Имаме Baby Brezza машина за правење ад. Автоматски ја загрева водата прави мешавина. Ама се зезна термостатот, а бидејќи е од Америка дури да стигне делот....затоа и прашувам дали смеам со собна температура да дадам.
можеш во еден термос да имаш топла, и кога ќе го правиш да ставиш малку топла да додадеш ладна, така е најбрзо
Јас додека да го дотрошам хип давав еден оброк хип а еден аптамил, потоа си продолжив со аптамил, кај мене немаше проблем, ние го сменивме хип по препорака на педијатар, бидејќи не качуваше килажа од него, инаку ако немс проблем од хип зошто да го менуваш за проба само
И за големиот последните месеци не топлев и за бебе сега најчесто не ја топлам туку на собна растворам. Хипот нема проблем, убаво се раствора и со вода на собна. Колкаво е бебето? Јас само одмивам со сјај и после топла вода или во машина ги мијам така да има делумна стерилизација. За големиот стерилизирав кратко, за ова само пред прва употреба. Ама да напоменам моите и двајцата после 7-8 месеци почнаа да пијат АД, до тогаш беа само на доење и нормално дохрана.
Можеби, не знам. Сигурно е и побрзо да не загреваш вода, но ете секогаш сум се придржувала до упатството за секој случај за посигурно да се раствори убаво.
Ми треба совет во врска со АД. Бебе е на Хип комбиотик 1 уште од сам почеток, убаво го прифати и првиот месец качи околу 1400 гр. Се уште го пие со мерак ама после испивање и ждригнување веднаш почнува да плаче и да кенка. Не е дека дозата му е мала, најаден е, едноставно се раздразнува и не може да се смири. Се мачи да кака по 2-3 дена, кога конечно ќе се искака столицата е добра, златно жолта, ама пак, мака ми е што се мачи и грчи толку многу и не се празни почесто. Ве молам само не ми викајте дека нормално е да не какаат по 4, 5 па и 7 дена, тоа се неиздржливи маки според мене. Прашањето ми е дали е можно да има запек од Хип? Сакам да сменам и да се обидам со БејбиЛав, но многу ми е страв да не му е уште полошо... Инаку давам Ваја пробиотик и кога му е многу лошо по неколку мл од Нрс Харви сирупот...
Vo hipp kombiotik ima probiotil, moze ne bi trebalo plus da davate. Jas samo prviot mesec davav, kolku e dobar tolku I los e :/
Родено 48, сега 60. Инаку знам дека има пробиотик тоа го прашав и педијатарот ама ми рече ако има давај си плус. Јас веќе не му давам…
Не сакам да давам совети од страв дека за бебче се работи ама да пробаш да не му даваш пробиотик? И моето се мачеше така со какање со Биогајата, а со Ваја пак многу ми плачеше… Сега само навечер некогаш кенка и јас сакав да ја сменам Хипп ама педијатри ми рекоа штом накачува на килажа не менувај… И се мислам сега… Јас би Аптамил.
Со хип комбиотик ептен ми плачеше на почеток кога беше на комбинирано први неколку недели и земав на бејбилов 1 чисто за проба бебе ем качуваше килажа солидно ем без грчеви беше и какаше редовно и супер си беше. Топла препорака за бејбилов.
Како какаат вашите бебиња што пијат аптамил 1. Последните 4-5 дена почнува да пие и на пола шише се кака па не сака одма да го допие. Побарува уште малку пред да заспие. Се мислам можно ли е веќе да не му одговара?
I moeto taka, na pola go turka so jazikot, I se kaka, pa posle prodolzuva ako mu dadam posle kakanje... Ama toa samo ednas vo denot koga kaka.
Мајки да прашам дур имам повеќе време додека не е дојдено бебето. Првото ми беше прематурче па имав доволно млеко од почеток. Ова здравје ќе си биде поголемо, сигурно ќе пие повеќе. Што правевте на самиот почеток додека да се воспостави лактација? Дали го стававте на града почесто или дававте ад? И дали на истото хранење му придававте ад или еднаш на града па после ад? Не знам како ќе знам дали му е доволно, колку исцицал... Со прематурчето се измолзував и знаев колку испил.
Јас имав лакомо бебе. Слушајќи ги педијатрите правев 10мин на една па 10 мин на др града и потоа АД, но така само се зафркнав зошто млеко не ми надојде и бебето брзо се научи на шише. Ако сакаш исклучиво да доиш и ако ти е возможно држи го што повеќе на града.
Можно е, бебе имаше големо мака бевме на хип до 11 месеци. Какаше редовно, ама со мнппгу плачење, стискање, и обавезно со моја помош, сам не можеше. За да почне да се стиска и да не кака по неколку дена. Секојдневно беше на суви сливи, авокадо, се што прочитав пробав ништо не помагаше. На крај го сменивме и млекото со аптамил и конечно му се среди столицата. Има уште плачки зашто е исплашен веќе, психички му е проблемот. Ама дека-дека и поредовна и по безболна да кажам, отколку кога беше на хип. Смени го додека е уште рано, да не му направиш психичка траума како што јас направив. Не можам да си простам уште.
Исто како atz1995 исто се зезнав со оглед на тоа и дека со силиконска доев. Штом и тогаш си имала за иЗмолзување значи ќе имаш доволно млеко, но на почеток можеби ќе се одмолзуваш од едната додека цица од другата зошто јас имав терминско бебе ама не стигав да го ставам на другата зошто од едната се најадуваше, а беше цело време плачливо бебе до 1 година али совет од педијатар давај му гладно е, уствари не е гладно само има грчеви и близина бара. Затоа најдобронамерен совет нека цица од едната па после 15-20минути префрли го на другата ако не сака тогаш измолзи ја и замрзни го млекото не му давај шише. Реално ад се дава дур да ти надојде млеко кога ќе дојде само града форсирај, колку и да цица и да бљуцне и да му дадеш шише пак ќе пие од шишето. Ако не ја следиш на инстаграм doenje_so_ljubov започни баш вчера имаше ставено пост за твоево прашање.
Тоа само ми е страв како ќе се снајдиме на почеток, бидејќи со првото после 10 дена си заминавме дома, а јас од 3тиот ден се измолзував, па кога дојдовме дома веќе имав доволно млеко. Ја заследив страната на инста, фала ти.