Мајка како што знам сега сменивте на Новалак? Не е ништо зеленото. Мојата со месеци има таква кака . Ништо не е.
Bebeto ima 8 meseci i sme na Baby love. Po kolku ml mleko.davate na ovaa vozrast. Nekako kako malki da mu e. Kas mu dozir na 160 ml voda
Секогаш дозирав по кутијата како пишува. Ако мислиш дека му е малце направи му еднаш малку повеќе и ќе видиш али ако напредува добро не е гладно, да не му го прошириш желудничето.
На кое млеко има со 160 вода? Колку што знам 150 мл вода е со 5 дозерки, на таа мислиш? Секогаш прави комбинација како што пишува на кутијата
Мајки, со која флаширана вода припремате ад млеко? Која е разликата меѓу бебешката и обичната флаширана вода?
Изворска од големите 6л. шишиња или малите 1,5л.? Јас припремам со Горска за бебиња.. Ама за водава многу различни информации добив. Да се пази на количината на хлор, да биде од стаклено шише, а не од пластика, и тн... Па најдобро за бебиња да била наменета, прилагодена била за нив..
Најчесто од 1.5л шо се за да се потроши побрзо, нели ако стои подолго и таа по правило треба да се превирва заради бактерии чуда , јас не сум превривала никогаш флаширана вода и на почетокот ја загревав може скоро 1год, веќе не ама голем е мојот веќе. Секакви насоки ќе прочиташ да. Може знае некој постручно нека напише. Сум читала и јана дека била најдобра ли незнам, ние со изворска почнавме и така остана фала богу ништо немало и нема. Реално кој има финансии без да размислува да зема такви води специјални и во стаклени шишиња и друго може нема ни да размислува таква ќе земе.
Мајки сакам да преминам од 1 на 2 од истото млеко. Да дадам денес едно шише и секој ден да зголемувам шишиња од новото така? И што реакциида очекувам ако не му одговара? Може да изфрли од него или само повраќање промена на столица ќе има?
Зошто да го мешаш? Јас кога му давав ад ди преминуваше од 1 на 2 директно. Околу водата гледам прашувате. Било каква купечка вода е 100 пати подобра од таа од чешма макар и во пластика да е. Евентуално филтер да си ставите дома и така раат ќе сте си.
Мене во Англија ми рекоа никако до флаширана вода да не припремам млеко, само со вода од чешма провриена и секогаш на мин 70% да е кога спремам, причина-во флашираната има минерали кои не може детето да ги процесира, а провриена од чешма ради бактериите, на 70 степени за да се убијат бактериите во прашокот. Јас така спрмем цело време таму, сега тука си проврев од чешма. Ако случајно решам да сменам, онаа од флаша ја греете пред да спремате?
Па сега смислија и флаширана вода за бебиња со намалени вредности кои се прилагодени за бебињата Инаку да, флашираната вода само ја загревам.
Мајкиии помош!!! Бебето ми е 4 месеци никакво ад не прифаќа цел месец маки мачиме. Пробано : Hipp Combiotic , Novalac, Babylove, Bebelan, Holle и Aptamil. Пробано и со обично млеко од 0,9 масленост, пробано со битолско разредено со вода и џабее… Како пробува една голтка затвра уста и никако не ја отвара. Како да му се згадува и не сака никако. Пробано и повеќе време го оставив гладно и пак несака незнам веќе што да направам, а гладно е ….
Многу млека си му измешала и нормално да ми се згади бебе да прифати една формула и да се навикнати неговиот желудник потребни се една до две недели да го прифати па да почне да му е фкусно поточно да се навикне ако до сега си го цицала
Не сака ни да ги проба а не да му мешам. Те разбирам потполно ама од една голтка неможе да му се измеша. Буквално една голтка. Да испие барем 10мл ќе имам надеж вака ич…