Пиеше по 700-800 ама се будеше и ноќе на 3часа, најверојатно гладен оти се смируваше со млеко. Затоа пробав денес да дадам и ручек со надеж дека нема да се буди цела ноќ. Еве денес од 6 сабајле има испиено околу 650 очекувам дека ќе се буди пак ама можеби и храната ќе држи
Ооф истата мака, мојата јаде појадок 110-120гр накај 11часот исто, па млеко пие околу 13 часот и еве два дена нудам ручек околу 15часот ама одбива.. и ајде пак млеко. Цел ден вкупно има испиено 650, исто.. и еден оброк. А пред да почнеме со немлечна храна, пиеше по 800, 900мл... А сега одбива да пие млеко преку ден. И не знам, може лош распоред имам. Колку јаде појадок твоето, и после колку време нудиш млеко и колку? И дали ручекот е само пробување или цел оброк?
На Аптамил кутијава пишува 5 оброци , е сега тоа е во рок од 24 часа да се дадат тие 5 оброци ? Ако е така тоа му доаѓа негде на скоро 5 саати ?
Добро зошто моево бебче изгледа планира да се праи буцко 5 малку му се Ама доброо некој оброк не ни го пие цел еве прееска му направив 150 мислејќи дека е гладен ( ми остави 40 мл ) а него му се какало уствари
Хахахаха и кај мене некогаш и се фаќаат 6 шишиња зависно од распоред на денот. Некогаш знае во 10 вечер да испие и до сабајле до 6 да не побара а некогаш темпирана на 4 часа.
Vo hippot si ima probiotik, ako nemate nekoj drug problem kako zapek, proliv, grcevi i slicno ne bi davala. Dur davav probiotik imase zapek go prekinav se sredi.
Немаш потреба зошто веќе има во млекото. Ептен ако имате некој проблем со стомакот па тогаш да даваш дополнително
Мајки Наполнивме три месеци, грчеви и можам да кажам немаме На Новалак АЦ сме што мислите да му сменам млеко на хипп комбиотик или предложете друго Само полесно да какам како што имам слушнато многу од формулите им прават запек
Со новалак обичното не можеше да кака Сега сакам да му земам хипп ама незнам дали да го навикнувам постепено пр да почнам со по едно шише хипп додека да дојдеме до сите 6 оброци Што мислите како треба
Дека се од друг производител. Секој производител си има посебно за се. Твоја одлука е како мислиш така како те советувал педијатар така прави.
Два дена давам комбинирано Новалак ац и хипп Синоќа мн плачеше пред да кака и каките му беа слузави Совет од поискусните мајки во недела
Може едното од тие млека да не му одговара. Првото бебе со хип комбиотик рикаше плачеше му сменив на своја рака на бејби лов и немаше гајле. А вие на почеток мака мачевте со грчеви нели. Пособро остави го на новалак ац само и терајте така. Не знам зошто матичната те совњтува упорно да смениш млеко.