Здраво мамички, Бебо си пиеше аптамил 1 се додедка не дознавме дека сме интолерантни на лактоза.. сега од кога и го смена докторката во аптмил free lactose какачката и е злена.. дали е од промена на млеко или е гладна?
Девојки, што сте со повеќе искуство. Имаме препораки да зголемиме од 60мл на 90мл млеко по хранење на бебе. Е сега се работи за бебе од 3кг, кое засега јади 8 пати. Нели е многу одеднаш толкаво зголемување? Да зголемам прво на 70мл еден период, па на 80мл и полека до 90 да стасуваме? Или од 8 хранења, 2-3 по 90мл, другите по 60мл? И вака 480мл за дете од 3кг ми изгледаа многу. А тек пак да пие 720мл.
Здраво мами, тие што користат хип комбиотик 1, колку пари го земате на 2 места земав по различна цена, последно у Систина 1440 ден 800гр, втор пат земам, дали е ок ценава?
Зошто ви препорачале да зголемите? Не напредува доволно? Не мора да му ги зголемуваш сите 8 оброка. Почни прво со еден и не значи ако направиш доза 90 + 3 дозерки т.е 100мл дека бебе мора да ги испие сите. Може нема да сака, ниту пак ти треба да форсираш да го испие до крај. Сега ако пие 60+2дозерки, 8 пати значи пие 560мл. Мислам дека е сосема доволно за тежината. Но и ако сакаш да зголемиш да му даваш по 70мл, тоа веќе пие по толку. Ако зголемуваш на повеќе од 70мл вкупен оброк, ја правиш наредната поголема доза 90мл+3дозерки и даваш да испие 80мл, остатокот го фрлаш. Не правиш свои математики вода и прав за да стигнеш до посакуваната доза.
Вредностите што ги пишав само на вода мислев. Не дополнително со млекото. Инаку напредува доволно меѓутоа понекогаш бара јадење и на помалку од 2 часа. Секако ја занимаваме, шетаме да помине време, нели адаптирано, па не давам толку често. Затоа педијатарот рече дека треба да почнеме со зголемување. Благодарам, ќе почнеме така. Со едно или две зголемувања во денот, па за натаму ќе видиме.
Здраво мајки, вие што имате преминато на 3ка после годинка по колку дозирате? Тоа што е пишано некако ептен малку е
Кое млеко го користиш? Како е дозирањето? Моите пијат Hipp combiotic 3, на 45мл една дозерка. Еден оброк им е 180мл вода + 4 дозерки. Доволно е.
Претходно колку милилитри пиеше? Ако сакаш дади му поголема доза 225мл вода и 5 дозерки. Мислам дека е многу но ти најдобро си го знаеш бебето.
Ние зголемивме така одеднаш и бебе ќе си испиеше колку сака другото го фрлав. Обично еднаш до два пати во ден пиеше 100, другите му беа 70-90 мл. Ама и со зголемување доза кај нас пак бараше често, дури сега на 4 месеци си фати некој ред да пие на 3ипол часа
Мајки, ај да ве прашам. Бебево ми е на комбинирана исхрана, има 3 месеци. И давам хипп комбиотик хипоалергена формула, и' прави зелена столица. Педијатар рече океј е, ама ме интересира дали и кај други бебиња прави вака. Фала.
Океј, друго прашање: со каква вода го проготвувате млекото? Јас почнав со вода на хипп, ама дека поскапа не е за долги стази, па почнав да превривам флаширана вода, а мајка ми ми вика не било океј, тоа било мртва вода, а таа од чешма полна со бигор кој не се вади со процедување преку газа..Чаре?
Мртва вода? Каква е таа? Флаширана користам, не ја превривам. Ако користиш од чешма треба да се преврие.