Мила мош веќе не ти треба ама сега видов. Мојот пие 150 вода + 5 мерици. Некогаш се случува да не ги допие ама ретко
Моравме да одиме на свадба, имав млеко хипп конбиотик купено пред да се породам ама не, не пие од шише госпоѓицата Ни па од шприц и лажица. Ни измолзено мое не пие. Нема оставање на ова мое бебе
Здраво на сите, бидејќи девојчето не сака да пие адаптирано млеко, дали може адаптираното млеко да се меша со несквик заради вкус? Инаку сме 13 месеци.
најчести знаци се дијареа, повраќање. Е сега како се потврдува, ваљда прават некој тест, појма немам.
Има тестови што се прават и покажува таму дали се интолерантни, на нас ни правеа во Ремедика каде што се породив во пакетот спаѓаа.
Мајки дали сте смениле од обично на анти рефлуксно млеко на своја рака? Бебе ми е 2 месеци, не спиеме со недели има тивок рефлукс, не повраќа ама нон стоп плаче хистерично пред и по јадење, едвај подригнува по пола саат се држиме и тоа во плачење и цело време му се враќа и го голта па се гуши, кашла и ика цело време.
За АР млеко јас би се консултирала со педијатар сепак Јас ќе менувам од ХА млеко на обично бидејќи било дефицитарно, кај нас го нема, уште малце имаме само
Исто бевме и ние, не повраќаше ама враќаше и како да се гушеше...исто на 2 месеци ни дадоа АР млеко,ама во консултација со педијатар на своја рака не...сега е малку подобро и обавезно на подигнат душек да спие под агол..јас имам таква подлога земавме и уште спие на неа веќе сме 4++месеци ама кога го ставам на рамна подлога пак му се случува некогаш да врати..
На Хип Препорачано во болница беше тоа, ама еве во мој град го нема Ѕвонев на педијатриве од болница, никој не ми се јави... Го имам земано кај нив само во аптеката
Ако е ова Во зегин онлајн го има на залиха за 0-6 месеци, а сигурно го има и низ други аптеки. Ако немаш кој да ти прати од тука, зегин имаат објава на страната дека наскоро ќе имаат достава низ цела држава. Спојлер
Сосема разбирам. Низ скроз истото поминуваме..само што моето + бљуцнува. Ние сме на комбинирано и сеуште со аптамил прематуре, бидејќи е предвремено. Инаку спомнав на педијатарката за случајот, рече ќе сме виделе како ќе оди понатака, па ако има потреба ќе смениме на АР млеко. Доколку почнете со АР млеко, пишете кое ви го препорачале.
А некогаш спиете? Има денови каде имаме 7-8ч сон во 24часа...и тоа не сврзан. Се на сецкања. Не знам што е полошо, денот или ноќта. Ужасно спиење има, не знам како сум уште жива
Преку крв од прст. Мислам секако е добро прво консултација со педијатар околу симптомите. Во било која од приватните лаборатории може. Ова дека хистерично плаче пред и после јадење ме асоцираше дека можеби си има мака од лактозата
Фала ти. А интолеранцијата може да е причина за неговото неспиење и неврзување ни 2часа сон ни ден ни ноќ?