1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адаптирано млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 12 јануари 2013.

  1. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Фала ти @Brpbrp најмногу:l:
    Незнам колку смеам максимум да му давам. За додуша матичниот ни рече колку ќе ми бара толку си знаат сами колку им е доста, ако е вишок или ќе го поврати или ќе го искака.
    Патронажната ми рече варди со ад сепак е кравјо млеко не е како мајчино.
    Затоа и паника ме фаќа
     
  2. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    6.311
    Пол:
    Женски
    Ќе даваш колку што му се јаде на бебе. И шо ако е на кравја база? Бебе гладно ли да ти седи? Свашта
    Арно ти кажал доктор. И мене така ми кажа. Имам големо бебе. Ми беше страв дека многу пие.
     
    На atz1995 и l-a-d-y-di им се допаѓа ова.
  3. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.495
    Без гајле битно е бебе да напредува да си има убави столици и најбитно да е среќно и да нема мака. Ако му е многу стварно ќе поврати еве јас на мојава и давам 100мл мајчино и нареден оброк 100мл ад ако дадам од било кое 2 по 120мл ми ги повраќа зошто и се многу. Ако е кравјо млекото сепак е адаптирана формула за бебиња не му даваш ти директно од крава и не му даваш 2л млеко на ден. Порано ги ранеле со вода и шеќер од што немале тоа поарно да не било? Не се стресувај и уживај со бебе :l:
     
    На l-a-d-y-di и јolene им се допаѓа ова.
  4. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Еве до дега имаме испиено 1л, а почнав да запишувам од синоќа од 23 часот.
    Беби спие најаден, не е нервозен како претходниве денови.
    До кај 23 би требало уште еднаш да стане искрено се надевам дека не е мн млеко.
     
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    6.311
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што толку мали бебиња не знаат за доста. Секоја мака што си ја имаат ја манифестира со храна и нон стоп само бараат да јадат. Мојата на месец ипол два, па и во сред лето, постојано јадеше. Не три саати пауза, она секој два пиеше мислам. И после ќе се прејадеше и ќе исповратеше и тек тогаш ќе заспиеше.
    Хаос беше. Ама затоа преку ноќ странуваше само два пати да јаде. Па скрати на еднаш.
    Така да може ако добро се најало преку ден, да не ти бара преку ноќ.
    Сметав и јас едно време оти и мене многу ми се гледаше. До кај литро одеше исто. Башка може и скок ве фаќа.
    Ако спие сега не го буди по секоја цена. Може ќе си поспие и повеќе.
    Како што реков, прашував доктор, рече дека нема такво нешто како дебело бебе и дека е ок да си пие колку сака.
    Она е 9 кг бебе на помалку од 6 месеци. И долга е. Ама има и татко од 190+цм. Значи генетски е големо бебе. И башка е постојано активна. Од бебе од раѓање што се вели, она нон стоп крева раце и нозе. Сега веќе се игра.
    Нормално дека не се исти потребите со помало и помирно бебе.
    Имаше една формула беше демек 150 мл по тежина на бебе, е оптимално за него. Ама ко што реков остави бебе да се најаде. Па ако ти е сумливо прашај доктор пак.
     
    На l-a-d-y-di му/ѝ се допаѓа ова.
  6. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.030
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    Исти сме и ние. Нема 5 месеци, а има над 9кг. Долг е носи алишта за година. Нема бранење колку сака нека јаде. Не можеш да ги залажеш бебиња се.
     
    На l-a-d-y-di му/ѝ се допаѓа ова.
  7. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Не е некое големо бебе, 5 недели сме 4400, барем не сме со мишелинки
    Можи и од грчевите што го мачат и си бара
    Цела среќа што не повраќа, вишокот си го кака.
    Иначе секоја недела го мери докторот и отприлика по 300 ГР неделно качуваме
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    6.311
    Пол:
    Женски
    Толку беше и моето на таа возраст :)..ама со оглед дека дехидрирана ја донесовме дома и губеше на тежина, оти пробував и форсиравме уште од болницата ексклузивно доење, среќна бев. На скоро три месеци ја дуплира и почна да расте во должина.
     
    На l-a-d-y-di му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.495
    5та недела има скок може затоа и бара толку наредниот ви е 8ма недела :)
     
    На l-a-d-y-di му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    4.957
    Пол:
    Женски
    Може не сум во право, меѓутоа на моја пријателка и беше советувано да почне со вкусови и за кратко со оброк веднаш на 4 месеци затоа што бебето пиеше литар или повеќе млеко.
    Нив границата од литар им беше кажана како горна што смее во ден да се внеси.
    Сепак најдобро совет со педијатар.
     
    На l-a-d-y-di му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.495
    Точно е ова ако не напредува со килажа и ако премногу млеко пие порано се воведува оброк.
     
    На Mihaela123456 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    4.957
    Пол:
    Женски
    Коментарот ми беше во смисла на 1л млеко јас знам како горна граница што смее да се внеси и тоа нив им кажаа за бебе од скоро 4 месеци.

    За бебе од 5 недели лично мислам дека е премногу млеко.

    Ние се водевме по формулата тежината на бебе по 150мл по кг.

