Моментално ценава на АД е баш како за хир. Има мајки едвај месец за месец тераат со финансии. И,да. Има мајки што колку и да се мучат немаат млеко. За дебилските работи...
Па знам. Ама муабетот беше као, ако он шетал, а имаат дете, жената ќе имала шо да праи. И викам, а она да шета ти да чуваш дете? Ми вика па треба да го дои. Викам има пумпи за измолзување, или АД. И тука коа почна.. дали ти знаеш шо има у тоа, какви отрови, па шо состав имало, па имало многу скроб. Па не сме сакале да доиме ради изгледот. Ало, мое дете моја работа Викам, сеа не мислам на тоа фала Богу. Кога ќе дојде време ќе истражувам.
Да не знае некој со кога ќе е дефицитарно козјото 2ка на Холе?немам каши со што да му правам, тоа за алергии не го сака, обично кравјо адаптирано не смее.
Ima mnogu deca so se na ad, i jas ne go sakam ic prvo sto majcinoto definitivno e pozdravo, posle moras da stanes da napravis pa nosi so sebe sisinja termosi cuda, skapo mleko, pa ispilo pola frlilo pola. I e daleku potesko od toa da izvadis cickata vo sekoe vreme so topol obrok kaj i da si. Taka da neka ne traumatiziraat dopolnitelno i neka si gledaat rabota. Veruvam deka niedna od nas ne koristi ad od sto i e merak
Јас сум нова на оваа тема. За жал од здравствени причини не можам да продолжам со доење. Почнав со новалак, но не сум сигурна дека правилно го правам. Турам у шишето 150 вода, топла, откако ќе го ставам и млекото ми иди над 150 милилитри млеко, зошто така? Како се прави правилно ако правам негде грешка
Здраво мајки. Ние почнавме со аптамил прематур, се мачеше да кака по два три дена. Како што препорача педијатарот после еден месец сменивме на аптамил 1. Мислев ќе биде подобро бидејќи го пишува дека помага за грчеви и запек, но еве повторно исто. Се мачи веќе четврти ден. Не знам дали е нормално веќе се нервирам, а инаку мешето му е меко и му правам вежби, но испушта само гасови.
Прави со 1 ако има. Реално нема разлика меѓу 1 и 2. Во двојка има само малку скроб и повеќе шеќер. Единицата е најслична на мајчино. Овде и педијатар ни рече дека ако е се ок и си го пие пре(единица) нема потреба да се менува со два. На два пати зедов два, оти немаше од 1, абе го голта лакомо од што е малку поблаго. Инаку без разлика дали од 1 или 2 ќе пие, на исто ја држи сита. Со други зборови, 2 воопшто нема потреба, нит ги најавува повеќе нит бутур. Само екстра шеќерче малку има.
Мајки , за некои ден ќе првиме 3 месеци… прво користевме хипп комбиотик, па хипп ха ама каката беше зелена и сега пиеме аптамил… навечер се буди на 5 саати, а после првото млеко и побргу, има многу гасови… се мислам дека пред тоа спиеше повеќе навечер (со хипп) и немаше толку гасови… дали може да е до млекото… какво е вашето искуство, некој совет?
Аптамилот е потежок за варење можно е и да не му одговара. Види уште некое време но смени му го пробај и друго ако не му одговара