Не со антирефлукс додека не си сигурна дека е рефлукс. Не на своја рака да даваш, консултирај се со педијатар. Објасни му како што. И моето беше комбинирано и се одби кај 4 месец оти снемав млеко и јас. Те разбрам ептен. Ама ако повраќа, може и млеко не му одговара, а може е и нешто друго.. Мислев дека е помало бебе. Затоа ти реков да форсираш да се доите. Кај нас кога пробавме со холе повраќаше уште, ама мешето се смири не беше подуено. Имаше значителна разлика.
На моето на околу 6м му дадов адаптирано прв пат, како да му беше чудно, правеше фацички, ама го испи цело. Обиди се да дадеш еднаш пред тоа, за да бидеш сигурна дека ќе го пие. Јас би ти го препорачала Babylove од ДМ.
Ќе одам одма да земам, фала ти. Се надевам ќе го прифати.. Ако може да ми кажеш кое Бејбилов да го земам? Читав тоа Бејбилов пре било најслично со мајчиното ?
Искрено не знам, со пре немам искуство, јас почнав тогаш директно со 1, па за кратко се префрливме на 2ка (мислам беше после полни 6 месеци), гледам да ги следам препораките на кутијата. По некоја моја логика, не сум сигурна дали пре ќе му биде доволно хранливо? Можеби не сум во право, навистина не знам, само гласно размислувам. За која возраст е тоа?
Почнавме да се храниме комбинирано. Се одлучув за АД Холле А2 Ме интересира следново после хранење со мајчино млеко по 2 часа и давам оброк АД, после тоа повторно млеко од мене. Па ме интересира дали е ок вака: мое млеко па по 2 часа АД па после 3 часа повторно мајчино. Дали е во ред 3 часа да чекам после АД до наредниот оброк, ве молам за совет, на колку време да и давам. Уште малку 3 месеци, пие по 90мл крајот не ми се знае
Да, пре е најслично со мајчиното и можеш да го користиш и до 6ти месец. Ако нема бејби лав има и дм био пре исто така е одлично млеко
Искрено не знам ни јас, ќе одам после до дм да видам. А смее ли одма со 2ка да се почне? Офф ништо не знам
Можеби најдобро со педијатар да се консултираш. Но како и да е мислам дека и 1 да земеш нема да згрешиш, се сеќавам читав на форумот дека некои членки продолжуваа со 1 и после 6тиот месец (бидејќи 2ката ограничува на 3 шишиња дневно). Дали потоа планираш да продолжиш со доење или целосно да се префрлите на ад?
Ako e refluks vo prasanje odma bi se smirilo povrakanjeto so ar. Mozebi imate netolerancija na laktoza... Ima li drugi simptomi kako grcevi,gasovi, problem so kakata koga go pie toa mleko? Ako e alergija na kravji protein bi trebalo da ima i osip, vcrvenuvanje okolu usta, dermatit. Antirefluks melekoto e za deca sto imaat refluks, a sekoe povrakjanje ne e refluks. Ete i pokraj toa mleko pak povratilo taka da ne forsiraj tuku konsultiraj se so pedijatar i zemi hipoalergena ili hidrolizorana formula. Ima i na Aptamil takvi formuli kako na primer adc pregomin.
Не не, нема ништо симптоми но веќе и го променив со Холе, бидејќи навистина нема потреба од АР да го пие, можеби тогаш само повратила од промената оти беше само на мајчино млеко
Ќе си продолжам со доење, ова ми е највеќе за тие два дена пошто јас правам свадба па ептен ќе ми олесни да можам адаптирано да дадам. Фала ти многу за советите
Ги читам често советничките во една српска група и како што велат нема баш некоја голема разлика меѓу 1и2. И стално да сте со 1 и да почнеш со 2 не е никаква грешка. Моето е доенче и единствено што прифати е Бејби лав. Пробав аптамил, хип претходно. И јас имам траума од мирисот оти бато ми порасна со Хип. Знае ли некој која е разликата со Био? Планирам да земам од тоа. Инцидентно кога има потреба да и дават.
Да баш и јас прочитав на некој амерички сајт дека 1 може да се користи и до 12 месеци и нема потреба да се менува на 2. Го земав 1 на Бејби лав па ќе пробаме деновиве дали ќе сака.
Devojki aptamil posle tri nedeli ili posle mesec dena se frla? Na pakovanje pisuva mesec dena I dali flasirana ja previrvate ili samo zatopluvate?
Колку долго може да трае едно ранење со АД? Пишува дека за еден саат треба да се фрли направеното млеко, ама ние дека со комбинирано и не знам колку е гладна, па правам повеќепати по помалку. Дали е нормално една сесија да трае саат и пол? Знам дека откако ќе заврши не смеам да ѝ дадам пак за помалку од три саати, но дали може едно ранење да трае олку долго?
И ние сме на холле козјо ама сега неможам да го најдам по аптекиве и на нивната страна пишува ‘нема на залиха’ не знам што да земам следно… 4 млека сменивме… од хип и аптамил имаше по еден ‘црн конец’ после месец користење од прилика…