170ml? Не е многу? Ние сме 5 месеци пие 150мл, до пред една недела пиеше 120мл (само вода сметам без тоа што крева од млекото) На 3 месеци мислам дека пиеше 90мл. А за тежината да не зборувам сега е 8.5кг сигурно.. ако не и фазла.
5ипол кг е, има 5 оброци по 135 и навечер 2 по 100, некогаш не ги допива тие по 100. Околу 820 милилитри внесува во 24 часа
Почнавте со замена оброк или уште е само на млеко? Моето од рагање си е лакомо. Педијатар ми рече таман си е и супер напредува, ама јас сега не знаѓ дали да зголемам оброк
Моментално сме на вкусови уште немаме замена оброк. И мојот е лаком до сега брзо пиеше од 1ца цицла бидеќи се давеше од 2ка
Да ама тоа 135 не му стига веќе, еднаш-два пати на ден бара повеќе, а 170 му е многу и повраќа, затоа не знам колку да давам
Прво му давај 150мл, но не сите оброци. Постепено зголемувај. Пробај прво да зголемиш со првиот оброк после спиење или тој пред спиење навечер.
Не, туку вкупно вода и прашок. Ќе направиш доза 150мл+5дозерки т.е 170мл и нема да ја дадеш цела доза да ја испие, ќе оставиш малку во шишенцето.
Мајки здравоо, почнав да му додавам ад на малото пошто не и стига веќе моето млеко. 7 месеци сме. Е сеа,од ко ќе го напрам млекото колку време можи на собна тт да седи? Прво ќе поцица па додавам ад ама не го допива одма туку пример по 15 мин до пола сат пак сака. Смеам истото да го додам или ново?
Ако е пивнато, до еден саат може да стои. Ако е само направено до 2 саати на собна температура, ама јас не давам ако е повеќе од пола саат стоено.
3 месеци е, околу 6,5-7кг и пие 5-6 шишиња по 150мл. Деновиве не ги допива не знам зошто, препишувам на скокот.
Ве молам за помош. Дали има некоја во слична ситуација? Бебе ми е 7 дена, спонтано породена во 37ма недела, не ми го носеа често на подои во болница, ми го носеа нахранет со 60мл аптамил. Сега дома со тешки маки и борби на града потцицнува по некоја минута ама веднаш му давам аптамил и си ги пие 60мл. Јас оф млеко немам најава, уште колострум капки течат. Прво дете ми е, дали има шанси да надојде млеко во оваа поодмината фаза по раѓање? Фала
Мајки здраво имам цела кутија аптамил пронутра ја подарувам,само е отворено бебе не го прифати ако некому му треба јас сум во К.Вода..
Наредната недела син ми прави 6м, инаку е на АД хип комбиотик, сега ми е при крај кутијата од 0-6 месеци - кецот, па да прашам дали двојката се дава сега или да продолжиме со кецот?
Здраво мајки. Прво дете ми е, 9 дена е синко, морам да знам дали има некоја од вас бебе од прв ден со аптамил? Сакам да знам како ќе ми изгледа иднината, не си замислував бебе и шише никогаш. 2-3 капки млеко имам, ниеднаш не ми се стврднаа градите ниту надојде млеко. Срцево ќе ми се распарчи од мака.
Не мора да се стврднат градите, ставај го на града колку има толку , за почеток и не треба многу. После тоа колку повеќе цица - повеќе млеко ќе надојде.