1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адаптирано млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 12 јануари 2013.

  1. Buck0

    Buck0 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2022
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Дали за ад користите флаширана вода и дали и таа ја превривате или само ја загревате?
     
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.495
    Флаширана, јас имам ставено филтер на чешмата и таа ја користам. Само ја загревам не ја превривам.
     
    На Buck0 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Buck0

    Buck0 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2022
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Мислам дека флаширана нема потреба да се преврива ама да си прашам
     
  4. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.495
    Дечкото што ни ја монтираше чешмата со филтри ни кажа вака. Флаширана вода е добра само онаа кој ја нема во балоните од по 5 литри и нагоре како Горска и другите. Не дека другите се лоши али најдобри се тие до 1.5 што имаат шишиња.
     
    На Buck0 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Buck0

    Buck0 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2022
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Не ми е проблем да превријам ама некогаш за побрзо ми беше дали можам да ја затоплам само.
     
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.495
    Да :)
     
    На Buck0 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.030
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    Јас користам роса и ја превривам. Мислам дека не мора ама така почнав и така терам.
     
  8. Buck0

    Buck0 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2022
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    И јас Роса ама не ја превривам се надевам не е грешка :)
     
  9. Lilkaa

    Lilkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2023
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    620
    Пол:
    Женски
    Флашираната вода само се затоплува не да преврие бар јас така и давав на малата ко беше бебе прашај си во аптека мојата беше на HIPP.
     
    На Buck0 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Beunique555

    Beunique555 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Колку милилитри Аптамил се дава на бебе од 20 дена? Ми рекоа 3 пати дневно + доење.
    Но не ми е јасно дали 30мл или 60мл три пати?
     
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.495
    60мл
     
  12. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.382
    Допаѓања:
    9.587
    Пол:
    Женски
    Зависи колку млеко имаш, толку мало бебе би требало да пие по 60 мл, но ако го доиш +прихрана веројатно 30 би му биле доволни. Види по самото хранење ако бара уште значи нема доволно млеко, ако одбива да јаде после цицање значи имаш доволно млеко.
     
  13. Sinooka-1989

    Sinooka-1989 Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Машки
    Dali ima nekoja mama Sto koristi AD mleko NAN optipro 1,SE podaruva od 400 grama neotvoreno so rok na traenje 03.2025. Skopje
     
  14. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски
    Бебелан 2 од кога почнавте, дали веднаш со 6 месеци или после 6 месеци, аптекарката му рекла на маж со 7 мес, ме стави во дилема на кутијата е од 6месеци.
     
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    6.311
    Пол:
    Женски
    Не бебелан, ние друго користиме. Ама и јас уште не сменив. Наводно во следната формула што е, има повеќе скроб и е наменета за помалку оброци на ден, на пример само 3 шишиња.
    Е арно ама, моето уште пие 5 пати на ден млеко, оброк се обидувам да и воведам. Еве два три дена да кажам јаде еден. Ја најадува уште оваа форумула и ќе терам вака се додека не и воведам два оброка или додека ја најадува доволно. Од прилика да, до кај 7 месец ќе фати сигурно. Сега е 6+.
     
    На atz1995 и no name5 им се допаѓа ова.
  16. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    4.957
    Пол:
    Женски
    Од 6 месеци. Фактички од 6 месеци и некој ден бидејќи имавме залиха на 1ци. Прво тие ги трошевме, па преминавме на 2ка.
     
    На no name5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Beunique555

    Beunique555 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Дали постои помала кутија Аптамил 1 за да не се фрла после 1 месец големата?
    И зошто не смее да се користи после тој месец истата?
     
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.495
    Нема помала, Аптамилот искрено на некои и после 3 дена им се расипува, а не пак после 1 месец.
     
  19. BadKarma94

    BadKarma94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2021
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Како почнавте со 2ка Формула?
    Бебе за 5 дена полни 6 месеци, сакам да се префрлам на 2ка, но пишува за 2 до 3 оброци на ден на кутијата. А моево пие сега по 5. Не е уште до немлечен оброк стасана. Се плашам да не и е малку, тоа прво. А второ прашање дали наеднаш се префрла на 2ка или има некаков период на адаптација?
     
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.821
    Допаѓања:
    19.409
    Пол:
    Женски
    Зашо 2-3 оброци? Кое млеко го користите? Јас по кутијата никогаш не сум се водела, гледав бебе шо сака и колку :)
    Имаше некој начин, почнуваш со едно шише двојка, па постепено сите оброци ги менуваш. Така нешто мислам, ама не памтам убаво. Одамна беше. Јас имав малку од 1 и купив 2, и дадов 2 да проба - го бендиса. Го дотрошив кецот и продолживме на 2ка. Ама не знам колку е правилно тоа :D