Не знам може ништо нема да помогне ако го сменам, ама барем да пробам. До сега друго ништо не помага, уште тоа остана да пробам
На моиве им престанаа грчевите кога го сменивме аптамилот. Ама па и накај 3тиот месец беше тоа, може така и се погоди
Пробај со tomme tippie, јас му давав од обичното авент и еве на цели 3 месеци почна лудилото од грчеви. Сега зедов dr.browns бетер се, кај грчеви па и повраќа многу од што трга лакомо мислам сиот воздух го збира од надвор, изгледа ќе си продолжиме со tomme tippie воопшто не се свиткува додека јаде.
Најверојатно го погрешив зедов со тесно грло, буквално се дави кога ќе пие а на другиве навикнат е со широко грло ..
Јас за двете користам dr. Brown's со тесно грло. Не сме имале проблем со давење. Која бројка на цуцла користиш, да не му е брз протокот?
3 месеци сме, шишето е со 1ца а купив и 2ка, денес ми стигна го пробав два пати да пие со 2ка, ваљда му е чудно трга набрзина, голта воздух, се закашлува па се тегне не сака да пие, на крајот го повраќа скоро пола млеко од што се наголтал воздух… утре планирам да пробам со 1ца бидеќи од томи типи сеуште пие од 1цата.
Ќе пробам со 1цата утре, ама се каам што не зедов со широко грло мислам тоа ќе му одговараше најмногу.. не ми се даваат сега наново пари, ова па ќе ми остане така неискористено.. ај се надевам ќе го навикне со 1цата