Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адаптирано млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 12 јануари 2013.

  1. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Дали имате искуство со Хип Комбиотик Органик да повраќа бебе?
    Моево го пие тоа и редовно знае да бљуцне, не се млазови туку бљуцкање ете
    Имам два блиски случаи, исто беше, дали е до дечињава што се лакоми или до млеково можеби?
    Големава воопшто не ми повраќала
    Ме убедуваат дека е вишок, дека е лаком, ама некако немам искуство со големава такво па ми е чудно, не може да е вишок секое пиење млеко, штознам
    Инаку после секое пиење го дигам да си подригне, и го држам исправен 10-15мин сигурно

    6 недели е бебе инаку, дали да му пробам друго млекце, не знам што да правам
     
  2. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    21.632
    Пол:
    Женски
    И ќерка ми беше така. Цело време бљуцкаше и го сменивме на крај.
    Во нашиот случај не ни качуваше нешто кој знае што на килажа. Се префрливме на Бебелан, убаво почна да напредува и без бљуцкања.
    Сега сме на ДМ Био и сум доста задоволна ама мојата е поголема. На 3ка сме
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Фала ти мајка
    Сигурна бев дека не е само така вишок секое хранење, чекав потврда уште од некого :$
    Сменивме на Аптамил ние, бебе го јаде цело и нема бљуцнато до сега 8-|
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Нас аптамил ни правеше страшни грчеви, кога преминав на 2 стигнавме до болница од запек. Аптамилот е тежок за варење. За првото дете ова. Преминавме тогаш на хип комбиотик и дете се прероди мислам. Индивидуално е сепак, на некое бебе нешто одговара на друго не. Блуцкање е нормално колку што знам јас иначе.
     
  5. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    21.632
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека не е добро на секое пиење млеко да бљуцка.
    Педијатар ми кажа дека од тоа и не крева убаво на килажа мојава оти тоа што го бљуцкаше не и беше вишокот. И на 30мл бљуцкаше кога и давав дохрана покрај цицање, и како се префрлавме на АД се повеќе и повеќе бљуцкаше.
    Со дохрана мислевме дека е вишокот што го исфрла па дури и ја прекинавме дохраната таа недела и детево 20гр имаше качено. На крај кога сфативме дека не и одговара ми идеше од газот да си апнам
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Suze18992

    Suze18992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Бебе денес точно 2 месеци на Аптамил 1 сме му давам по 60 мл али ми се буди пред 3часа и плаче вреска за јадење, пред две недели на контрола беше 3210, почнав неколку пати во денот да му правам 90мл и му дозволувам да пие до 70 до 80 мл .
    Колку пијат вашите бебиња на таа возраст ? Прашав педијатар ми кажа доволно е 60.
     
  7. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Можно е не викам не. Може и да не одговара млекото ако е на формула. Но има и лакоми бебиња, па го блуцкаат вишокот. Бебиња што само цицаат и блуцкаат цело време, знам и такви. Нема што да се обвинуваш, сите го правиме најдоброто за нашите бебиња, учиме со нив и не можеме се да знаеме. Битно сте нашле кај е проблемот и сте го решиле.
     
    Последна измена: 9 април 2023
    На Lavica2602 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.793
    Допаѓања:
    5.764
    Пол:
    Женски
    Бебе беше околу 2700-2800 грама кога ни рекоа да преминеме на 90мл по оброк, нешто над месец дена старо. А веќе на контролата на два месеци околу 3600 гр беше, кога докторката кажа дека на таа возраст се преминува на 120 мл. Ми изгледаше и мене многу искрено и пa почнавме со пола количина и така тераме неколку недели веќе.
     
    На Suze18992 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Suze18992

    Suze18992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    И твоето бебе колку што се сеќавам е предвреме родено...
    Мене ми беше страв одеднаш на 90 мл да го префрлам да не му направи проблем на стомачето али гледам он си сака да си јаде.
     
