И моето пие повеќе од пропишаното па што дека ако е гладно нема да го оставам да плаче. Само нека поминат најмалку 3 часа меѓу оброците а за волуменот не се секитај тоа ако е вишок ќе го поврати. Ние на 5 недели јадеме 6 до 7 пати скоро по 120 мл. Ама тоа зависи од килажа не од воздраст. Јас и другарка ми во исто време се породивме нејзиното 4.5 моето 3 кила епа неможе ни исто да јадат она има онолкаво бебе сега моево едвај нејзиното го стига сега
ние пиевме 120 мл и до 8 пати на таа возраст ама откако помина 40 дена некаде во 8 мата недела почна да поднамалува сега сме некаде 9 недели инаку родени сме 2570
Денес повторно имавме грчеви цели 10 саати не знам колку пати повративме ина крај 2 столици пролив и се јавив одма на педијатарката и не стави одма на хипоалерген комбиотик на хип ама уште една лекарка од вакцини не стави на ова млеко и добивме ужас ама ужас столица ине префрли пак назад сега оваа пак истото као алергија било крв дадовме ама резултатите за месец и пол ќе ни дојда инаку мможе да е алергија зашто денес е и осипана . сакав д апрашам некој искуство со млеково дане имал ?
Пролив е течна столица на пример нас карактеристично столицата ни има течен дел и дел кој се наоѓе на пелената а не во неа и кога цицаше таква си беше столицата ,а кога ние пролив столицата ни станува дреч жолта и целата е течна значи цела е внатре во пелената цела е упиена дури како мочката само се гледа жолта одозгора ако ја фатам во тој момент да кака шприца како млаз вода и плус се празни неколку пати едно по друго во рок од саат време а инаку кака 2-3 пати во денот на пример денес се искака вкупно 5 пати едно по друго значи стави пелена вади пелена па по 5 мин истото вади ја какана и така а столицата нее обилна малку е за разлика од обичната за среќа и кога кака се слуша како вода да шприца џврк џврк а инаку го нема тоа
ме интересира колку време може да стои направено млекото во шишенце?? јас сум сама овие денови така да неможам да го направам одма, ке мора да стои некое време, заради тоа што прво цицаме, а потоа се дохрануваме со хумана
Ние користиме од Хипп Комбиотик, и јас најдолго му го оставам во шишенце до два часа, ама нормално најдобро е ако може да се подготви во моментот кога ќе јаде бебето, ама некогаш тоа не е можно, а и некогаш останува , бебето не го допива.
ти првин напрај го млекото па дај и да цица па одма хуманата дај и ја по некоја логика нели има бебиња што го пијат млекото и по 1 саат на пример внуками исто ад млеко абе еден саат па по таа логика би требало да биде штознам а на кутијата пишува одма да се даде незнам еве еден документ за хумана млеко ако не гоотвори ке се обидам преку страната да го постирам vo pdf format mi e i ne dozvoluva da go postiram a stranata e http://www.crobebe.com/
ние сме научени прво да цицаме, и одма после тоа во еден здив ја пиеме хуманата, хехе така ке би требало и кај мене да стои околу еден час, дури се преслечеме, нацицаме и на ред да дојде шишенцето
Мене млеко до сеа ми се нема расипано максимум чувам 2 часа и после само го фрлам имам ипробувано свежо направено и по 3 часа исто е ама мене ми е страв да го дадам до сеа не сум користела хумана мам мислам 1 саат не е проблем како можно решение може да бидат 2 шишенца јас така правев во 1 вода во друго прашок она само што пушташе цице јас одма водата у прашокот и за 2 мин неполни у уста ама леснами беше за држење и тоа да го праам истовремено плус масата беше до мене
Јас колку што прочитав за вештачката храна, пожелно е колку испие во мометот толку и одма да се фрли. Јас навечер му давам по еден оброк од Хипп и после тоа го фрлам, многу ми е шубе, штом производителот си пишал дека е пожелно да се пие веднаш и јас ко слеп за стап, одма фрлам. Иако со стерилизирани шишенца како што пишува за мајчиното млеко дека нема проблем да стои до 6 часа на собна температура, сигурно и вештачкото во стерилизирани услови нема можност да развие бактерија и може да постои некој час, ама што е сигурно сигурно, помирна сум ако треба 2 пати да разматам по пола дози и да бидат тазе, отколку една доза да ми стои.
