Со доење престанав скроз од неќна инаку веќе втора недела како му правам по 180мл. Бара на 3 или на 4часа. Убаво си ги пие не ги повраќа значи таман му е. Преку ноќ бара да јаде само еднаш значи вкупни оброци му се собираат 5-6. На 6ти прави 3 месеци но веќе сигурно има 7.5 кг го мерам заедно со мене на вага. Долг си е некако мене не ми е дебелко хаха
Исто на три месеци и една недела мерена. Се роди 53 цм и 3450. Слободно дај му и повеќе ако му се пие. После подолго ќе биде сито. А вака на секој саат два само лажење. Јас во последно време пумпам и давам..во четврти скок е. Ми одбива да цица. Ќе смукне три пати и остава. Не ме исцицува и тоа што го има. 90-120 пиеше после цицање. Е сега ако не цицне 180 до 200 ќе си ги испие. Сега веќе и јаде поретко по повеќе. И поубав распоред на јадење има. А кога давав по 60 или 90 мл бараше постално и само тоа правев.
Од кога почнавте со аптамил 2? Во среда прави 6 месеци, а мм купил веќе 2ка. Дали можам да давам или да купам 1? 7кг има.
Здраво бебето секое утро после пиење млеко хип комбиотик 2 има течна столица, исто така е и во фаза на вадење заби дали можеби треба да смениме млеко или сепак е од запчиња?? Ајде искуство тие што користат хип 2
Колкаво е? Колку пати кака? И ние имаме ваков проблем. Моето е плус настинато и заби го мачат. Моето е 15 месеци.
Дали е задолжително да се дава ад со подгреана вода? 10месеци е бебе, на ад е...што ако му сменам да му давам само со хип вода незагреана?
Исто и ние, 2 месеци и 10тина дена пие ад на 2/2ипол саати по 90/120 зависи. Исто сме 7200кг. Ние користиме хипп комбиотик.
Некои даваат со незагреана. Јас не сум давала така бидејќи мислам дека не се раствора убаво. Можеби грешам, но ете... Сум се држела до упатството.
Вие што користите хипп комбиотик 1, кој пробиотик го давате? Знам дека е индивидуално, само да чујам мислење. Јас моментално не му давам затоа што од Биогаја поретко и потешко какаше, а од ваја повеќе се грчеше. И кој е процесот на менување на ад? Сакам да пробам Аптамил без да му наштетам на бебче ако е можно…
Дали хипп водата ја варите? Ние користиме Роса и маж ми смета дека треба да се вари па оладува до одредена температура. Јас правам и така и така и не му смета на бебче…
Мајки, како ги одржувате шишињата за ад ? Имам и пластично и стаклено , пластичното го вријам после секоја употреба а стакленото само го одмивам со жешка вода . Денес земав и сјај на Frosh , планирам стакленото да го измивам со тоа . Дали грешам негде ? Или предложете некој полесен начин
Јас од кога е родена со зовриена вода правам и после ја ладам така јас правам за поубаво да се раствори млекото иначе користам ладна флаширана и неа ја вријам.
Јас имам стаклени шишиња прво ги мијам со сјај фрош со жешка вода па ги стерилизирам во стерилизатор од чико или ако ми се брза едното го вријам во тенџере битно да ми е вријано не само потурено со жешка вода сеа други можи поинаку прават.
Јас миев со Фрош и со жешка вода на почеток, до некое време, плус вриење во тенџере. Бидејќи имаме обавезно по 2-3 шишиња на отприлика 2 месеци и ги менував со нови, а цуцлите на месец. Сега веќе е 9+++ така да повремено ги вријам само, може 2-3 пати неделно. Дневно попарувам со зовриена вода. Проблем немала.