Ти пишав и во друга тема 120мл се пијат на 2 месеци бебето ти е гладно до немај каде. значи твоето ако има до 6 месеци треба да пие 150мл вода т.е. 170мл готов оброк. Доколку има 6 месеци треба 180мл вода односно 200мл готов оброк.
Само не зголемувај оддеднаш сите оброци на 180мл. Види прво со 150мл вода, дали ќе го испие и колку ќе го држи. Ние кога зголемувавме количина почнував со две шишиња во ден зголемена количина, па па со 3 итн, додека да ги смениме сите 6. Колку шишиња пие во цел ден? Бидејќи имаш пишано на 2 часа.
Па околу 7/8 додека заспие кај 23 часот плус навечер знае до 2 пати да стане. Ако зголемам првите 2 шишиња да бидат 150, потоа другите 180 така ли ? За навечер да го држи бидејки немаме уште воведено доручек. Затоа мислам дека е гладно и станува навечер
Јас никогаш не сум давала повеќе од 6-7 шишиња, ова без оброк. Е на пример ако биле сите 6 по 120мл, кога сме зголемувале 2-3 дена сум давала 2 шишиња по 150, најчесто едно наутро и тоа пред спиење ги менував. Останатите по 120мл. Следно 3 шишиња со 150, 3 со 120мл. И така додека ги заменам сите со поголема количина. Е сега бидејќи кај тебе се работи за поголемо бебе, можеш веројатно неколку дена по 150мл да тераш додека се навикне мешето на повеќе храна, па на 180 да преминеш. Јас отприлика зголемував на месец дена некаде. Со тоа што на 6 месеци веќе цел оброк имаше кај мене и 5 шишиња млеко. Едит- 7-8 шишиња плус 2 ноќе ако сфатив правилно по 120мл е веќе над литар млеко што е премногу. Гледај и оброк да воведиш за недела, две максимум.
2 ипол месеци сме , по 120 мл му е оброк . Денеска цел ден после пиење повраќа и тоа баш обилно . Ќе ждригне и го држам исправен ама пак .. Обично јаде на 3-4 саати
Каката му е океј сенф боја , 4-5 пати после јадење знае да бљуцне . До сега со Роса вода пиеше е денес баш со Горска му правев ваљда не е до водата .. Сега купив Роса па ќе видам после
Од утре му зголемувам на 150мл само насабајле и навечер или сите шишиња да му бидат исти,а оброк викендов ке му воведам доручек бидејки полни 6м во среда.
Не мораш многу долго да воведуваш плус храна/млеко, само да не му дојде наеднаш шок на организмот и да повраќа. Дај сабајле 150мл и види дали подолго од 2 часа ќе издржи. Па во остатокот од денот може да комбинираш по 120-150. Не мора многу денови, за поголемко бебе се работи кај тебе ама на пример утре 2 шишиња по 150, среда 3 итн.
Сега баш му направив со роса нит бљуцна нит ништо .. плус баш приметив со горската многу пена се правеше со оваа не ..
Јас совет што добив од што ни ја монтираше чешмата со филтер ни рече од купечите води е добра онаа која нема од 5Л балони и поголеми за во диспанзери. Роса е есна од нив. Изворска има во 5Л така да не е баш соодветна.
Здраво мајки еден совет од вас Оваа недела правиме месец но веќе 2 недели сме на Адаптирано млеко Аптамил,супер го прифати одма ама сега 3 дена запек има не може да се кака плачи не спие,капки и давам за грчеви Инфант пробио и Лас Б сируп против запек и плус од денес почнавме со Новалак Ит. За колку дена да очекувам подобрување барем еднаш да кака да и олесни Благодарам однапред за советите
Истиот случај го имавме и ние. Со новалак ИТ се искака после два дена и какаше редовно. Ама моето не го јадеше, една недела максимум, морав да и го вратам Аптамил. Уште две недели ќе се мачиме, па за доручек ќе и давам црна слива. Препорака од педијатар. За 2 недели ќе прави 4 месеци.