Доколку е анемично или внесува многу голема количина млеко во 24h. Доколку не е, може да си остане на почетна формула затоа што е поадаптирана на мајчино млеко...
Бидејќи и мене порано не ми беше јасно дали се преминува од 1 на 2,3,4ка прашав консултант од фирмата за АД и ми го кажа следново: Пожелно е да се следат препораките на кутијата што ги пишува, ако е до 6 месеци тогаш се пие до шест па после се преминува на следното. Како растат бебињата им се менуваат потребите за витамини и така и се прилагодени во составот. На вкус имаат неприметна разлика. Јас до сега не сум имала проблеми при менување, а започнав од 1 и сега сме на 5.
Мене ми се супер и ги перам во машина на горната полица. Може да се случи да капе млеко само ако се склопи влажно шишето
Дали некоја од вас што имала прематурче користела Новалак млекце? Јас после маки мачење со Аптамил ги префрлив близнациве на Новалак, на едното обично 1 му давам, на другото антиколик, затоа што има мнооогу јаки грчеви. Ама читам на кутиите да се внимава со употреба кај прематурчиња и не знам зошто, што значи тоа. Докторкиве кај што идеме се запнати за аптамил само, а тоа ич не им одговара и не можам да ги прашам. На ова бебе што му давам новалак 1 овие два дена личи најадено, не плаче како што плачеше со аптамилот, ама столицата му е жолта, малку накај зеленко и сега тоа ме плаши, да не не го најадува како што треба? Аптамилот го какаше несварено и беше константно гладен. Веќе не знам што да направам.
Да? Јас па а видам малку различно од жолто одма паника ме тепа. Дај боже да е од тоа, се изнамачивме и не сакам веќе да му менувам, само да е најаден.
По потреба му давам Аптамил без лактоза. Има 6,5кг и пие по 150мл но нема шанса да издржи три часа без млеко, за два, два ипол почнува да плаче. Дали да му зголемам доза или да давам и на два часа? Или можеби е до млекото, некаде прочитав дека е послабо од другите и не ги држи сити три часа.
Ако добро го сватив прашањето е за зелена столица? Стрикно за зелена столица може да се јави и ако бебето подолго време не било какано, т.е каката оксидирала. Ист проблем имавме ние испадна дека е од Бебелан млекото, бидеќи го исклучивме тоа дека добро напредува.
Прашањето ми е и за зелена столица, но и за употреба на Новалак кај прематурчиња. На пакувањето пишува да се внимава кога се употребува кај прематурчиња, ама не разбирам на што да се внимава. Сакав да видам дали има некоја со прематурче и препорака да користи новалак, или кај сите по дифолт го даваат аптамилот.
Со прематурче знам другарками беше презадоволна од Нан. За Новалак немам искуство нека кажат мислење членките.
Јас се напнав со ова тесно или широко грло. Во аптека ми рекоа немало разлика а од Др. Браунс ми рекоа широко било за тие што цицаат мајчино млеко.
Само аптамил го научиле и го тераат. Со новата формулација викаат дека правел потешкотии на стомакот. Соодносот на казеин со сурутка бил изместен нешто така. Има една група на фб за адаптирано млеко, скоро се таму читам. Мене педијатарот само ми рече сите млека биле исти
Нашава ми рече која и друга марка да ти ја препорачам нема гарант дека нема да прави запек. Барем објективна е. Мн се нервирам со вештачково млеко, демек најблиску до мајчино млеко, жими таквото најблиску.
Јас колку што знам нај најблиску до мајчино е ПРЕ, кај нас само од ДМ био го има. Инаку нели има млеко за запек ИТ ли беше со омекнувач на столица.
Аха, сега испадна аптамилот поевтин. Ние сме на хип, мм вчера земал 1289ден го направиле, еве уште пцуеме и двајцата.