И јас почнав од 150мл му беше малце, од сабајле 180мл цело го испи, преминавме на бебелан 2 ваљда не е проблем што наеднаш сменив 6+ сме.
Немаш проблем . Само следен пат држи се до упатството позади на кутијата. 3 оброка смееш да му дадеш од 2ката дали имаш воведено доручек и ручек?
Ти па се ли кажуваш Јас млеко цело сменив на своја рака од шо ме убедуваше педијатарот дека тоа било најубавото, а сметав дека не е. Детево порасна, докторката не знае на какво млеко пораснала Едит: Ова не е совет, да не се изглупира некоја мене да ме слушате жити се
Не само доручек уште имаме , рано ми е за ручек уште. 3 оброка нема шанса да издржи со толку малце незнам како ке биде
Само вие зафркавајте се , ако ве прочитаат најјмајките ќе видите Менување млеко и давање совети без консултација со лекар
Не му ја мисли толку. Еве 13+ месеци уште давам Ад, ни степени сум мерела, ни се замарам. Во итна ситуација и до вода на собна температура имам дадено, си го испи и немаше никаков проблем. За надвор термос со топла вода, во шишињата нејзини дел наполнети со ладна. Плус дозер со млеко. Сме шетале и по 5-6 часа низ град и слично. Едит: Плус една немајка.
Fala ti za odgovorot, isto mw interesira kolicinski kako da mu davam jas vo princip gledam na 3 h da jade , no sea izgleda mu e malku i vristi na 2 h za jadenje i navecer mi stsnuva 2 3 pati . Se mislam da mu dadam pogolema kol no strav mi e da ne mu go rasiram zeludniceto. Inace ima 2.5 mes. A pie po 90 ml na obrok
Ништо страшно јас на мојата секоја контрола различно млеко и кажувам, мене не страв, мечка страв. Единствено што ја нервира е дека мора пак да пишува во картонот. Се зезам Ништо не ми рече. Зголемувај доза слобободно, само не наеднаш, постепено120 па 130 па 140... па 150. Таков совет добив
Вода во термос жешка да држи повеќе, ако си на гости можеш и да ги замолиш да ти ја стоплат. Новалак или хип кога бевме кутијата и кесата ги носев со мене, од аптамилот си мерам по 4 дозерки во кесички, обични од 10 денари за замрзнување, само по 2 ставав да не се скинат, и ладна вода во друго шише. Кога ќе дојде време си мешав на на лице место, и топлината ја пробував на рака. Не мора се со топломер.. отприлика знаеш колку треба да биде топло за пиење, ни жешко ни ладно, за растварање исто од прилика. Сигурно нема да погодиш 40 но да биде меѓу 40 и 50 е сосема во ред. Шишиња имам 3, е сега ако толку не ми стигнат, со вода од термос ги плукнам. Не мора па се да биде по протокол. Не треба до толку да ги чуваме како во стаклено ѕвоно, треба да си ствараат и имунитет. П.С. И за детето е добро да излегувате
120мл на 2 месеци треба да пие. Слободно зголеми. Веќе на 3 месеци ќе треба 150 да пие. Ништо лошо не си направила. Подобро сама ќе се снајдеш одколку да чекаш на дете ептен лошо д аму стане па да ноаиш на лекар па да ти каже смени па нема да има одма подобрување па можеби лошо ќе биде, а ќе треба да тераш да се увиди тоа па ако повраќа да го следиш ао денови колку и како. И детено ќе вришти ќе плаче од мака ама педијатар ти вика чекај. Мислам дека тогаш се активира мајчинството највеќе и веќе си наоѓаш сама солуција. Да одам на доктпр за да му каже е може е ова може е тоа па и вируси да ми испозакачи не фала
Со ад е најлесно да се излезе, чисто шише , термос со топла вода , и ад во дозерка во една ташна и низ врата одприлика знаеш во колку часот треба да јаде а во колку излегуваш од дома па во зависност на тоа ќе ставиш толку топла вода во термосот
Мајки ако бебе ви е на АД инвестирајте во добар термос, дозерки за млеко и шишиња и цуцли. Ќе ви се исплати. Имам 7 шишиња, со околку 10 цуцли. Јас не стасувам да ги измијам веднаш по употреба, па вака еднаш на ден во машина и после на вриење во тенџере навечер откако ќе заспие. За цел нареден ден после цаки цаки ми е. Стерилизаторот го тргнав од употреба, само место ми фаќаше. Бебињата околу 2-3 месеци бараат чинам навеќе да пијат, па после сами знаат да си регулираат колку им е доста. Нормално е. Не можат милите да сфатат што им се дешава, се водат на инстинкт. Треба трпение. Гушкање и многу љубов, давајте да пијат колку им се пие, ќе нормализираат самите. Вистински чуда се. Температура не сум мерела никогаш. Млака вода, некогаш на собна. Кога како било итно.
Феминки, дали тука има некоја чие бебе е 6+, т.е. веќе има немлечна исхрана? Ме интересира кога давате појадок и ручек и после колку време нудите млеко и колку?
Појадок давам накај 11ч. Од денес почнав и ручек/вечера накај 17. Ако не "побара" сам нудам млеко после 3 часа значи накај 14ч.
Еј супер, а колку гр јаде појадок, а колку мл млеко? Почнавте со ручек/вечера со пеобување само или и тоа како цел оброк?