сконтав дека од искуства на други мајки и е пишаното. А финансиски баш така е , литро тетрапак е 70 ден. Не е голема разлика ако даваш адд БЛ и тетрапак. Ама секој си знае што е најправилно за своето дете
Пред да воведете кравјо млеко за пиење пред 12 месеци прочитајте дали ви се пресметани ризиците за да го направите тоа.
Мене ми е план на АД да биде до 2 год. Реално до 6 месеци е поголем финансиски издаток, понатака се намалува трошокот. Ќе почне со цврста храна и ќе замениш една флашичка млеко со цврста храна. Тетрапак кравјо не планирам воопшто да давам. По две год на јогурт.