Давај Ад додека пие ад. Пред 1 година не е пожелно да се воведува обично кравјо млеко. Ова прв пат слушам од тебе дека не се пробува во лето. Адаптираното млеко не е преработувано по 5 пати додека тетрапак млеката се.
Нема потреба од битолско според мене, и тоа за зима/лето... Прв пат слушам.. ќерка ми е 2г и месец и ќе пие АД се додека сака, нема потреба од тетрапак
Здраво, не знам дали е соодветна тема, но сакам да прашам три прашања. 1. Како пресметувате колку треба да јаде бебето? (Само на адаптирано е моето, 3 месеци, 5 750 кг пред две недели) 2. Што да направам за ноќе. Заспива околу 8-9 часот. Врзува 4 5 сати, некогаш се буди во 1, некогаш во 2 за јадење. И давам одма но е будна, се расонува, потоа и треба 40тина минути да презаспие. Како да го средам тоа да не се расонува? Откако ќе заспие наредно пак врзува 4 часа. 3. Дали ги преслекувате ноќе? (Ако не се какани) ми се има случено последно да ја облечам во 9 и дури сабајле кај 7, и има прокиснато. Со различни памперси е пробано со сите исто, па морав да ја пресоблекува некогаш ноќе. Ви благодарам
Не пресметувам. Давам колку сака да јаде. Некогаш повеќе пие, некогаш помалку. И мојата е секако будна по пола саат барем. Ама тоа е. Не е исто града и шише. Додека спремиш она ќе се расони. Ќе скрати евентуално после еднаш само да јаде на ноќ. На три месеци додуша ми заспиваше на јадење. Сега прво муабет си правиме па после заспива . Ја пресоблекувам сеуште. Седум месеци скоро. Прво правам млеко, пресоблекувам дете, она се лути, ама не ми се остава со мочкана полна пелена. Давам млеко. Гушкам и легнувам. Некогаш ќе заспие во креветче некогаш, до мене кога е порасонета. Тоа е.
Ние сме 11 недели и навечер кога ќе стани за млеко се случува и сат два да си игра Се надевам дека ќе се средиме, а за пресоблакање мојов мора нема шанса да призаспие со мочкана пелена,
Многу е тоа. Треба да научи дека ноќта е за спиење, а денот за игра. Вака два саати игра му е како ден, цел прозорец на будност. Држете темно, на брзинка се, ждригај и гаси светло. Пробајте да се успие поскоро. Ќе научи брзо дека треба да презаспие. Нашиот муабет трае 5 мин макс. Ама тоа е дека почнуваат со покомплицирани звуци покасно, па интересно им е да се слушааат.. На неполни три месеци, не. Оти тек регресија ви следува на 4 месеци. Затоа мораш уште сега да се научите на ден и ноќ.
Јас и давам адаптирано во 9 па во 12 обавезно, тоа млеко во 12 го испие спиејќи, не ја чекам да стане бидејќи ми се расоне така А за памперсче пробај пред млекото да и го сменеш да и дадеш и да продолжи да спие или ако и го оставеш наутро накај 5-6 ч смени го А инаку за количината претпоставувам дека сте на 7 шишиња ад во 24 часа, одприлика би требало по 120 мл со 4 лажички ад
Јас давам на 4 часа заспива во 22 или до 23 најкасно ако заспие порано ќе се разбуди накај 3-4. За јадење ако знаеш кога се буди можеш порано да и го направиш млекото и додека врти глава и мафта со раце да и дадеш во сон и ќе продолжи. Последен памперс ставам накај 22 и до сабајле
Има формула но не мора да значи дека треба строго да се држиш за неа, Килажата се дели со 0.7 и се множи со 100, тоа што ќе добиеш толку треба. Отприлика 120-150 милилитри на кило дневно. Значи ако е 5 кг околу 700-750 мл дневно. Мојата не пие толку колку што треба, помалку пие, но гледам барам приближно
@misli_si Ви благодарам многу на сите Сега имаме нов проблем. И давав Аптамил, ама не какаше и бљуцкаше. Вчера бев на педијатар ми даде комбинирано, еден оброк Аптамил, еден оброк novalack IT (што е за запек). Денес откако проба новалак, не ми јаде Аптамил. Сте се нашле во ваква ситуација? Да и го сменам и Аптамилот со новалак 1 што си е обичниот за до 6 месеци комбинирано со новалак IT?
Ако има поминато повеќе од 4 часа обавезно го пресоблекувам. Го легнувам на спална маж ми го држи шишето јас менам памперс во исто време, не се расонува многу потоа го допива заспива и го префрлам во креветче. Ако не е поминато многу време давам млеко директно во креветче без да го пресоблекувам.
Друштво, здраво Да попрашам и тука... Бебе е 6 полни месеци, хранам бебе со измолзено мајчини млеко, смао навечер една доза давам ад, немам за тогаш мое. Ја хранев на барање, а најчесто кога еќ де разбуди и пред спиење. Но, не секогаш го испивсше млекоти па од жал да не го фрлам и го додавав во сон, или додека е будна ќе ја понудам уште 2 - 3 пати. И така испиваше по 800-850, некогаш 900мл, ама на оброк не повеќе од 80-90. Ама сега почнавме и со цврста храна и имам проблем, не дака д ајаде повеќе 50-60гр. За да ја поправам ситуацијава, од понеделникот почнав стриктно да ја хранам на 2.5-3 саати, ама таа и сега ретко испива по 130мл на оброк, само ако е поспана па нема сила да го одбие.. дури и сега помалку јаде, се на се макс 650-700 преку сила ги пие. Денеска екстрем - 600мл има испиено А стомакот и чкрипи за јадење, а ете ја заспа во 20:00 без проблем со последно јадење во 18:00 60мл. И баш е раздразлива овие три дена Како да не препознава дека е гладна... Каков проблем е тоа... Не сум паметна, ама се нервирам.. фрлам мое млеко, кај и така е мачно измолзувањето па уште да го фрлам. Ако има некоја да ме оправи во животот..... Се извинувам на предолгиот пост..
Majki, treba da go prefrlam bebo od doenje vo ad, barem eden obrok bidejki snemuvam mleko i bara da cica na 45min. Probuvame so hipp ne go pie, se gadi i place. Sto da zememe sledno?
Консултирај се со педијатар. Моето има пробано и Аптамил и новалак, двете и се добри ги јаде. Аптамилот е потежок погуст.