  10. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    После секое шише да бљуцка, дури и на мала количина млеко, подригнато, држено исправено е нормално?
    Големата не ми бљуцкала, немам искуство такво мајка и затоа прашав
    Веќе 24h е на Аптамилот, не бљуцкаше до сега, а грчеви имаше денеска на пладне малце, исто ко со Хипот, па ќе видиме како ќе биде деновиве...
    се надевам ќе му одговара ова млекце
     
  11. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.945
    Допаѓања:
    6.181
    Пол:
    Женски
    Блуцка и моето сеуште. Порано почесто, по секое пиење, сега 1-2 чати во денот само. Исто е на хип, ама напредува и не го сменив, можно е да е до млекото шо знам. Види може аптамилот повеќе ќе му одговара, на мојот му направи многу грчеви па затоа сменивме хип уште првиот месец.

    Туку да ве прашам можно е хипот да му прави запек? Кака на 3 дена, веќе не знам што да правам со тоа. Некогаш многу се мачи и плаче додека да се искака. Има тврда столица најчесто. Се мислам да го сменам млекото. Има некое млеко што омекнува столица?
     
  12. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Искрено се надевам дека нема да има грчеви и дека ќе има редовна столица оти ќе побудалам, нема да знам кое млеко да земам веќе


    Новалак ИТ е такво млеко инаку мајка, за доенчиња со запек
    Види консултирај се со педијатар за тоа млекце
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.945
    Допаѓања:
    6.181
    Пол:
    Женски
    Тенксс баш ќе проверам во Швајцарија дали го има
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.793
    Допаѓања:
    5.764
    Пол:
    Женски
    Да, предвремено е родено. Не сум допишала скроз. Значи од 90 на 105 мл преминавме бидејќи ми беше премногу оддеднаш од 90 на 120 мл. А, сега веќе на неполни 3 месеци дел од оброците се 120 мл, дел сеуште 105мл.

    Дали даваш пробиотик сеуште? Кај моево бебе со промена на пробиотикот се среди проблемот со тврда столица.
     
    На Anturium и Suze18992 им се допаѓа ова.
  15. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Да не го стегате за стомаче многу кога го држите? Сум приметила ако го фатам лошо бебе и тоа знае одма да блуцне. Иначе еве вечер 3 пати цицаше 3 пати блуцна и бебе. Штом не блуцка со аптамил може и до млекото да било, најдобро ќе си процениш ти следејќи го бебето. Но и да блуцне не се грижи, многу бебиња блуцкаат, само да не е обилно повраќање.
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.945
    Допаѓања:
    6.181
    Пол:
    Женски
    Не давам оддамна. Педијатар ми кажа дека нема потреба од пробиотик зашто хип комбиотик веќе содржи во него. Кој пробиотик го даваш?
     
  17. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.793
    Допаѓања:
    5.764
    Пол:
    Женски
    Кај мене е неполни 3 месеци бебе. Почнавме со Биогаја за кратко време почна бебе да кака ептен тврдо и максимум 1 на ден или еднаш на неколку дена. Потоа преминавме на Ваја, со него е супер. Плус повремено давам и по 20-30мл чајче, ама не редовно.

    Инаку кај и да е веројатно и на моево ќе го прекинат пробиотикот, барем така вика педијатарот. Дека веќе нема потреба да даваме.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.945
    Допаѓања:
    6.181
    Пол:
    Женски
    Ке консултирам педијатар, може ќе пробаме со Ваја дали ќе се среди
     
  19. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Не го стегавме, искрено и не го држиме многу во раце, се лути, сака да е на рамно да претка со раце и нозе.
    Ама еве на Аптамил супер е, кака нормално, пие млекцето, не бљуцка воопшто, знае само да се полигави кога се напнува за нешто
    Според ова до сега, до млекото било работата, ама важно ја решивме :D
     
    На Nala37 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  20. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што сте нашле млеко што ви одговара. Нека пие бебе, нека расте:inlove:. Бебево мое почна да блуцка почесто после доење, па ми го ставивте црвот тука:D, иако знам дека е нормално, денес баш го прашав педијатарот и ми рече повеќе млеко ми надошло сосем нормално е. :)
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.