Друго е на мајчино мајка, ич да не те јаде црвот И јас сум била ко мала лакома за млеко само, доено дете до година ипол, ништо друго в уста, после секое доење мајка ми ме пресоблекувала Ова поинаку е сепак, ад може да не одговара нели на бебе, а со мајчино нема такви маки Он топик, како беше за пресметување колку мл млеко треба бебе да пие во 24h?
Мама има разлика со мајчино и АД. Мајчино не може да не одговара За тоа ич да не се секираш. Ама со АД е друг муабет веќе. Цела кванта физика.
Кг помножено по 150. Ако ме служи сеќавање како што треба. @Tiny Love е експерт за ова. 100 пати има пишано, ама извини срц не знам дали памтам убаво
Давам јас и АД 1-2 пати на ден по малку Навечер пред спиење обично. Ама блуцка после цицање, не после АД. А и не знам дали е баш блуцкање, вчера/денес по обилно беше па затоа реков ај да си прашам. Имам искуство и со АД со првото, ама она не блуцкаше волку. Наопачки кај нас
Мајки дали сте се соочиле со кликање (не знам како поинаку да го објаснам) кога пие од шише? Како да нема шмукање, се наголтува воздух и не сака да продолжи да јаде, со сила му го ставам шишето
Здраво мајки, Ве молам за ваше мислење. Бебе е 5 месеци на АД млеко е. Користиме Аптамил 1 но последните 2 месеци има премногу грчеви. Педијатар ни кажа да го смениме со Хип комбиотик а во аптека на сопругот му кажаа дека доста луѓе што земале на Хип се жалеле дека не им помогнало, дека подобро било на Новалак АЦ. Ве молам за ваше искуство ако имате со некое од млеката да споделите. Благодарам
Здраво мајки, Има ли некој искуство со Modilac млеко (формула) ? Препорака за најдобро ад млеко? Ви благодарам
Ние од аптамил 1 сменивме на новалак ак млеко и грчевите ни престанаа за неколку дена. Но почна да кака многу тврдо брбаланки, па сега еве се среди еднаш во ден давам новалак ит помпрепорака на педијатар.
Најдобро ад млеко е она што ќе му се погоди на бебуш, да сака да го пие, да не му прави грчеви и да си кака редовно. Модилак користевме пред да преминеме на специјални формули, супер го прифатија и имаа редовна столица. Претходно свашта пробавме додека да најдеме нешто што им одговара.
Ние од Аптамил 1 сменивме Новалак антиколик ама почна да кака како пластелин, тврдо и бело, една недела го користевме немаше некое подобрување со плачки и се вративме на Аптамил. Можеш да пробаш било кое извесно време
Мајки имаме излегување наредна недела каде што ќе бидеме со саати отсутни од дома. До сега не сум давала млеко надвор. Кажете ми кој термос да го набавам за вода? Имам еден на Twistshake ама пишува дека не е за чување на бебешка храна. Имам дозерка од Dr Brown, ќе ставам во неа дозата и во шише вода па во термос. Или имате поедноставен начин за подготовка надвор од дома?
АД во дозерки, а во термос топла вода. Во зависност колку оброка надвор ќе ми требаат, ставам потопла вода во термосот и носам плус вода за разладување или пак само топла вода во термос.
Јас користам на tuctuc. Многу мајки знам дека го користат на Twistshake, но ме збуни тоа што викаш дека го пишувало како предупредување. Исто задоволни знам што имаат од Карес термос.
Овој го земав баш поради тоа што имам тука од членки читано а и на опаковката пишува дека е за бебиња. Ама во упатството стои да не се користи за чување на млеко или бебешки производи....веројатно може вода?
Ние го користиме само за вода, така сфатив од упатството. Инаку овој доста долго ја одржува топла, а имаме и помал исто од твистшејк, тој не го бива.
Јас му имав давано на бејбилов од ДМ од хип комбиотик имаше екстремни грчеви и ова се погоди супер и финансиски е поефтино од другите.
Здраво мајки Имам едно прилично глупо прашање ама ме мачи веќе со денови. Дали е можно бебе одма после јадење да го кака испиеното млеко? 4 пати дневно само што ќе испие шише ќе го подигнам да подригне а тој си кака. И каката му е зеленкаста, а одбива да јаде поголема количина. Едвај 90 мл му пикам а треба 120 да пие
Можно е, и кај нас се востанови дека е од млекото, не го процесира, туку идма го исфрла. Нас ни се случуваше истото пред околу месец, преминавме од аптамил прематур на аптамил 1, и од тогаш после секој оброк, уште додека го држев в раце да допие и подригне, какаше, па после тоа вриштење со саати. На контрола имаше напреднато само 40 грама за 8 или повеќе дена, не се сеќавам од стрес и пак ни кажаа продолжете со аптамил. Ама јас на своја рака му сменив на новалак 1, и од тогаш наваму напредува дури по 40, 50 грама на ден, кака два-трипати дневно и помалку плаче.