@Tess36 @Misskirova Да се пофалам јас,Новалак ИТ земав и за еден ден му се среди запекот одма денес убаво си какаше а вчера почнавме со него. Фала богу,нека си продолжи вака. Иначе одма го прифати.
Да прашаам колку време од како ке го подготвам млекото може да стои. Само што и го направив таа заспа
задоволна и од двете,сега давам бејбилов кога ќе испадна некаде ,пие по 80-90 мл и два ипол саати е мир Зедов Холе козјо ама не сакаше да го пие
Јас сменив од Бебелан на Бејбилав. Подобро напредува со Бејбилав И нема зелена кака, со Бебелан имаше
Кога пробав на син ми да му давам Бебелан, бљуцкаше многу и бљуцнатото мирисаше гадно, како на скиснато, одвратно. Од Аптамил сум најзадоволна. Бејбилов не сум користела ама има многу задоволни членки тука.
Од бебелан имаше премногу грчеви, врискаше после секое шише, а и каката не му беше во ред, беше премногу течна, а и многу често какаше. Со хипп комбиотик му се среди се. Бебеланот и многу лошо мирисаше во споредба со хипп.
Користиме Бебелан, не сме пробале друго. Од старт е со истото нема некои поголеми проблеми. Освен ете зелена кака. Сега кај да е треба да почнеме и со број 2, па ќе видиме натаму.
Моето кога ќе бљуцнеше од Бебеланот мирисаше ко возрасен да повратил што ниту со Хипп ниту со Аптамил не се случило, стварно лошо млеко.
Мене од Аптамилот така ми мирисаше лошо ко ке бљуцнеше,сега со Новалаков океј е,нема некој мирис ептен лош.