Можеби глупаво размислување ама дали различните ад млека имаат различна хранлива вредност? На пример ако со Хип напредува многу повеќе од дозволеното, дали со Аптамил би напредувало помалку? Или обратно со Хип не напредува, па со друго би напредувало? Немаме проблем и не менувам млеко, чисто така си размислував.
Мислам дека не. Веројатно зависи од бебе дали му одговара. Онака би требало сите да се горе доле исти
Искрено матичната ништо конкретно не ни кажа, јас сама експериментирав и ете со новалакот се среди. Претходно какаше како вода со зрнца и грутчиња, буквално после секое шише млеко, а сега бојата е златножолта и со нормална текстура. Кога и кажав на матичната на следен преглед, рече а да, можно е аптамилот да не му одговара и не му го варел организмот, па бебево било цело време гладно уствари. Јас се плашев да менувам млека, ама очигледно неопходно е за да видиш која формула му одговара. Еве ги близнаци ми се, а на двете различни млека и различна доза им давам, така им одговара.
Значи дефинитивно гладен е. И на килажа не ми качува убаво, а какушката му е иста како што кажуваш...зеленкаста вода со зрнца. Инаку јас пред извесно време поради грчеви сменив на Новалак АК ама тек тогаш какушката му беше хаос, бела и текстура како пластелин и затоа пак вратив на Аптамил. Страв ми е да експериментирам на своја рака со млекава ама ќе морам
Пробај со Холе. Мораш да пробуваш и на своја рака , за секое бебе е различно, само немој да имаш брзи премини, треба да помине најмалку 3 недели да видиш како ќе му одговара.
Искрено не знаев дека има Холе. Од Холе имам пиено само чај кога се обидував да дојам за надоаѓање на млеко и сум задоволна. Од почеток користиш Холе или при менување ти се покажа најдобро? Зашто него го препорачуваш? Би го пробала, фала ти
Првите 2 месеци користев Аптамил, имаше грчеви малава па решив да сменам и ми го препорачаа Холе. И со Холе имаше грчеви не дека немаше , ама некако поубаво полесно го пиеше и константно напредуваше од него секој месец околу 600-700 грама цела година, ни премногу ни премалку, таман беше за неа. Сега има 2 год и уште Холе пие, (сега веќе нормално во многу мали количини), тетрапак не користам за неа.
Која е разликата помеѓу пре и 1 ад млеко? Имам близнаци родени 2520 во 2380 во 37г.н. . Во болница ништо не ни објаснија па дома почнав со пре од 30 мл. На прва контрола кај педијатар заборавив да прашам поради милион други прашања, само рече 60 мл да давам. Купив beby love pre денес нова кутија и продавачката ме советува дека подобро е 1 и пофранливо од пре
Пре е за прематурчиња и за бебиња со мала родилна тежина, но не е и трагедија да се користи првите 6 месеци или пре или 1. Пре има еден извор на јаглехидрати, 1 има два извори. Обично се дава ПРЕ до 40 гестациска недела после преминуваш на 1, во твојот случај значи првите 3 недели или додека не стигнат до 3кг. Обично е таа математика. Ама и едното и другото можеш првите 6 месеци. Полесен е премин од 1 на 2 отколку од ПРЕ на 2.
Не е така...си ги измешала Пре и Прематуре...пре е млеко пред 1, и го сметаат како формула најблиску до мајчиното млеко...меѓутоа има деца кои тераат со пре цело време дури пијат млеко, ако напредуваат правилно...Прематуре од друга страна е тоа што си пишала ти, за предвремено родени и за деца со помала родилна тежина @Kateruna можеш слободно да побараш на интернет да видиш во врска со тоа дали 1 има повеќе калории или не, пре и 1 никогаш не сум споредувала, ама имам споредувано 1 и 2, и 2 и 3, разлика во хранливоста искрено многу нема...само некои состојки повеќе ги има во едно или во друго...исто имам приметено од пракса кога сме преминувале од 2 на 3 пример не значи дека 3 повеќе го држи него 2...ако неможеш да најдеш на интернет, следниот пат кога ќе пазариш застани и спореди позади на секоја кутија има калорична вредност на млекото и направи споредба и според тоа одлучи си
Пре е почетна формула нема врска со млеко за предвремено родени деца. Разлика меѓу пре и 1 е тоа што пре е само со лактоза и е најслично на мајчино млеко.
Може ли некој совет од мајките што даваат временски подолго адаптирано млеко од мене да ми кажете во која положба ви пијат бебињата? Мислам дека како и да го наместам не му е згодно, се бунтува, тешко голта и после му се подувува стомакот и подригнува мал милион пати. А вака си гледам реел-чиња си ги хранат скроз легнати на грб опуштено. Мене рацеве ужасно ме болат од борба при секој оброк
Легнати, ќе ја свиткаш тетрата, ќе ја ставиш под шишето и така ќе стои..Ништо не им ..Има жени легнати дојат.Јас имав проблеми со кичма и немав друга опција.
Нас од старт патронажната ни рече да јади во раце, поткрената и така тераме 3+ месеци ама веќе станува потешка. И јас размислувам за опција веќе во релаксатор или со лежење да почни да пие млеко. Инаку можеби е и до цуцлата. До пред некој ден имавме цуцли и шишиња со 0+, некако повеќе се тегнеше, подолго време пиеше. Сега скоро една недела преминавме на шишиња и цуцли за 2+ месеци и некако подобро е.
Можда глупо прашање. 21 месец е. Млеко пиеше само ноќе дали 120мл ќе испие. НАН 3 до сега. Неколку дена по ред не и давам млеко ноќе дека пречесто се буди а и не го допива, само неколку голтки. Логично ми е дека е од навика. Бидејќи пие ретко, прашањево ми е дали е ок пример да земам на бејбиблов, како поевтина варијанта и која бројка? Колку да имам дома за секој случај. И сликнете ми какво дека знам многу ги има. Да не и направам проблем со стомачето ми е само.