Незнаев каде да пишам... син ми за 5 дена ќе прави еден месец. На почетокот ми фаќаше града, ама за да не плаче му давав од шише одмолзено, сега несака да фати града за жива глава. Секако пробав. Ја измолзувам 60мл на секој саат ипол си ги пие без проблем. Е сега проблемот е што некогаш знам да му дадам и аптамил ако плаче многу. Денес испи 90мл аптамил си спиеше 3 ипол саати, во меѓувреме на едно молзење измолзев 120мл, и после саат ипол уште 80мл. Во рок од 2 саати он го испи цело значи 200 мл мое млеко. И после пола саат почна да плаче, грчеви нема не ги витка нозете ( имаше еден ден ништо живо не го смируваше ) го расоблеков да не му е жешко, го нишкав, му пеев, му зборев, му пуштив фен ама џабе пак плачеше. Му направив пак аптамил 60 мл. Го испи на 3 пати по 20мл со паузи од 10 мин. Во принцип е мирно бебе освен кога е гладен. Е тогаш ништо живо не го смирува, плаче до зајдување ако нема во моментот измолзено или направено. А, кога не е гладен нема шанси да му дадеш капки, чај, млеко било што, ја затвара устата или ја лапа цуцлата и ја плука одма. Како да му комбинирам? Ми е страв да не му е многу јадење. На педијатар коа бев пред една недела ми рече дека супер напредува да продолжам така. Некако многу јадење ми се гледа. Утре ќе го носам пак. Ми рекоа и во чаир сестрите дека е лакомо бебе и педијатарот кога го виде прв пат. А сите околу мене што ги прашувам за совет викаат дека е многу и ќе му ги проширам желудникот. Дајте совет некој зошто се мрднав веќе. Незнам што да правам... дали на аптамил да е само или да му комбинирам зошто нема шанси да е само на мое млеко.
Веќе кога имаш млеко подобро комбинирај.. ако имаш измолзено 120мл може и да можеш постојано да му даваш молзено ако му е малку давај му Аптамил. Знам дека после давање на Ад треба да поминат минимум 2 часа бидејќи тешко се вари. Јас му давам прво молзено отприлика некогаш 90 некогаш 120 зависи колку млеко ќе имам, одма откако ќе ги испие му давам адаптирано во случај ако е уште гладен, и така на секои 2/3 часа.. ако бара уште зголемувај ги дозите. според моето што гледам, ако му е премногу од што е лакомо после краток период ќе го поврати.. мислам дека нема правило за желудничето сепак бебе е треба да напредува. Гледај според бебето не ги слушај другите. Најдобро ти знаеш за бебето
Пак ни се појави црно во каката, од две млека после некое време… сега се мислам да пробам со холе козјо [/QUOTE] Го читам форумов и плачам оти нашите педијатри стварно ама стварно се неписмени. Кога ќе приметите вака во каката од повеќе млека треба да ве пратат на педијатар алерголог или гастроентеролог кој ќе направи оспитувања за детето дали има некоја алергија на компонентите на самото млеко или пак на самиот кравји протеин. Живеев до скоро во србија и сум медицинско лице, работев со советнички за доење и на мене премногу ми помогнаа истите тие во одбирање на млеко и научив милион нови работи.
Пробавме и со хипоалергено и зелена беше каката[/QUOTE] Хипоалергено е делумнохидролизорано и треба каката да е зелена и миризлива. Не значи дека детето е болно или гладно. Тоа треба педијатарот да го објасни на родителит да не се загрижува.
Хипоалергено е делумнохидролизорано и треба каката да е зелена и миризлива. Не значи дека детето е болно или гладно. Тоа треба педијатарот да го објасни на родителит да не се загрижува.[/QUOTE] Се сложувам, вчера баш и пишав и слика и пратив, ја прашав за испитување дали треба да се прави, и ја прашав што мисли за холе козјото млеко, само ми кажа дека е добро и да користиме колиеф капки за растварање на лактазата… памет изгубив и јас, се секирам цело време.
Хипоалергено е делумнохидролизорано и треба каката да е зелена и миризлива. Не значи дека детето е болно или гладно. Тоа треба педијатарот да го објасни на родителит да не се загрижува.[/QUOTE] Да али ради зелена кака на нејзе педијатар и има кажано да го прекине млекото. Нашата семејна докторка викаше дека е интолерантна на лактоза и викам има и други симпѕоми да не е алергија на кравји протеин? Она вика епа тоа ти е едно исто и сфатив колку е саат не може шеќер и протеин да е исто. Господ здравје да и даде на докторката од Систина не оправи.
Да али ради зелена кака на нејзе педијатар и има кажано да го прекине млекото. Нашата семејна докторка викаше дека е интолерантна на лактоза и викам има и други симпѕоми да не е алергија на кравји протеин? Она вика епа тоа ти е едно исто и сфатив колку е саат не може шеќер и протеин да е исто. Господ здравје да и даде на докторката од Систина не оправи.[/QUOTE] Страшноо, ми се плаче колу се неупатени и колку па и не ги занима. Ако им сугерираш одма е леле вие модерните мајки све имате и све знаете
Закажав на педијатар ама термин тек 25ти април, ќе видам што ќе правам. Све си мислам да не му е многу да не го прејадувам, незнам... на крај мислам дека само на адаптирано ќе го оставам. Па и не иде да плаче за јадење. Не сум паметна стварно. Од една страна сите ми викаат нема подобро од мајчино, ама и јас се мачам и него го мачам, друго е града да фати друго е да се шетам со пумпата и да немам ред како што му давам.
Одприлика колку даваш ад толку и мајчино. Мојата пример кога беше на комбинирано мајчино ја држеше 2 часа додека ад 3 часа и така и комбинирав. Ако ти плаче на 200мл мајчино тогаш најверојатно не го држи толку пробај да внесуваш јатки и млечни производи да биде погусто млекото и похранливо.
Јадам здраво, лешници, бадеми јогурт сирење супа, житарки, се што не би му створило запек. Ама некако не ми иде со комбинирање.
Дали треба да се следи дозата според килажата или според возраста на бебето? Пишува од 2 до 8 недели дека просечна килажа е 3-3,5 кг. Ние сме 3 недели и 3,5 кг. Дали да спремам според возраста или според килажата?
Ако е според килажа, син ми нема уште месец дена а треба да пие 150мл, не е тоа многу? Пред една недела беше 4кг, сега сигурно има 4 ипол ако не и повеќе.
Консултирај педијатар. Педијатрите пресметуваат за новороденчиња според килажа. Некои се раѓаат со 2 кила, а некои со 4, не пијат сите исто.
На кутијата на аптамилот така пишува. Јас му давам по 90мл два до три пати дневно. Кога неможам да измолзам повеќе млеко, или ако немам во фрижидер. Ама ако му дадам аптамил, после три саати не ми бара за јадење, а со мајчиното ми бара на помалку саати. Еве прееска испи 110мл мајчино, за саат он беше гладен. Му дадов уште 40мл мајчино и си заспа. Ќе одам на консултација со педијатар пишав и погоре ред неможам да му фатам. Незнам каде грешам
Ако имаш кујнска вага можеш да го мериш и дома и ќе гледаш како напредува. Знам дека е мачно со пумпа но колку можеш давај му мајчино млеко, ако ти врши притисок тоа давај му ад. Кога можеш да се измолзеш давај му мајчино. Не си создавај нервози битно да напредува малото и со едното и со другото млеко растат. Најди си начин што ќе биде подобар за тебе