Јас давам најмногу еден ипол час од кога е направено. А ако јаде и не го допие, фрлам, после по потреба правам ново.
Ние сме си на ад млеко и без разлика што си пишува на кутијата , или што кажуваат, јас со мажми правиме свежо млеко за во моментот колку пие пие , другото одма се фрла воопшто не се остава ни две минути, ако пак има потреба после поласаат да пивне уште малку ако не дојал си се прави одма ново свежо и нема дискусија , подобро е да фрламе отколку недај боже нешто да се деси .... шишињата ги стерилизираме после секоја употреба има три шишиња, едното е само за млеко , едно само за чајче и едно само за вода и сите три со посебни цуцлички од каучук сите стаклени ( не се глупирајте со пластики ,... кој знае што пластика е ) и обавезно се стерилизараат по секоја употреба - стерилизаторот за три минути стерилизира така да немаме никаков проблем околу тоа да стерилизраме нонстоп , и секое кркање добива свежо млекце... САМО СВЕЖООО поздравче
Me интересира на која температура на водата го растварате млекото , зашто јас сеа хуманата ја растварам со некаде 70 -80 степени вода така си пишува на кутијата откако ќе ја растворам за ладење ми се потребни 10-15 мин под вода што значи за ова време ќерка ми ќе ја дигне зградата во воздух и после нема да го пие млекото од што е нервозна и ќе стои 1 саат може и више додека се смири затоа повеќе ми се „исплати “ млекото д а го напраам пол саат порано пред очекуваниот оброк на пример ако треба да јаде во 4 јас млекото го праам во 3и 30 и чувам до 5 ако не стане во тоа време фрлам и пак отпочеток така го штедам нејзиниот глас а и моите и нејзините нерви . Инаку користам пластични шишиња цуцка почна да пружа раче по шишињата ги опипува и цуцлата исто За комбиотикот користев 40 степени на кутијата пишува 40-50 па одма беше готов оброкот
и јас користам хумана претходно водата ја загревав во гезве и пипав со прст да биде не многу жешка па ја ладев едно 3,4 минути и на рака капни на внатрешната страна кај што ти почнува дланката ама одвнатре и ке видиш ако е мн.тополо ладиш пак треба да биде млако т.е како да ти кажам измегу млако и топло а сега имам греач за шишиња внатре се става вода па шишето со вода и ми стои на одредена температура али нее 80 степени него е топола за да се раствори млекото и одма и го давам нема потреба да го ладам ако најдеш такво куписи голема работа ке ти заврши после само измиј го шишето и напуниго со одредена милилитри и пак во греачот мојот е чико поклон мие претпоставувам од таму и дека е купен
Па работата е во тоашто ми рекоа дека ако водата не била на температура на која пишал производителот ги засилувало грчевите наводно секако треба да ладам
e kako ne nema veze aj zgrej ja na 80 stepeni i izladija na 37 kako so termometar nema veze sto i da pravis ako ima grcevi ke gi ima i vakak i taka
И ние сме на хумана, и после секое цицање одма пиеме... е сега јас си ја превривам прво водата и така си ја чувам па после кога ми треба само ја топлам во чајникот и пред да почне да врие ја икслучувам и го правам млекото, па дури си цицкаме тоа се лади во чаша со ладна вода мора да се снаоѓам некако, еххе е сега мене ме интересира нешто друго, досега пиевме по 60 мл хумана, и тоа на 3, 3 и пол сати, ама еве два-три дена се будиме и плачи за јадење на 2-2 и пол сати, па ја зголемивме дозата на 75 мл. вие колку им дававте на оваа возраст од прилика??
јас му давав 90мл вода во втор месец. во книгата што ја имам пиши во втор месец оброкот да е по 100мл.
Ама превриената вода мене педијатарот ми кажа повторно да не се загрева ако веќе претходно е превриена туку да се стави во термос и по потреба да се вади, јас превривам вода во истиот момнет кога му правам млеко и го ладам под чешма или ставам во чаша со ладна вода да се излади млекото и му го давам одма. Инаку и јас почнав веќе неколку ден ада му давам по 90 мл оти не му стасуваат по 60, некогаш ми бара и повеќе 100 мл, 110 , зависи како кога, некогаш пак и со 60 мл е задоволен и си заспива, а инаку и цица исто само што го мрзи да цица многу време и за брзо време престанува и морам да му давам и Ад млеко одма оти плаче и псоле си заспива.