Може да какаат по 8 пати дневно или еднаш на 3 дена и се е во границите на нормала. Секое бебе своја приказна.
Постои ли некое ад што е по питко да речам, за 13м. Може ќе треба да ја одбивам, а еве неколку пати давам и ми плука, како да се гади. Од хипп и имам дадено 2-3 различни, други не. Идеја кое да го земам?
Жени да ам аптамил два, тука пишува три пати во 24 часа по 180 мл, како го дозирате млекото вие? Како да ги дадам оброците
Бебето е шест месеци, не било никогаш скроз на ад, давам и мајчино млеко, повеќе како дохрана, ама денес цел ден бев на работа па затоа не знам сега како да правам. Инаку почнавме со вкусови јаде околу 10 лажички кашичка.
3 млека се малку за таа возраст, посебно ако нема друг оброк. Мислам дека 6 млека по 150мл+прашок би биле доволни за таа возраст. Сега колку пати пие млеко? Без разлика АД или мајчино?
Сега сигурно пуе 6-8 пати од кои два патти АД, ама еве денес не бев цел ден дома и има барано повеќе патти и ми е страв да не му биде нешто
Епа тогаш ќе го терате истиот распоред и кога е само на АД. 6-8 пати по 120мл и некој по 150мл т.е 135мл и 170мл. Комбинирај ги како ти одговара за да не надминеш 1л во текот на денот. Постепено ќе заменуваш млеко со цврста храна.
И мочканите пелени се бројат, имаше ориентационо број на мочкани и какани пелени во 24 часа. Бебе е мало, ако имаш сомнежи обрати се до педијатар
Бебе од 2.3кг тежина на испуштање од болница пиеше 8 пати по 40-45мл млеко. Редовно полни пелени. Сега на последната контрола бидејќи не било доволно напреднато ни препорачаа веднаш да зголемиме на 60мл т.е две мерилки од млекото што би дошло и повеќе од 60мл - 8 пати во ден. Половина од времето успева да испие толку и повеќе маки има со стомачето. Според ова што го читам ми личи како преголема доза да е.
Многу е 60 мл за 2300 бебе. На 3 часа даваш, се буди навечер или го будиш? Мојава е родена 2800 па не можеше првиот месец да испие повеќе од 45 мл. И што значи не е напреднато, првите контроли ми беа во Ремедика па ме испонервираја со тие дневните грама делење множење, еднаш многу следна недела малку бла бла. Според тежина треба твоето да пие 45*8 , значи 360 мл на 24 часа. Евентуално некоја флаша пример насабајле нека биде 60мл, ќе приметиш сама колку и кога треба да зголемиш. Мојава првата година стандардно качуваше од 300-600 грама месечно.
Не мора сите оброци да бидат 60мл. Зголемувај постепено. Колку сака толку. Моето го испуштија од болница со тежина како твоето 2.3кг со препорака дека пиело 60-65мл. Но никогаш не успеа да испие толку на почетокот. Требаше да помине време. На деца со мала тежина формулата мислам дека беше тежината*200, додека не постигнат 3.5-4кг.
За една недела дома само 150гр напреднато, односно ни родилната тежина не е вратена. Инаку често на 3 часа станува и само за јадење.
Сепак има напредок, не стагнира. Првото дете за еден месец дома имаше качено 400гр, родилната си ја врати после 3 недели. На кое млеко е? Јас на помалото му давав почесто а помалку да пие, бидејќи не ја пиеше од еднаш целата доза. Пробај така.