Пробај со едно млеко од АД да ну даваш по малце во никој случај тетрапак млеко пробај со АД по малце додека се навикне на вкусот бидеќи до сега било на твое млеко о вкусот е поинаков мирисот на градата ја сака сака тебе да те осети а не шише паметни се малите ама биди упорна и давај му по малце додека се навикне на млекцето а тетрапак млеко во никој случај со големата се уште пиеме АД млеко а има 3 и пол но пие само навечер
Пробувам цело време… Од шише па со лажиче па се глупираме дома уште на лустер што не сме качени Само и само да проба малку повеќе
Ние имаме залиха од неколку кутии 1ца демек да не прифати 2ка од одма. Кога наполни 6 пробавме со 1но шише двојка на ден пробавме. Не прави некоја разлика. Сега давам комбинирано и 1ца и 2ка само за да потрошиме уште некој ден тоа што имаме.
Се изначитав јас различни опции Прво по едно шише на ден, па да се зголемува до комплетно менување. Другарка ми кажа дека тие во самото шише давале, на пример прво 4 мерици 1ца, една мерица 2ка. Па после 3 со 2 итн до комплетно менување. Јас се одлучив да пробам со шише само 2ка без експерименти. Не знам ни дали осети разлика. Ми беше ризик да немаме 1ци воопшто во случај да има некои потешкотии, така да додека ни е залихата при рака, ќе комбинираме. Сигурно уште едно 10тина дена ќе испадне комбинирано. Па после само 2ка. За да чувам нови кутии или пак да ги фрлам единиците само затоа што е 6 месеци и 10 дена пример, немам намера. Секако колку злато коштаат.
Водите за бебиња се нискоминерални, а и од флашираните што ги пиеме ние има избор на води што се со доста ниски дози на минерали така што безбедни се
Видов баш во аптека и прочитсв состав, ќе земам некако попрактично ми е, а фактички само ја греам после до одредена тем за да се стерилизира прашокот или како?
Малце само ја загреваш и го додаваш млекото. Ќе си ја направиш топла онолку колку што му одговара на твоето бебенце. Јас користам Бебелан
Ама мене ми рекоа дека треба да биде водата на одредена тем. за да се убијат бактериите во прашокот ако случајно ги има, а за да се деси тоа мора да е на 70%. Всушност мислам дека и на упатството на аптемил кое го земавме го пишуваше ова, затоа мислев не ми прави разлика каква вода користам. Значи досега никако не ја загревате на 70%? Мене некако шубе ми е.
Никогаш не ја загревам толку, а и за прашокот да се стави не треба да е толку жешка. Ако ја загреам ќе треба да ја чекам да се лади за да може да пие и ептен ќе се развлечи работата. Сметам дека во млекото нема никакви бактерии и дека се произведува по ептен строги стандарди па од таму и нема простор за грижа. Јас лично, досега сум немала никаков проблем.
Сум пишала проценти степени мислев. Значи јас сум едина будала што преврива вода и ја фрла ако е изладена. Мене дури таму во болницата ме караа како тоа со млака вода сум растворала, јас си правам секогаш два термоси, еден во фрижидер и еден топол, не скроз врела ама 30мин изладена и после растворам во топлата па разредувам со ладна. Вака и по темиве прочитав, додуша јас користев готови шишенца таму најчесто, ама на почетокот вака правев. Епа ак може ќе се опуштам и јас да не правам вакви процедури. Мада на доење сме ова ми е за во ситуација кога го оставам на чување оти со молзење немам млеко, ама вака правев
Ама можеби користеше вода од чешма. Вода од чешма и јас би превривала и тоа за да се стерилизира водата, а не АД.
Мојава само на почеток и ја загревав малку зашто ептен беше ладно зимо. Сега веќе со месеци директно мешам со флаширана вода на собна тт.
Исто. Јас ја загревав додека да сфатам дека нејќе топло млеко, првите неколку дена. Само што јас не користам флаширана, туку од бокал за филтрирање ставам директно