1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адаптирано млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 12 јануари 2013.

  1. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    4.739
    Пол:
    Женски
    На 6 месеци преминавме на 2ка, си продолжи со 5 пати млеко како и претходно и 1 оброк. После со воведувањето на оброци, намалувавме на млеко.
     
    На BadKarma94 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BadKarma94

    BadKarma94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2021
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Babylove го користам. Пробав разни, ова најмногу и одговараше.
    Фала ти, ќе пробам така со комбинација на двете на почеток. Така и јас си мислев.
    Фала ти
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.577
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам оваа слика најдено на интернет, но сега ме замисли Jolene со тоа дека од 2ките се пиело помалку шишиња. Ние сме далеку од оброк а бебе полни 6мес за 15 дена.
     

    Прикачени фајлови:

    На BadKarma94 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.292
    Допаѓања:
    5.743
    Пол:
    Женски
    За да ме тагнеш ј е кирилица, другите се на латиница.
    Јас не го измислив тоа, туку на кутијата од млекото кое моето го пие така пишува. Конкретно пие холе козјо и на двојката стои препорака 2-3 пати на ден по 210 мл. Сигурно има зошто производителот го препорачува истото.
    Е сега јас читав на една германска страна, која во моментов не ми текнува која беше за да ја наведам, а и искрено тотално небитно е, оти не ми е намерата да се надмудрувам и докажувам, туку само споделив што прочитав.
    Според тој извор, двојката млеко содржи повеќе скроб и од таа причина е потешка за варење кај бебињата..и доколку единицата го најадува, тогаш подобро е да не се менува форулата на 6 месеци, туку покасно малку, откако има бебе веќе воведен оброк. И за мене прави смисла.
    Друго, која е смислата од 6 месец? Значи бебе пие до денес млеко 1 и од утре прави 6 месеци и треба магично да смени, преку ноќ на двојка, оти така сме чуле или сите така прават?
    Не. Секое бебе е индивидуално и различно напредува и различни потреби од храна има. Тоа од 6 тиот месец е само една просечна вредност. Водете се по бебето!
    Друго што произведувачите го земаат во обзир е и препораката за воведување на храна во одредени земји. Е сега, јас користам германска формула. А и од вас многумина исто.
    Е арно ама, дали знаете дека во Германија се препорачува да се почне со вкусови на 4 месеци и воведување на оброк е веќе на 5 месеци, па до 6 месеци сигурно си веќе кај вториот оброк. Исто оброкот кој прв треба да се воведе е ручек, па вечера, па доручек на крај. Честопати и препорака за одредени бебиња е на 6 ипол да се почне со сите три оброци.
    Дали и кај нас е така?
    Или сите почнуваме со вкусови околу петиот месец?
    Од тука МЕНЕ ми прави смисла да почнам покасно со девојката и МОЕТО бебе сѐ уште се најадува од единицата, па ќе почекам барем додека изоставам 300 мл млеко на ден. Значи околу оброк ипол -два.
    Кој како сака, така нека прави. И ве молам моето мислење да не се зема здраво за готово, оти не ви ги знам бебиња и не сум педијатар.
     
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.494
    Убаво кажуваш тоа се препораки само за пиење на млеко. Некои не ни пијат толку. Еве јас бев сведок моео дете да исфрли млеко на 9 месеци не сакаше преку ноќ едноставно. Среќа па веќе имав воведено оброци а почнавме со вкусови точно од 4 месеци и тоа ми беше најисправната одлука што ја имав направено, зошто појде во градинка таму 4 оброци имаат во рок од 8 до 15 часот.
     
