Нема врска тоа колку е родено бебето...внука моја беше родена 2200 гр..а пиеше повеќе од дозата ...едноставно лакома си беше и ден денес е таква а 7 години има....
Од почеток @fana не знам стварно Еве нека ми пресмета некој колку треба да пие, да не грешам јас На последна контрола тежеше 2.580гр. Можно е да грешам, ама па гладна е да и давам само по 60мл..
Вака...јас користам Хип органик комбиотик млеко.Препорачани дози за 2 месеци(т.е од 5 до 8недели) се 5 до 6 оброци припремани по 135мл.6 по 135 е 810мл.
Гледам дека бебето ти е со мала тежина. Не го знам млекото што го даваш, но обично за бебиња со мала тежина препорачуваат да се дава млеко за прематурчиња, најчесто кај нас е Aptamil premature. Не е страшно и да пие на 2.5 часа. Јас не се сеќавам некогаш да пиеле на 3часа, или ептен ретко било тоа.
Јас продолжив да го давам истото млеко што и го даваа во болница. Нутрибен про 1 е млекото. И со педијатар се консултирав за млекото рече во ред е.. пак на контрола сме за 3 недели. 2 170 не испуштија од болница, по две недели имаше 2580. Јас навистина не знам како е правилно, дали да и го сменам млекото. 34 +5 недела е родена, 2400гр
Исто така за мали бебиња формулата за внес е тежината*200. Ова важи додека не постигнат некоја килажа. Добри совети за исхрана со адаптирано млеко можеш да најдеш во групата Adaptirano mlijeko- uvođenje i prehrana. Едит: не го менувај млекото, новото може да направи проблеми со меше ако веќе ова ти е добро прифатено. Инаку кога зголемувате дози не ги зголемувајте сите од еднаш туку прво една по една ако има потреба.
@Kate Rina 93 Мојата е 3+++ па уште се лигави со 90 мл наместо со 150 или 170 како што е по мерка, и исто бара на 2ипол часа, некогаш ако спие само на 3 бара. Мене прво педијатар ме караше, демек давај и на 3,4 ама стварно нема поента да мачам дете кога нормално си напредува, не е здебелена, едноставно сама си ги регулира оброците, помалку а почесто. Гледам и на стомачето не и прави проблем. И јас како што слушнав во болница (цимерката имаше бебе со мала килажа), побрзо напредуваат со килажа. Не може бебиња да се споредуваат, секое е различно. Туку, земав од Грција Хип Био Комбиотик, некоја мајка искуство? Демек иста како Органик Комбиотик ама не е баш како што гледам. Пак да се малтретирам како ново млеко да воведувам.
Не може бебе мое да пие само 5 оброци. 8 пие. Навечер станува за млеко. Затоа пие околу 70-80 затоа што плус и цица. На 27ми сме на контрола, ќе видиме тогаш.
Не се водите по тоа што пишува на кутиите, тоа се само некои просеци. 8 оброци се таман за таа возраст, 5 не би рекла. Премалку пати со голема количина по оброк. Моето е 10м па има 5 по 170 и тоа ретко ги допива, плус 2 оброка цврста храна што скоро и да не ги јаде. Твоето плус е комбинирано, така да сигурно пие помалку од формулата за вкупни милилитри.
Според мое искуство, едноставно е тешко да се водам според кутијата ако бебе не ја пие цела препорачана доза за нејзина тежина. Исто е на комбинирана исхрана и постепено сама си ја зголемува дозата од адаптираното. Измеѓу оброци има од 2.5-3.5 часа зависно ако заспие.
Ептен убаво што на дете од 7/8 /9месеци му давате кравјо млеко за пиење , поради тоа што ќе оди во градинка. После ќе си ја чукате главата за тоа како детето ви има раздразнет стомак, нервозни црева, анемија.
Мене од самата градинка ми кажаа дека во каши ставаат кравјо, па дома и јас почнав да ги правам со кравјо. Е за пиење ќе почека малку А колку што знам во ниедна градинка не им даваат да пијат кравјо. Нека ме поправи некој ако грешам
Нема потреба сите каши да ги правиш со кравјо млеко, особено ако бебето ти е под една година. Повремено може (за да ти биде воведено), а за постојано нема потреба. Можеш да додаваш адаптирано млеко во кашите ако не пие доволно преку шише. Во градинка ќе се хранат како мора, а дома сеуште може да практикуваме здрава исхрана.
Се согласувам Тие што и ги правев со адаптирано, и ги правам со кравјо. Не е често како и да е, доволно за да биде воведено
Zdravo Malata mi e edna godina i preminavme na hipp combiotic 3. Na kutijata pisuva 135ml so 3 lazicki ad. Mojata pie okolu 180-210ml na obrok. Kako da i pravam tolku?