    Значи ако е бебе 4,4 кг по 150мл. Околу 660мл во деноноќие млеко би било тоа
     
    На Tiny Love му/ѝ се допаѓа ова.
  13. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Знам дека е многу,
    Пишав и погоре доктор вика давај колку што вара- најверојатно треба да барам второ мислење.
    Цело време млеко бара, ако му дадам чајче или лажалка уште повеќе вреска.
    А врескаме дење ноќе за млеко.
    Стварно незнам што да правам, затоа и пишав тука за повеќе да споделат искуство посебно со ад.
    А за вкусови здравје од 4 месец ќе починаме.
    П.С. Кога ќе кажам дома дека плаче беби дека не спие дека е нервозен…. ММ и свеки уште ми викаат што сакаш ти бебево само да ти спие
    Стварно голема подршка имам
     
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.495
    Треба да следиш дали плаче баш за млеко или друго да пробаш со цуцла лажалка да одложиш време на јадење. Или да пробаш со Новалак 1 да видиш разлика.

    Да ама они не пијат регуларно млеко туку против грчеви зошто со друго млеко имаа грчеви затоа и по толку пие.
     
    На l-a-d-y-di и Miss_S им се допаѓа ова.
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    6.311
    Пол:
    Женски
    Не давај чај. Нема потреба. Не се дава чај на толку мало бебе. Непотребно се оптеретуваат бубрезите. Доволно а АД. Сега сте во скок и бара повеќе..
    Види ден два како ќе е ако му даваш колку што сака, па ако постојано пие многу, прашај пак педијатар и консултирај се. Ама да, не плачат и секогаш за јадење иако му рачињата во уста.
    Мене лично најтешко ми беа првите два месеци. Знам на 5-6 недела завршивме на итна, па ни кажаа дека бебе има најверојатно нетолеранција на кравји протеин. Откако сменивме со холе козјо, една недела и требаше да се потсмири, од тогаш нит грчеви нит плачки, нит проблем со каки. Знаепе уште да повраќа, ама тоа беше од рефлуксот.
    До 4 месеци цицаше и добиваше формула. Јас не јадев млечни ради неа. Од 5 месец е само на ад. И сега пие да не речам, колку шо пиеше тогаш.
     
    Последна измена: 31 декември 2023
    На l-a-d-y-di му/ѝ се допаѓа ова.
  16. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Синоќа само плачеше и не бараше многу млеко, сам си под намали.
    Вчера цел ден и цела ноќ да вришти, и сила веќе немам.
    А вчера и јас читав за холе посебно козјото но некако ми е ризик повторно да му менувам.
    На почеток бевме на хипп и во 2-3 недела му сменив на новалак ас.
    Кога го почнавме неколку дена се потсмири ја и пак истото, само од ова како ненаситен ми е.
    Купив и обично новалак се мислам дали да дадам ради грчевите.
    Колку време сте на козјото?


    П.С. Среќна Нова на сите
     
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    6.311
    Пол:
    Женски
    Леле иста мака тргавме и ние.
    Во болница доби аптамил. После два дена упорно нудење на града, бабицата се смилува и и даде аптамил. Во Германија сум породена, бебињата се со мајката од сам почеток и се форсира доење. Не се дава дохрана.
    Дома продолживме по наредба од бабица со дохрана. Аптамил исто. Плачење. Блуцкање. Какање по 100 пати. Блуцна со кафеави кончиња.
    Сменивме на атамил ха. Исто и бетер значи со повраќање и плачење.
    Ајде бабицата ни предложи друга марка млеко. Зедовме на нестле бебе антирефлукс. Не повраќаше ама почна да се мачи со какање, се додека еден ден не искака малку крв. И плачки цел ден. Знам дека тие два дена приев риностоп и тајлолхот и не доев оти имав вирус. А сама дома со бебе, морав да изберам да не дојам..ама бар дете да можам да си гледам со помош на лековите.
    И тогаш право на итна. Докторка се посумја дека е од кравји протеин и дека со доењето ја малку сум и помагала.
    Престанав јас кравји продукти да јадам, они формула ха ни рекоа да земеме. Ама пошто Аптамил ха не ни помогна, јас одлучив на козја база директно да смениме. Од негде 6 недела, веќе имаме друго дете дома.
    Еве и јас имам уште нестле ха и нестле антирњфлукс млеко дома. Стојат така.
    Некои успеав и да вратам.
    Еве веќе 5 месеци веќе не сме смениле млеко. И јас препородена и дете најадено и наспиено. Плачките станаа значително помалку. Сега она не ни плаче веќе.
    Ама не мора да значи дека и кај вас е тоа. Најтешки се околу 5 до 8 недела. После се смируваат.
    Скапо е холето. Ама за нас беше спас. Не знам ти одлучи дали би сменила уште еднаш.
    Ја си реков, здравје и за второ ако дава бог, со холе козјо у болница на пораѓај ќе одам :D.

    Среќни празници!
     
    На l-a-d-y-di му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.621
    Допаѓања:
    44.703
    Пол:
    Женски
    И ние се помачивме со Аптамил, не му одговараше на бебе. Немаше со денови какано, константно гасови, плачење. Сменивме на Новалак, дефинитивно повеќе му одговара.

    Туку сакав да прашам, кои се знаците за нетолеранција на крајви протеин?
     
  19. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    И вие сте се изнамачиле, но добро што поминало.
    Малце ми е страв на своја рака млеко да сменам а докториве се научиле ќе помини издржете- типична македонска работа.
    Кога му го сменив од хип на новалак се познаваше дека се грчеви се виткаше, црвенееше попладне и навечер
    Сега вришти после секое јадење, ќе се изнаплачи и ќе заспие во раце.
    Фала ви девојки на сите стварно ми значи вашата подршка
    Ве гушкам
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  20. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    6.311
    Пол:
    Женски
    Издувано меше, повраќање по јадење дури и со крвави конци, крв во столица. Постојано какање, незадоволство и плачење кај бебе.
    Кај нас овие беа.
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.