Нема во нашиот Дм ниту Bio 1,ке нарачам од друг град само ме интересира како изгледа кутијата дали е оваа како на сликата бидејки го пишува Био Пре ако некој знае помош
Пре е друго...1ца е друго..значи имаш и од Бејби лав пре имаш и од Био пре..ако си веќе на 1ца барај да ти купат 1ца
Го користев Бејбилав. Долго време. Супер беше и цена, и убаво го прифати. Но се изморив кога не можам никаде да најдам, а и не можам кога купувам да се товарам со 20 кутии секогаш. Веќе неколку месеци пие Новалак или Бебелан. Какво наоѓам купувам.
Ама баш така и јас се товарев со кутии ,моментално бебе ми е на бебелан а беше на baby love .Ама никако неможев да најдам и морав да менам а супер и одговараше baby love,ама тоа е ако не најдам си продолжувам со бебелан
Па не знам. Нека си набават доволни количини. Памтам еднаш имаше вкупно 7 кутии на рафт, сите ги земав, една госпоѓа ме погледна и ми рече дека заради вакви ко мене немало доволно, јас сум се снабдила за 2-3 месеци, а некој ќе нема да може да најде за овој месец да го истера.
Јас исто не знам што им е проблемот да набават кога гледаат дека им се троши.. Јас минатата недела цело скопје го свртев за 5 кутии да најдам што едвај 1 месец ако ми траат..
Да ама не е од сега ова. Детево ми е 2 ипол години. 2 години купував и секогаш тешко наоѓав. Тогаш ковидот беше крив, сеа Цацко. Нека си регулираат, чим има побарувачка нека натрупат залихи, сигурно нема да остане на рафтовите многу долго. Впрочем и рокот на траење е долг, има простор за поголеми залихи, ама изгледа толку се замара менаџментот.
Порано кога користев 1 и 2 од млекото, тешко наоѓав, а на периоди имаше многу недостиг по цел месец па и подолго воопшто не добиваа од млекото. Кога добиваа во паника луѓето сите купуваа по повеќе кутии. Кратко време се стабилизираше состојбата и после пак исто. Се изморив и прекинав да купувам. Не можам јас сите ДМ да ги пребарувам и да губам цел ден. Плус тоа, ете некогаш ќе начекам залиха, немам секогаш во мене доволно пари за да купам 10 кутии, иако знам дека за скоро нема да најдам ниту една. После со број 3 беше полесно, ако нема 3ка земав тоа за над годинка, ама многу често наидував на празни рафтови.
Женски, малечково има 2ипол месеци, последниве 2 недели, навечер не пие млеко,едвај 60мл во цела ноќ и тоа со сила,јас што ја будам . Во 24ч пие околу 450 -500мл. Што да правам навечер, дали да и нудам пак?или да пробам да не ја будам?
A внесот во 24часа е доволен ? Дека јас што ја гледам табелава на нутрибен млекото, таа треба многу повеќе да пие.. Ќе пробам баш вечер да не ја будам за јадење Фала ти.
Па нормално дека ќе земеш повеќе кога веќе тешко се наоѓа во продажба не е твоја вина,ако го има редовно во продажба сите ќе купуваме по една
Лелее не ја буди,чим не пие и не се буди за млекце уживај оставај да си спие,секое бебече е различно,некои повеќе пијат млеко некои помалку
Кај нас веќе барам со месеци буквално празни рафтови,вчера кога бев во Дм само од 2 ка и 3 ка имаше и тоа две кутии на рафт катастрофа и од тоа што е 1+ имаше околу 5 кутии , баш како шо кажа земав со мене повеќе пари за ако има во случај да купам повеќе,ама ништо не најдов хахаха
Јас минатата недела кога барав низ скопје 1 немаше воопшто, 2ка имаше од био и тоа по малку 3ка и 1+ имаше. Јас барав ПРЕ и едвај успеав 5 кутии да соберам од цел град.