Ако мислиш дека би пиел 100-110 мл тогаш направи 120 со 4 дози адаптирано. Па колку испие, испие. Барем јас така правам
Ако ги пие 90мл+3 дозерки тоа ти е 100мл. Ако сакаш да даваш повеќе, ќе ја направиш следната поголема доза 120мл + 4 дозерки, ќе добиеш 135мл и колку испие, испие. Никогаш не си прави свои математики во дозирањето.
Јас па во вкупните пресметки колку пие за 24 часа ја рачунам само водата. Вака подобра ми излегува математиката дека пие повеќе што е супер
Женски очекувам бебенце во ноември, сакам да го дојам ама мислам дека треба дома да имам некое млеко како резервна опција. Какво млеко препорачувате? Прво дете ми е, врска немам какво да земам и во што е разликата во млеката... Хелп
Женски, вие што ги храните бебињата само на АД, како ви напредуваат од хип комбиотик, читав дека не заситува многу, сакам да сменам од аптамил 1 на комбиотик
Си ја следат кривата на раст. Секогаш сум им давала млеко на барање. Не знам од каде кружи тој муабет дека не заситува. Некогаш ги држело 2 часа, некогаш 3.5, а преку ноќ и поголем период.
Mamichki shto koristite Babylove mleko, vo shto go chuvate? Voopshto ne mi e praktichno pakyvanjeto. Dali postojay nekoj kutii za AD mleko?
Женски, другарка продава две неотворени кутии Babylove 2 млеко, двете за 700. Подигање од Скопје. Доколку некој сака нема пише ќе дадам бр на другарката да се договорите.
Eee ок ок. Ако Не најде кој да и ги купе јас ќе и ги земам , ќе пуштам другарка да ги земе. Пиши ми бројче нејзино
Мајки, пие некое бебе Hipp AR? Вчера ни го даде матичната бидеќи многу повраќа, повраќањето се среди но сабајле скоро празна беше пелената слабо мочкал во текот на ноќта. Нормално е?
Мојата е на Hipp AR. Кога го сменивме со мочкањето немаше промена, исто мочкаше како и претходно. Ама кај ќерка ми имаше промена со столицата и поретко почна на полни пелени. За тоа докторката ми објасни дека е нормално, бидејќи млекото е погусто и на желудничето му е потешко да го свари. Не знам дали се однесува истото и за мочкањето, ама сакав да споделам ако приметиш разлика со столицата да знаеш
Го пиете нон стоп редовно? Или треба по одредено време да го сменам на обичното? Приметувам не може да го допие дека е густо и плачи на крајот се си мислам дека не е доволно најаден ..