    На LiquidLuna и јolene им се допаѓа ова.
  6. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.577
    Пол:
    Женски
    Само те спомнав зошто прв пат го слушнав тоа и добро е што го кажа. Прочитав и истото го пишува и за Аптамил 2 дека е дозволено 3 шишиња. Секако дека ќе се консултирам со педијатарот, но сепак го сметам форумот како добро место за споделување совети и искуства :)
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.494
    Најубаво е да си преминеш од единица на двојка да не мешаш млека. Завршуваш со единица и после почнуваш со двојка, веќе кога имаш воведено оброк и количина поголема на млеко пие немаш веќе потреба од единица префрлај на двојка. Зошто 3 оброка се по повеќе милилитри не се по 90мл пример :) и веќе им се знае на 6 месеци на колку време му е дремка и колку ќе дреме и кога јаде.
     
  8. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.577
    Пол:
    Женски
    Па за моето не важи баш тоа. Како наполни 4 мес скроз смени со јадењето. Пред тоа си пиеше 150 од еднаш, а сега веќе скоро 2 месеци ми ги делка шишињата. Сака 90 па кака, потоа пред да заспие уште 90 или 60. Единствено навечер пред да заспие испива 180ка. Преку ден сака да си пие почесто, а помали дози. Не знам зошто така.
     
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.494
    А со вкусови почнавте?
     
  10. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.577
    Пол:
    Женски
    Почнав после нова година има пробано јаболко круша банана морков батат авокадо тиквица. Не е нешто презаинтересиран далеку сме од оброк.
     
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.494
    Ако не ти напредува во тежина тогаш воведи. Он треба повеќе млеко да пие не така да го цепка.
     
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.494
    Ми требаат ваши искуства со Бебелан и Модилак некој кој ги има користено како сте задоволни?
     
  13. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.577
    Пол:
    Женски
    напредува тој 9.3 кг на 5 месеци само јас сакам да почне и да јаде по нешто :D
     
  14. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.134
    Допаѓања:
    18.239
    По колку мл млеко давате на 6 месечни бебиња?
    Бебето е доенче,но периодов ми е намалено млекото и земав ад Новалак 2. На кутијата пишува од 6-12м 210мл на оброк. Направив толку, он испи околу 100мл.
    Не знам колку е препорачливо баш за 6м ,поточно 6ипол месеци има.
     
  15. BadKarma94

    BadKarma94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2021
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Јас давам сеуште единица, по 180 мл. Утре полни 6 месеци. Ретко навечер по 210 и тоа не го допива цело. А од двојката по 1 оброк давам овие 2 дена и тоа по 150мл. Дека тоа поретко требало да се дава, па полека да ја навикнам. По многу тумачење и консултации одлучив дека на 6 месеци ако нема оброк немлечен подобро е уште малку комбинација 1 и 2. Дека е брзо да се намали од 5 на 3 оброци млеко. Не знам за новалак ама на бејбилав пишува на двојката од 2 до 3 шишиња, затоа вака комбинирам.
     
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.134
    Допаѓања:
    18.239
    Не знам,навистина немам никакви познавања околу ад млеко,и првото дете и ова до сега ми е на доење.
    Значи околу 150мл би му било таман, да знам за следниот оброк ако не успее да цица. Фала
     
    На BadKarma94 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. n0Limits

    n0Limits Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    По колку мл давате на бебиња од околу месец дена кои се исклучиво на адаптирано млеко?
    И по колку пати дневно
     
  18. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    4.739
    Пол:
    Женски
    Бебелан користиме од кога е родена. Супер си напредува. Освен нели цената што е меѓу поскапите. Кај мене повремено пробуваме и со други. Пример BabyLove, остануваа грутки од млекото не сакаше ни да го помириса.
    Novalac, подобро се раствора пиеше ама не како ова што си го пие. Веќе сум во план и 3ка Бебелан да земам и да си продолжи да си пие такво. Секако по 2-3 шишиња пие, почесто 2. По 180мл пие кај мене. Еве полна година има, не сме дале повеќе од тоа.
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.494
    Сепак појави алергија на лактоза од поскапите најскапото моравме да го земеме на Новалак алернова 400гр 1300 денари златото е поефтино.:drunk:
     
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.729
    Допаѓања:
    18.487
    Пол:
    Женски
    Ватафаааак... :o :o :o
    Мене ми се слоши од ценава :x