1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адаптирано млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 12 јануари 2013.

  1. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.495
    Со хип ха нормално да е каката зелена не знам зошто сте го смениле освен ако нема цврста столица ептен. И моето е на новалак алернова и зелена е каката. Аптамилот е најтежок за варење така да врати си се на предходното.
    Не, туку најадено си е и си спие мирно.

    Аптамил комфорт е за запек и грчеви не и обичното. Ретко кое дете го поднесува океј аптамилот повеќето се жалат.
     
  2. Ouranio.toxo

    Ouranio.toxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Беше добро и со хипп комбиотик се додека не видов ‘конец’ црн во каката, па педијатарот рече да сме пробале со хипп ха и после почна да и станува каката зелена и да мироса на расипано јајце и сменивме на аптамил….:| Незнам дали ако се вратиме на обичен хипп би имала проблем?!
     
  3. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.495
    Така и мириса тоа млеко затоа што е чист протеин и таквиот протеин и за возрасни смрди на расипано јајце. Каката е зелена од такво млеко не може да биде жолта како и со другите. Ако користите обичен аптамил и нема конци можете и обичен хип да користите но ако има грчеви пак и мака само ха користете.
     
    На Ouranio.toxo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Buck0

    Buck0 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2022
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Од што се тие како црни конци? Имавме двапати и ние не знам дали треба да обрнам внимание на нешто?
     
    На Ouranio.toxo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Coldheart

    Coldheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2022
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Како да знам дали му одговара млекото или не. Со прематур повеќе се стискаше и се мачеше да кака, мислам имаше и повеќе грчеви. На комфорт е веќе петти ден има повеќе гасови, но не се грчи многу. Вчера се искака после четири дена, зелено, докторката ми рече нормално е да е сменето понекогаш. Прво дете ми е и немам појма од ништо, стварно е голема мака ова да немаш млеко па да мораш со адаптирано
     
  6. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.576
    Допаѓања:
    8.464
    Пол:
    Женски
    Neznam dali e zelena kakata od hipp ha, mojata go piese nekolku meseci nemase takov problem. Zelena najcesto e ako bebeto e gladno ili nesto nastinato.
     
    На Ouranio.toxo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.495
    Зелено може и од грчеви да е не секогаш е глад. Со тоа што имало грчеви и не какало нормално е да е зелена. Но ако не одговара млекото смени го. Со првото кога се породив пиеше хип комбиотик имаше грчеви ненормални, со бејби лов немавме никаков проблем. Со второво кога се породив беше на аптамил и пречесто какаше и грчеви имаше го сменов со бејбилов и си какаше 1 во ден али поради алергија на кравји протеин и плус интолеранција на лактоза моравме да смениме и сега си е на новалак алернова. Немој да мислиш дека со мајчино би немало мака. :)
     
    На Coldheart му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ouranio.toxo

    Ouranio.toxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Гладна не е сигурно, на 3ч. И давам, а и настината не е.. правевме крвна слика пред да се вакцибираме и не прегледа педијатар.
     
  9. Coldheart

    Coldheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2022
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Сами го менувате млеко или по препорака на педијатар? Планирам да го сменам аптамил комфортот, педијатарот ми вели да го мешам пола пола со аптамил прематур
     
  10. Ouranio.toxo

    Ouranio.toxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Имаше еднаш црн конец од хипп комбиотик, до тогаш супер си беше и после сменивме одма… сега(со аптамил) ми е чудно што навечер само како да се мачи со гасови, преку ден и правам вежби и 90% така какА(со помош) нз дали да се вратам на хипп?!
     
  11. Emilija28

    Emilija28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2024
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Majki na aptamilot kutijata mi se namokri od nadvor no gledam ima kako aluminium od vnatre, dali moze da se kontaminira mlekoto ili nemoze da propusti. Na misla sum dali da go koristam ili frlam.
    Skroz novo neotvoreno mleko samo casa voda mi se rasturi i se podnamokri od nadvor kutijata
     
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.495
    Ништо не му е заштитено си е затоа е и таа фолија.

    Ако има црни конци ќе има од секое млеко не само од одреден тип на фирма. :)
     
    На Emilija28 и Ouranio.toxo им се допаѓа ова.
  13. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.495
    Јас ради алергијата во контакт со педијатар го сменив иначе со првото сама го аменов зошто од систина форсираат хип само зошто им е спонзор. Мене ако ме прашаш не би мешала така комбиотик со прематур. Ако е проблемот само со какање тогаш највеќе го фалат Новалак ИТ или ако има премногу грчеви тогаш Новалак АЦ. Аптамилот секако е тежок за варење.
     
    На Coldheart му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Missmaza

    Missmaza Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Женски
    Majki dali nekoja koristi Bebelan Ar. Protiv reflux.
    Nie sme na aptamil ar ama cat pat go blucne a so kaka so maki ,ednas vo 2 dena toa drug problem. Pa me interesiraat vasi iskustva
     
  15. Ouranio.toxo

    Ouranio.toxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Мајки вие што имате три месечни бебиња.. по колку мл им давате и на колку саати? Исто и за навечер колку пати ви се бидат и бараат млеко?
     
  16. #£¥₩

    #£¥₩ Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2023
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички
    За 3 месечно бебе колку милилитри во текот на 24ч давате адаптирано млеко?
    Моето пие 6 пати од кој 4пати по 120мл и 2 пати по 150мл
    Поздрав
     
  17. Ouranio.toxo

    Ouranio.toxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Од вчера почнав да и давам 150 и ги пие претежно цело шише… навечер на колку саати се буди твоето?
     
  18. #£¥₩

    #£¥₩ Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2023
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Навечер кај 21ч заспива и во 2ч се буди,го пие млекото и заспива па во 5ч станува пак.
    Колку пати му даваш во тек на 24часа?
    Јас користам Новалак 1 пишува 5пати по 150мл до 4 месеци.
     
  19. #£¥₩

    #£¥₩ Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2023
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Ако одам по пишаното моето секогаш едно шише повеќе пие,сега почнав вака 4пати 120мл , 2 пати 150мл за да не му е многу 6пати по 150мл ми е страв да не и давам многу прво дете ми е и не знам дали добро постапувам вака
     
  20. Ouranio.toxo

    Ouranio.toxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    И мене ми е прво… јас и давам 5-6 пати… сега со поголема доза на повеќе време и давам млеко.. исто на одприлика 5 саати се буди, а после првото млеко навечер може и на побргу
     
    На #£¥₩ му/ѝ се допаѓа ова.