Јас сум од Тетово, кај нас го има само во една продавница. Види на 24ч аптека, јас таму го гледав кога ми кажас во болница дека такво му давале
Еспумисанот знаат често проблем да направат смени ги со нурсе харвејс сирупот, саб симплекс или нешто друго. Или Само пробиотик давај линекс, ваја итн.
И мојата е 7+ истото млеко го пие и имаше проблем со тврда столица се додека не и давав сокче од морков, сливи и круши и почесто сливи во кашичките. Тоа нас ни помага..
Значи можно е и до млекото да е. Не сум го сменила уште страв ми е поголем проблем да не биде. Јаде и пие се тоа секојдневно, помага некогаш. Сакам нешто што ќе го реши проблемот конечно Да се редактирам. Сокче од морков? Нели морковот запек прави?
Мислам дека сигурно е до млекото истиот проблем го имав и со поголемата ама совет од педијатар беше да не менуваме млеко повеќе течности и сл. Затоа што еден месец земавме холе и на крвна слика одма имаше промени, а со хипот правиме исто крвна слика за вакцини и се е досега океј...
По колку мл ви пијат бебињата на 3 месеци? моето по 90 или 120 правам ама многу почна да ми бљуцка најверојатно се прејадува или не му одговара ад пиеме Новалак АР,аптамилот не го сака плус има моето висок протеини .пие на 6часа ад измегу цицаа.Купив Холе козјоо незнам со тоа дали да пробам
Мајки, кое ад е најдобро за почеток? Барем првите денови после пораѓај, додека (ако) ми надојде млеко? Да чекам да ме посоветуваат од болница или да земам некое за секој случај?
Од болница ќе ти кажат кое му го даваат и со такво ќе продолжиш нормално доколку нема мака како грчеви, повраќање и слично.
Не земај, ќе ти кажат во болница, пример мене и на цимерката ни кажаа различно млеко, нас ни препорачаа аптамил прематур, а неа хип комбиотик.
Мајки, јас малтене го изгубив млекото, и од пред два дена почнавме да се дохрануваме. Во зегин ми го препорачаа Холе, ама бебево го плука не го сака. Инаку не ми фаќа ни шише ни цуцла, па прихранувањето ни е хорор, плачки, ја се препотувам цела не знам ни дали е најдена, хаос сум... Купив Нан, и тоа не го сака нешто многу, помагајте, што шишиња да зимам, кое млеко??
Здраво мајки. После вакцинација бебуш 2 дена беше со висока температура над 39 па мораше да дадам сируп. Сега одкако е подобар одбива да пие млеко. Иначе сме 6+ месеци. Од раѓање па до сега користиме исклучиво аптамил. Некоја искуство како да се убедиме да го пие?
Зависи од килажа. На секоја храна пишува. Јас по совет од педијатар и сопствена интуиција нели, давам 3 пати денот по 150 мл за бебе од 4.300. Претходно давав по 120 и бебе секогаш по јадење плачеше за уште, а претходниот педијатар ме убедуваше дека многу биле 120мл за нејзина возраст (2м). Овој педијатар рече да се водам по кг а не по возраст. Јас давам аптамил, на неа конкретно е збунувачки упатството затоа што возраста не кореспондира со наведената килажа. Сега 150мл и се доволни и по јадење не е веќе вознемирена.