Мајки, дојдов да ви пишам само дека ЈАНА вода полна е со бигор. Никако не давајте на бебиња не превриена. Сега видов во апаратот готвач на пареа, пун е со бигор а од неа ставам. Ја преврив, матна е!!!
Мајки Ние сме 9,5 недели и сме на новалак АС Грчевите ни се намалија а денес приметив дека витамините Д го зафркава И педијатарот ми рече дека е можно да е од него Прашањето ми е кога да почнам да му намалувам капки од колиеф и кога да почнам да му воведувам обична формула
За формилата консултирај се со педијатарот но за капките нас тие не ни помагаа па сменивме на бекутан анти колик и од тие му беше подобро , (ни сирупот нурсе х.... ) така да пробај со други капки ули пробај намалувај ги...
Здраво, колку милилитри отприлика треба да пие 2 месечно бебе? Дали е проблем што кака еднаш на 3 4 дена, само на адаптирано млеко е. И едно поглупаво прашање, каката и е со нормална боја жолтеникава но низ неа има како парчиња бели ситни ептен како точки дали е нормално?
Следи ја каката да не се зголемуваат белите точки обично треба да биде златно жолта или сенф со внатре парченца како сусам. Кај нас беше иста таква златно жолта со бели со тоа што после тоа се зголемија а тоа е несварено млеко. Иначе 120мл треба да пие од 2 месеци но се е индивидуално од бебе до бебе.
Таква е каката и кај моето, како сенф со парченца како сусам, како што напиша. 120 мл на три часа? И дали е во ред што кака на 3 4 дена?
Уште едно прашање После хранење по некое време можеби по половина час некогаш час, враќа храна. Не можам да го наречам повраќање, бидејќи е малку како и течи од устето, не е многу количински. Некогаш е чисто млеко, некогаш како плунка со парчиња ситни ептен, тоа нормално е?
И тоа е индивидуално пробај дај помалце и види дали истото ќе се случи. Ако се случува и со помала количина тогаш разговор со педијатар.
Земај на хип инстанткашите во кутија имаат ад млеко внатре со вода ќе ги растваш. Мој совет пробај прво со тие од тегличка што се да видиш да не му прават грчеви па после ќе си земеш ти ќе си ги раствараш.
И кај мене знаеше водичка да и истече или засирено млеко или пак млекото што само што го испила и тоа од 120мл. Сега пие 150мл според упатството и не повратила ниту еднаш и каката и е мазна без парчиња.
Предходно на бејбилов сега Новалак алернова ѓавол и пол е ама искрено вреди за сите пари. Имаш и на аптамил од истиов состав иста цена се само пак ќе кажам следи и консултирај се со педијатар можеби не му прија на бебе тоа млеко.
Ќе разговарам баш. За овие работи разговарате со матичен педијатар на бебе или со педијатар каде што ги носиме на вакцини?
Земал маж ми веќе Хип Ад 2ка, се така се полетува без да праша. Му направив прееска за пиење да видам дали ќе сака, ама го плука. Кој тек ќе лаже скоро 10 месечно бебе да пие ад не знам. Се надевам во каши ќе го сака.